Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаНа Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕНа Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница.Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ги проследни на натамошно постапка во Собранието измените и дополнувањата на Изборниот законик, откако претходно го усвои амандманот од Левица - кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), а предложеното решение предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи. Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, како и на пленарната седница и на седницата на Комисијата истакна дека со ова решение се прават напори да биде пополнета правната празнина по одлуката на Уставниот суд за укинување на членови од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи, за да се воведат одредени јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначлници и советици од страна група избирачи за да бидат фер и еднакви условите во секоја општина поддеднакво. Тој истакна дека за нив е прифатлив амандманот поднесен од Левица и оти и со негово прифаќање не се менува целта на предложеното решение, а тоа е да се утврдат јасни, фер и демократски услови за претстојните избори. Овој амандман го поддржаа и членовите на Комисијата од СДСМ и коалицијата. За ова законско решение позитивно се изјасни и Законодавно-правната комисија и го усвои поднесениот амандман, по што ќе биде изготвен дополнет Предлог на Законот. Откако двете комисии го проследија на натамошно читање во Собранието и откако ќе биде изготвен дополнет предлог на измените и дополнувањата на Изборниот законик, тие повторно ќе се најдат на пленарна седница каде треба да бидат усвоени. Претходно измените и дополнувањата на Изборниот законик добија подршка на собраниска седница да бидат усвоени во скратена постапка. Откако го утврдија дневниот ред на собраниската седница, на кој единствена точка е ова законско решение, претседателот на Собранието Африм Гаши ги задолжи матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија да одржат седници на кои ќе ги разгледаат измените и дополнувањата. За нив ќе се гласа на пленарната седница чие продолжение ќе биде дополнително закажано во текот на денот. Предлагачи на измените и дополнувањата се пратениците Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Саранда Имери Сафаи од коалицијата ВРЕДИ. За да се донесе законот по скратена постапка гласаа 65 пратеници, а 17 беа против, воздржани пратеници немаше. Пратениците од СДСМ присутни во салата дадоа поддршка законските измени да се донесат во скратена постапка, додека пратениците од Европскиот фронт и другите опозициски партии од албанскиот блок беа против. Со измените се предвидува и кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, да се соберат најмалку 1 000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП, односно конзуларните канцеларии на образец пропишан од Државната изборна комисија. Со предложеното законско решение, се дефинираат и интернет порталите согласно Законот за медиуми, со што, според него, би се регулирала и регистрацијата на електронските медиуми во платено и политичко рекламирање. -Бидејќи процесот за донесување апликации до ДИК е почнат, а има одредени реакции од ваквиот вид медиуми, ќе интервенираме и со амандман за истата одредба да важи од 11-ти 2026 година. Со ова може да дозволиме на сите електронски медиуми кои учествуваат во платеното политичко рекламирање на овие избори да имаат еднакви права и услови а подоцна да бидат регулирани, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со овој закон се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Претходно ДИК на седница минатата сабота усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа Упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСаем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај ШколкаВо Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЗдравјеНад 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook