МакедонијаНа Комисијата за одбрана и безбедност, измените и дополнувањата на Законот за внатрешните работи и на Законот за полицијатаВо Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.Пред членовите на двете комисии се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, и двата по скратена постапка. Со измените и дополнувањата се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи и се предвидува дополнување со нова работна позиција - началник на Одделот за внатрешни работи - Скопје. Измените и дополнувањата на Законот за полицијата, по скратена постапка, како што се појаснува, се за унапредување на организациската структура на полициските единици, со посебен акцент на територијата на градот Скопје, каде што се потребни поголема ефикасност, подобра координација и оптимално искористување на човечките и материјалните ресурси во Министерството за внатрешни работи поради што со законот се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи - Скопје. - Оваа организациска единица со предложените законски измени и дополнувања добива повисок организациски статус во рамките на полициската структура. Дополнително, со предлог-законот се извршува и терминолошка корекција во однос на криминалистичко-техничките работи - се наведува во образложението на предлог-законот, предложен од група пратеници. Поради потребата од појасно разграничување на организациските единици за внатрешни работи, како и прецизирање на начинот на утврдување на секторите за внатрешни работи и Одделот за внатрешни работи - Скопје, со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи, по скратена постапка, се предвидува дополнување со нова работна позиција - началник на Одделот за внатрешни работи - Скопје. Предложеното уредување на оваа област произлегува од воспоставениот модел во минатото, со кој во Министерството за внатрешни работи раководителот на Секторот за внатрешни работи имал повисока позиција во однос на раководителите на другите сектори. Истовремено, решението ја следи и територијалната поставеност во државата, при што градот Скопје е издвоен како посебна територијална организација во однос на другите единици на локалната самоуправа - се наведува во предлог-текстот. Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска денеска ќе оствари средба со Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16