На Клиниките во Скопје ќе останат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани - Канал 5

На Клиниките во Скопје ќе останат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани

На Клиниките во Скопје ќе останат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент.

На Клиниките во Скопје ќе останат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција кажа дека на клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти кои што се лекуваат од повредите во пожарот во Кочани, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. За отварање на Центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на ГОБ „8 Септември“, Ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа, вели, дополнително биле потребно човечки ресурси.

-Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира вчера тој на прес-конференција.

Осумте пациенти кои вчера требаше да пристигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.

- И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимисти дека и тие ќе почнат да се подобруваат, да нема други компликации. Одредени лабараториски параметри покажуваат дека има подобрување, изјави Таравари.

Тој најави дека денеска треба да се вратат нови двајца пациенти по еден од Литванија и Шведска, а во меѓувреме може да се донесе одлука и за други.

На Клиниката за токсикологија, додаде министерот, има шест пациенти, двајца се на пластична хирургија , шест во стара Градска болница, пет во „8 Септември“ и тројца во приватната болница „Систина“.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев појасни дека шесте пациенти кои се на Клиниката во моментот се оние кои завчера се вратија од лекување во странство и оти кај сите токсиколошките анализи биле во референтни вредности.

-Сите се во добра општа здравствена состојба со стабилни клинички параметри. Денеска земавме дополнителни клинички иследувања кои се нормални. Тројца пациенти се со инхалаторни повреди стабилни, другите имаат и инхалаторни и изгореници, кои се во санација, згрижени се. Сите се видени од токсиколог, анестезиолог и психијатар, согласно нашиот став од Кризниот штаб и денеска сите ќе ги пуштиме дома со одредени препораки. Дел од нив ќе треба да дојдат и на котрола во наредните денови, истакна Чибишев.

Таравари уште еднаш повтори дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во земјава и странство е бесплатно.

- Ќе повторам за сите пациенти лекувањето е бесплатно. За сите пациенти за двајца членови од семејствата е обезедено авионска карта или ако отишле со друг транспорт и сместувањето. Владата ги покрива сите трошоци на сите пациенти од лекување, престој на родителите и транспорт на пациентите и на родителите во двата правци. Комплетно се е покриено, потврди Таравари.

Финансиска проценка за тоа колку ќе чини процесот на лекување на пациентите во странство Министерството немало, но Таравари нагласи дека пациентите нема да платат ниту еден денар. Деведесет и девет отсто од трошоците, според него, се покриени од државите кои им помогнале, а мал процент ќе покрие Фондот за здравство.

Во однос на недостатоците на здравствениот систем во земјава, тој забележа дека во светот не постои идеален здравствен систем, но и оти покрај наследените недостатоци успеале релативно добро да ја изменаџираат состојбата со пациентите настрадани од пожарот во Кочани, нагласувајќи дека немало мртви по 11 дена од трагедијата. Посочи дека идната недела ќе почнат да се тестираат 200-250 специјализанти, 1.200 медицински сестри и друг помошен персонал, а недостигале и околу 100 амбулантски возила.

За отварање на центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на „8 Септември“, ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа дополнително биле потребно човечки ресурси.

На 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, во пожар загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени и повеќе од половината беа испратени на лекувања во странски медицински центри. Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во пракса, не постои.

Првиот официјален центар за изгореници во земјава е формиран во рамки на Воената болница во Скопје под раководство на полковник д-р. Крсте Митановски д-р.сци.мед. Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев".

Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во септември 2000 година во тогашна стара Градска општа болница, односно сегашна Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски" во Скопје. Во јули 2016 година, Центарот е ставен во функција и во него работеле специјалисти и субспецијалисти по пластична и реконструктивна хирургија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Утрово неколку беспилотни летала навлегоа во молдавскиот воздушен простор, по што следеа експлозии на повеќе локации. Според досегашните информации, нема повредени лица.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Министерството за одбрана на Молдавија соопшти дека националниот систем за надзор детектирал повеќе беспилотни летала над молдавската територија, вклучително и во близина на Анениј Ној, Штефан Вода, Тудора и Каушени.

Полицијата потоа извести дека жители од неколку области пријавиле експлозии надвор од населените места. На повеќе локации беа пронајдени делови за кои постои сомневање дека потекнуваат од беспилотни летала.

Во близина на Каушени, полицијата пронашла остатоци од летало по пријави за експлозија и густ чад. Слични предмети биле пронајдени и во близина на Дубовка и Хинчешти, како и меѓу Делакау и Пухачени.

Експлозија предизвика пожар и оштети објект

Еден од посериозните инциденти е забележан во близина на Крокмаз, во областа Штефан Вода.

Пожар во вегетацијата избувна откако летало се урна во лозје, а беа оштетени и прозорците на близок земјоделски објект. Според достапните информации, нема повредени лица.

Полицијата ги истражува околностите на сите инциденти и апелираше до граѓаните да не им приоѓаат на пронајдените делови од летала, туку веднаш да ги известат надлежните служби.

Сè се случи за време на рускиот напад врз Украина

Инцидентите беа забележани додека Русија изведуваше нов голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина.

Молдавските власти сè уште немаат објавено конечни информации за потеклото на сите пронајдени летала, ниту пак тврдат дека Молдавија била нивната цел. Истрагата е во тек.

Санду: Пет руски ракети и беспилотни летала го нарушија нашиот воздушен простор

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, го осуди утринскиот руски напад врз Украина и изјави дека војната, според нејзините зборови, „опасно стигнала до Молдавија“.

„Пет руски воздушни средства, вклучително ракети и беспилотни летала, го нарушија нашиот воздушен простор и експлодираа на наша територија. Москва ги загрозува животите низ Европа и мора да биде запрена“, напиша Санду на платформата „X“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. 

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција.

- Скопје предолго чекаше, време е да се движи напред! Дадениот збор за мене е обврска. А довербата што ја добив од вас, мојот народ, е одговорност што ја носам секој ден. Да работам, да ги решавам проблемите што со години стоеле заглавени и да испорачувам резултати што ќе ги почувствувате во сопственото секојдневие. За нашиот град, ова поврзување има огромно значење. Нова сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје, подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, побрз и побезбеден излез кон обиколницата и растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. Зад сето ова стои она што им е најважно на граѓаните - помалку време во колони, полесно стигнување до работа и повеќе време со семејството – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Значајно е да се нагласи дека застојот поради потребното мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“ е надминат.

- Со сериозна работа и одговорен пристап, дозволата која моите претходници ја закочија е обезбедена, заштитата на културното наследство е запазена, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека се гради современо и целосно сообраќајно решение, со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти, по две во секој правец, на вкупна површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки, секоја широка по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри, кои ќе овозможат безбедно и удобно движење за сите учесници во сообраќајот. Изградени се потпорни ѕидови од двете страни на булеварот, со 2.050 кубни метри бетон, атмосферска канализација во должина од 473 метри и улично осветлување со 40 столбови, за поголема безбедност и прегледност.

Паралелно, Град Скопје работи и на изградбата на мега парк на површина од 70.000 квадратни метри во Карпош, со партерно и хортикултурно уредување, пешачки патеки, хидрантска мрежа и урбана опрема.

- Создаваме нов простор за прошетки, рекреација и дружење, а продолжуваат и активностите за расчистување на кејот на Вардар. Скопјани заслужуваат уреден кеј и зеленило во кое ќе уживаат сите генерации - рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и личната посветеност, кој со конкретни дела покажува како се сакаат сопствениот град и државата.

- Таа поддршка ни дава сила да ги придвижуваме заглавените проекти и заедно да ги правиме Скопје и Македонија поубаво место за живеење. Скопјани заслужуваат модерен и функционален град. Град во кој се стигнува полесно, се живее поубаво и се гледа дека некој се грижи – истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Стогодишна жена загина во катастрофалните поплави што ја погодија општината Мадригерас во шпанската провинција Албасете. Водата носеше сè пред себе и предизвикаа огромна штета, јавуваат шпанските медиуми.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Несреќната стогодишничка се наоѓала во својот семеен дом кога водата нагло навлегла внатре и таа не успеала да се спаси, потврдија регионалните власти на Кастиља-Ла Манча.

За само два часа наврнаа повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар

Поплавата започна во петокот околу 18:15 часот, кога општината ја зафати силен пороен дожд што непрекинато паѓаше речиси два часа. Според првичните мерења, во тој краток период наврнале повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар.

Ситуацијата брзо се влошила бидејќи огромни количини вода од блиските клисури и околните ридови се слеале во населбата, целосно поплавувајќи ги улиците на Мадригерас.

На социјалните мрежи набрзо се појавија снимки на кои се гледа како каллива вода ги преплавува патиштата и навлегува во домовите.

Регионалната влада веднаш го активираше првото ниво на тревога од специјалниот план за заштита од поплави (Meteocam), додека службите за итни случаи, пожарникарите и спасувачките екипи ја поминаа целата ноќ на терен, помагајќи им на жителите и расчистувајќи ги остатоците што ги нанела водата. Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така се огласи за настанот на социјалната мрежа „X“, изразувајќи сочувство до семејството на починатата жена и истакнувајќи дека обилните дождови предизвикале сериозни штети во неколку делови од земјата, притоа повикувајќи ги граѓаните на крајна претпазливост и почитување на упатствата на службите за итни случаи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер