ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Шоу бизНа концертот по крунисувањето во Виндзор настапија бројни ѕвездиНовокрунисаниот британски крал Чарлс Трети и сопругата-кралица Камила вчеравечер беа пречекани со воодушевување од илјадници посетители на големиот концерт во замокот Виндзор, каде што настапија бројни музички ѕвезди.Кралот и кралицата седеа во кралската ложа, во придружба на другите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги принцот и принцезата од Велс и нивните деца - принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Британскиот глумец Хју Бонвил беше водител на настанот на огромната сцена во Виндзор, а во публиката имаше околу 20.000 Британци, јави „Телеграф“. Настапија бројни врвни музичари, меѓу кои и Лајонел Ричи, кој „ги раздвижи“ сите во ложата, оперските певци Андреа Бочели од Италија и Велшанката Брин Терфел, поп-ѕвездата Кејти Пери, британската група „Тејк дет“... А, се појавија и цртаните ликови од „Мапет шоу“ - Мис Пиги и жабата Кермит. Холивудската ѕвезда Том Круз, глумицата од „Династија“ - Џоун Колинс, ТВ-водителот Бер Грилс и пејачот Том Џонс, сите се придружија преку видеопораки. Наследникот на престолот, принцот Вилијам излезе на сцената и одржа говор посветен на неговиот татко кој беше крунисан за нов британски крал во саботата во лондонската Вестминстерска опатија. - Татко, сите сме горди на тебе!, рече принцот Вилијам, пред да ја пофали посветеноста на кралот на круната, како и неговата еколошка и добротворна работа. - Како што рече баба ми кога беше крунисана, крунисувањата се залог на нашите надежи за иднината. И знам дека таа е горе некаде и нè чува и, би била многу горда мајка, истакна престолонаследникот во својот говор, проследен со извици на воодушевување од насобраните луѓе. Во својот говор, Вилијам им оддаде почит и на британските работници и државни службеници, како што се наставниците и болничарите, од кои многумина штрајкуваа последниве месеци. Крунисувањето на претходничката на кралот, Елизабета Втора пред 70 години, беше првото крунисување на британски монарх кое се пренесувало во живо на телевизија. Беа прикажани и повеќе однапред снимени видеа коишто откриваат помалку познати факти за монархот, како и низа британски знаменитости и природни убавини, кои се дел од проектот под наслов „Осветлувајќи ја нацијата“ (Lighting up the Nation). Кралскиот балет, Кралската опера, компанијата „Ројал Шекспир“, Кралскиот колеџ за музика и Кралскиот колеџ за уметност претставија свој спој од театарски и балетски претстави со новата ѕвезда на „Д-р Ху“, Нкути Гатва во новата верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“. Спектакуларно светлечко шоу, проследено со осветлено летало што лебди над Виндзор, беше изведено на источниот тревник на замокот, што е првпат ваков настан да се одржи на имотот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter