Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
ЗдравјеНа Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозокПрвиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност пристигна во земјава.Станува збор за ExcelsiusGPS со кој на Клиниката за Трауматологија успешно беше направена првата презентација.Тој комбинира навигација во реално време со роботска рака која на хирургот му овозможува точно и безбедно поставување на импланти и инструменти. Тоа значи минимална можност за грешка, побрзо заздравување, пократок престој во болница и значително намалување на болката кај пациентите, обајсни Полскиот клинички специјалист кој помага во спроведувањето на системот, Кристоф Чезлак.. -Овој робот ќе ви нуди дополнителна сигурност покрај тоа што го нудат хирурзите. Прецизноста е неспоредлива. Имаме студии кои покажуваат дека ова не е само скратување на времето за операцијата, подобро е за пациентот, има помалку радијација, помала загуба на крв и по ниска стапка на инфекција. - Кристоф Чезлак – Клинички специјалист Директорот на клиниката за Трауматологија, Игор Мерџановски вели дека воведувањето на првиот и единствен роботски навигациски систем во македонските болници би бил голем чекор напред за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат побрзо и попрецизно, туку и го подигнува нивото на нега кое го добиваат пациентите дома, наместо да лекуваат во странство. -Се намалува бројот на пациенти кои треба да заминат надвор од нашата земја за лекување во странство кадешто видно многу средства, пари ќе бидат заштедени на фондот на РМ.- Мерџановски -Овие апарати коишто се користат го одменуваат тоа долгогодишно работно искуство коешто треба еден хирург сериозно да се посвети на оваа патологија за лечење на болестите на рбетниот столб. Дури и специјализантите кои се во тек на учење, младите специјалисти ќе можат да ги вршат најнапредните лекувања на рбетниот столб.- Мерџановски Како што рече Мерџановски, со овој робот ќе се вршат операции за фиксација на ‘рбетниот столб при скршеници, како и на одредени видови тумори. Производителите на роботот кажаа дека ќе се организираат бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните за да се запознаат со придобивките од оваа технологија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиСпоред УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 6. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 6. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook