На јунскиот самит на НАТО во Хаг се планира средба Сиљановска – Радев - Канал 5

На јунскиот самит на НАТО во Хаг се планира средба Сиљановска – Радев

Европската Унија работи на деблокада на македонскиот евроинтегративен пат. 

На јунскиот самит на НАТО во Хаг се планира средба Сиљановска – Радев

Иако не откри многу детали, шефицата на европската дипломатија Каја Калас, прашана дали има механизми за деблокада на македонскиот пат за членство упати порака дека има простор за работа. На заедничката прес-конференицја со премиерот Мицкоски во владата, побара Македонија да продолжи по досегашниот курс, но и дека остануваат очекувањата земјава да ги направи потребните чекори во поглед на уставните измени. Според неа, за Македонија како за Украина, нема план „Б“ и го повтори ставот на претседателот на ЕС дека фокусот на Брисел е реализација на досега договореното, а доколку тоа не успее, ќе се премине кон следната фаза.

Премиерот Мицкоски пак, официјалната посета на Калас на земјава ја оцени како порака дека Унијата останува зад Македонија која како што кажа, е посветена на евроинетгративниот пат бидејќи тоа е децениска заложба на земјава. Откри и дека на самитот на НАТО во Хаг ќе се случи средба на високо ниво од македонска и бугарска страна, каде очекува да се соочат меѓусебните аргументи.

Високата претставничка на ЕУ во МНР го отвори и првиот дијалот меѓу Македонија и Унијата за одбрана, каде ја пофали досегашната целосна усогласеност на земјава со надворешната и безбедносна политика на Брисел. За шефот на дипломатијата Муцунски пак, оцени дека средбата отвора ново поглавје во односите меѓу земјава и Унијата.

Калас посетата на земјава ја заврши на средба со минситерот за одбрана Мисајловски со кого ја посетија балканската медицинска работна група, а попладнето имаше средба и со претставници на младинските и студентски организации во земјава. Нејзината посета инаку доаѓа една недела по таа на претседателот на ЕС Антонио Кошта кој побара од властите во земјава да го искористат моментумот за членство.

YouTube video

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер