На Клиниката „Св. Наум Охридски" од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции - Канал 5

На Клиниката „Св. Наум Охридски" од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски" информираат дека во изминатиот период, од март до крајот на јули се извршени над 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции. 

На Клиниката „Св. Наум Охридски" од март до јули извешени 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции

Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

Директорот на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски", д-р Љубен Арсенков, потенцира дека сите пациенти се примени и ниту еден пациент не бил вратен или упатен во друга здравствена установа поради немање соодветен упат од матичен лекар или специјалист од секундарното здравство.

„Направена е реорганизација на работата во поликлиниката за да се намали ризикот од трансмисија на вирусот меѓу персоналот и пациентите. По првичното работење со две ургентни амбуланти, воведено на 23 март, веќе од 18 мај се отворени сите специјалистички амбуланти, кои секојдневно функционираат и покрај тоа што нема закажани термини преку националниот систем МојТермин. Болницата функционира со кадар од 70 доктори, 85 сестри, 36 болничари, 10 лаборанти и 18 рендген техничари. Од вкупниот кадар во установата, 7.5% се ослободени во континуитет по одлука на влада (бременост, хронични болести и друго). Иако се наоѓаме во фаза на реконструкција, беше организиран и изолаторен дел, каде се хоспитализираат пациентите како итни случаи, и им се врши тестирање за инфекција со коронавирусот. Доколку состојбата на пациентот тоа го дозволува, во рок од 24 часа го имаме резултатот, по што се продолжува со третманот", вели д-р Арсенков. Тој појаснува дека од почеток на јули е спроведен скрининг на вработените за присуство на антитела од COVID-19 и само четири вработени имале позитивен резултат за претходно прележана инфекција. Тоа говори за успешното спроведување на мерките за лична заштита.

Инаку, во оваа установа, на 27 февруари 2020г. е формирано координативно тело за справување со коронавирусот и донесени се протоколи за работа во услови на пандемија, со кои максимално се заштитени пациентите кои се прегледуваат, како и пресоналот кој работи во клиниката.

„Континуирано работиме на обезбедување адекватна заштитна опрема и услови во кои ќе продолжиме со безбедно работење, со цел подобрување на здравјето на граѓаните и обезбедување највисоко ниво на здравствена грижа", вели д-р Арсенков.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Напад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.

Ученик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредени

Нападот го извршил ученик

Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба.

Уапсен по бегството

По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев.

Фото:„Policja Mazowsze“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Светка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. 

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија.

„Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска.

Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек.

„Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот.

„Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска.

Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти.

„Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска.

YouTube video

Скопје, 07.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Затворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема.

Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер