НА КАВГА СО ИВАН ПОНЕДЕЛНИК - Канал 5

НА КАВГА СО ИВАН ПОНЕДЕЛНИК

Емитување секој понеделник на Канал 5 Tелевизија во 23:00 часот и во 21:30 на youtube каналот на Канал 5.

НА КАВГА СО ИВАН ПОНЕДЕЛНИК

Во понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува директорот на Истражниот затвор, Бобан Утковски.

Од лав и командант до директор на затвор, постои ли во Скопје мексикански картел, за кој не знаеме?

Од кого е загрозен Груби во затворот?

Еволуиравме ли како нација или се’ уште го плаќаме цехот? Кој и зошто ја крие причината за војната во 2001-та?

Во понеделник „На кавга со Иван“ Бобан Утковски, во 23ч.

Погледнете ги сите гостувања „На кавга кај Иван“ овде.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст

“Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните.

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо.

Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедува стабилност на јавните финансии, се обезбедува редовна исплата на сите законски обврски на државата, а истовремено се зголемуваат средствата за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита, образование, спорт и локален развој.

“Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните. Сепак, во услови на веќе обезбедени стабилни буџетски приходи и јавни финансии, акцентот сега го ставаме на капиталните инвестиции. Инвестициите што денес ги реализираме во патишта, железници, енергетика, образование, здравство и комунална инфраструктура, ќе создадат повисока економска активност, нови работни места и подобар животен стандард“, истакна министерката.

Во интервјуто Димитриеска-Кочоска посочи дека ребалансот е усогласување со променетите економски околности и новите законски обврски, а не резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност.

“Потребата од ребаланс произлезе од променетите економски околности во текот на годината. Геополитичките случувања, растот на цените на енергенсите и промените на меѓународните пазари влијаеја врз одредени буџетски проекции. Како одговорна Влада, наша обврска е тие проекции навремено да ги усогласиме со реалната состојба. Истовремено, во меѓувреме произлегоа и дополнителни законски обврски, пред сè поради потпишаните колективни договори, како и потребата од дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и општините. Но, она што најсилно го карактеризира овој ребаланс е определбата за инвестиции.

Одлучивме средствата да ги насочиме таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност за економијата. Затоа велам дека ова не е кризен ребаланс, туку развоен ребаланс“, нагласи министерката.

Осврнувајќи се на собраниската расправа, министерката оцени дека прифаќањето на аргументирани амандмани, меѓу кои и оние за поддршка на жените земјоделки, национална СОС линија и два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, покажува дека Владата останува отворена за конструктивни предлози што се во интерес на граѓаните.

Таа додаде дека позитивните економски показатели – растот на БДП од 3,1 проценти во првиот квартал, зголемените странски директни инвестиции, растот на градежништвото, услугите и извозот – се потврда дека македонската економија останува стабилна и дека политиките што ги спроведува Владата даваат резултати. Според неа, ребалансот создава услови за продолжување на инвестицискиот циклус, одржување на фискалната стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!

Проектот кој со децении претставуваше неопходност и надеж за Скопје, денес забрзано се гради и станува реалност.

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит!

Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија. Станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните.

По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата се одвива со забрзана динамика и во согласност со предвидениот работен план.

Речиси 40 проценти од градежните работи веќе се завршени.

„Пречистителната станица е нашиот најголем еколошки штит и проект од историско значење за Скопје. Со нејзината изградба ќе ставиме крај на долгогодишното загадување на Вардар со непречистени отпадни води и ќе создадеме поздрава и побезбедна животна средина за сегашните и за идните генерации“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа ќе следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

Реализацијата на овој капитален проект значи почист Вардар, поздрава животна средина, повисоки еколошки стандарди и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат.

Најголемиот еколошки проект во Македонија забрзано напредува, затоа што Скопје заслужува чиста, модерна и европска иднина.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Американската војска соопшти дека започнала уште една рунда напади врз Иран за „понатамошно деградирање“ на неговите способности за напад врз бродови во Ормутскиот теснец.

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Нападите - 10-та последователна ноќ - доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ „во чест“ на тројцата американски војници убиени неодамна - двајца во Јордан и еден во Ирак.

Како одговор на најновиот бран, Иран соопшти дека погодил два танкери за нафта во водниот пат, како и американски воени средства во Бахреин и Кувајт, објави државната новинска агенција ИРНА.

Претседателот Масуд Пезешкијан рече дека Иран сега води „целосна војна“ со САД.

Во исто време, Техеран соопшти дека дипломатските пораки сè уште се разменуваат меѓу двете страни преку посредници, и покрај пропаѓањето на прекинот на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер