На кого прво би му помогнале? Одговорете без размислување и резултатот ќе ве изненади - Канал 5

На кого прво би му помогнале? Одговорете без размислување и резултатот ќе ве изненади

Изборите кои ги правиме многу зборуваат за нас, особено оние кои ги правиме во стресни ситуации во кои мораме веднаш да реагираме.

На кого прво би му помогнале? Одговорете без размислување и резултатот ќе ве изненади
Тие ни зборуваат многу за нашиот карактер, моралните вредности, па и интелигенцијата. Секако дека се надеваме дека нема да морате често да носите вакви одлуки, но затоа за вас подготвивме тест кој ќе провери какви се вашите вредности и колку се мудри изборите кои ги правите.
Погледнете ја оваа фотографија и без многу размислување одговорите која е личноста на која најпрво би и помогнале доколку се најдевте во оваа ситуација.
Личност #1
Вие сте добро воспитани, со силно чувство за морал и почитување на традиционални вредности. На проблемите секогаш им пристапувате рационално и никогаш не реагирате, а пред тоа добро да не сте промислиле за своите постапки. Поради тоа некогаш ви е тешко да ја прифатите неправдата во светот. Често ви даваат да завршите работи кои на другите луѓе им се здодевни.
Личност #2
Вашиот избор укажува на тоа дека сте многу чувствителни и дека повеќе пати во минатото сте биле повредени. Неретко ви префрлаат дека морате да ги извадите розовите очила и да се спуштите на земјата. Сепак, пријателите ве обожуваат затоа што знаат дека секогаш ќе бидете тука за нив.
Личност #3
Вие сте некој кој ужива во забавите, акцијата и животот воопшто. Никогаш нема да го правите тоа што е морате, туку ќе се трудите да уживате во се до крајни граници. Вие сте природен лидер и ги привлекувате луѓе околу себе како магнет.
Личност #4
Вие сте вечен оптимист и некој кој секогаш ја гледа ведрата страна на животот. Ретко се фокусирате на проблемите и сте во состојба со сите да најдете заеднички јазик. Многу сте љубопитни и не поднесувате рутина и кога сте затворени помеѓу четири ѕида.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош.

Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува.

„Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт.

Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето.

Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски.

Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра.

„Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски.

Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови.

Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер