Други спортовиНа кејот на Вардар спортско - рекреативен настан по повод 8 Септември Под мотото „ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ“ денес на кејот на реката Вардар, Агенцијата за млади и спорт го организира спортско – рекреативниот настан во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Централна активност, рекреативната атлетска трка ќе започне во 17 часот кај карпата за искачување (Канал на Вардар, општина Карпош), а ќе заврши кај Градска плажа. (општина Центар). Во рамки на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на Кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности. Во пресрет на настанот, популарната македонска пејачка Каролина Гочева ги покани младите да дојдат и преку забава, физичка активност и дружење да се одбележи големиот државен празник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
БалканУште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на ДунавАко Дунав се спушти уште 30 сантиметри – ние сме готови, ги предупреди своите сограѓани српскиот претседател Александар Вучиќ. Евентуалното дополнително намалување на нивото на водата на Дунав може да предизвика голем проблем, изјави Вучиќ. „Дунав е сè уште пловен по целата своја должина, но на некои места е толку плиток што мораме да градиме премини. Сè што е поврзано со нафтата е пекол за нас. Никаде нема дизел. Што да им кажам на луѓето? Не можете да купите ни еден литар дизел никаде. Нема. Го дадовме од оперативните резерви за да не го извезуваат во регионот“, рече српскиот претседател. Тој додаде дека Србија ги чува своите резерви. Добро е што ни беа дадени уште 28 дена, 4 недели. „се надевам дека во следните 10 дена ќе разговарам и со унгарскиот премиер и со рускиот претседател – рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјајЕкипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници. „Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДо еден час чекање на Табановце и БогородицаПразничниот и продолжен викенд, во кобинација со екстремно топлото време ги натера граѓаните разлагувањето да бараат надвор од градовите. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на чекање се движи од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. од амсм апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook