На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции - Канал 5

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

​Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија.

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација. Операциите се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт во областа на реконструктивната микрохирургија и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

- Овие интервенции се доказ дека кога во нашите клиники се вложува во знаење, современи техники и тимска работа, резултатите се на ниво на најдобрите европски центри. Благодарен сум за поддршката и менторството од проф. д-р Јан Јерун Вранкс и горд на целиот тим на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, затоа што со вакви зафати влијаеме на враќање на довербата во квалитетот на услугите кои граѓаните може да ги очекуваат од јавното здравство, вели министерот за здравство Азир Алиу.

Директорката на Клиниката, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска истакна дека интервенциите претставуваат огромен чекор кон развојот на современата реконструктивна микрохирургија во нашата земја.

- Успешно извршените интервенции се уште една потврда за способностите и стручноста на домашниот медицински кадар и на мотивираната соработка со светски експерти како проф. д-р Ј.Ј. Вранкс, кој нè води и насочува со ентузијазам и амбиција кон една фасцинантна ера за македонската реконструктивна пластична хирургија“, посочува директорката.

Постоперативно, двајцата пациенти се во стабилна и добра општа состојба.

- Кај еден од пациентите е третиран комплексен дефект на носот по ресекција на тумор. Изведена е целосна тродимензионална реконструкција на носот. Операцијата вклучуваше употреба на ’рскавица за формирање носна структура и слободен кожен резен кој ги обложува овие структури како и подот на носот, со неопходно спојување на крвни садови под микроскоп. Овој вид реконструкција, изведена во еден оперативен чин, е исклучително редок дури и на светско ниво, појаснува д-р Бисера Николовска, раководител на одделот за микрохирургија и реконструктивна хирургија.

Од Клиниката нагласуваат дека успешните интервенции се резултат на заедничката работа и посветеност на мултидисциплинарен тим составен од:

пластични хирурзи: науч.сор. д‑р Бисера Николовска, ас. д‑р Гордана Георгиева, ас. д‑р Благоја Србов, како и специјализантите: д‑р Јасмина Добревска, д‑р Елизабета Мјовска, д‑р Викторија Ончева, д-р Емона Кадриу и д-р Сања Петровска. Тимот од анестезиологија е составен од: д‑р Мирјана Бурмузовска; анестезиски техничари: Марјан Трајановски, Хатиџе Исеини и сестри инструментарки Анита Петрушевска и Снежана Чукниева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Делот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот.

„Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада .

Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање.

Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам.

Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски.

За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието.

Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија.

Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.

Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението?

Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот.

-Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.

Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?

Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки.

– Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред.

– Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби.

Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот.

Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени.

На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер