Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
1Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
3Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
МакедонијаНа јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати, во Скопје околу 50Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 лица. - Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400. За жал, бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80 лица, рече Ангелов. Овие лица во следните два до три дена ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици и ќе започнат со најмалку дводневна обука во чие времетраење ќе се изврши селекција. - Најдобрите од овие лица понатаму ќе имаат можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици или во Дирекцијата за заштита и спасување, а најдобрите во текот на наредниот период во Единицата за рамки на ДЗС, рече Ангелов. Во Специјалната единица која ќе биде формирана, платите на вработените ќе бидат повисоки во однос на платите на пожарникарите, но овие лица ќе бидат ангажирани на тешко пристапни терени. - Зборуваме за едница во која сите припадници би биле помлади и физички подготвени на едно сосема друго ниво за да можат да одговорат на најтешки и најсложени задачи, рече Ангелов на прес-конференцијата на која беа дадени најнови информации околу состојбата со пожарите во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРазговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став: Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните. Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови! Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност. Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме: После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари; Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години; Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Англија ја прекина импозантната серија без пораз на светскиот шампион Шпанија Меч за историја во Мадрид, – 60 минути совршенство, а потоа половина час драмаФудбалската репрезентација на Англија оствари една од најголемите победи во ерата на селекторот Томас Тухел, совладувајќи ја Шпанија со 3:2 во Лигата на нации, во Мадрид. „Гордиот Албион“ ја прекина неверојатната серија на актуелниот светски шампион од 43 натпревари без пораз. Германскиот селектор Тухел најави спектакл пред големото дерби во Лигата на нации, а неговите избраници го исполнија ветувањето на импресивен начин. Во првите 65 минути, Англија со висок пресинг и многу трчање целосно го надигра светскиот шампион Шпанија и стекна предност од 3:0. Хари Кејн им донесе водство на гостите од пенал, а Езри Конса и Бен Вајт дополнително ги шокираа домаќините. Играта на Англичаните беше особено импресивна, бидејќи со висок притисок целосно ја неутрализираа црвената фурија. Сепак последниот половина час од супер дуелот во Мадрид донесе драма. Фудбалерот на Англија Елиот Андерсон поради прекршок над Ламин Јамал во 65 минута доби црвен картон, што значеше почеток на драмата. Шпанската фурија со сите сили запопна канонада на голот на противникот и предноста на Англија почна да се топи. Микел Ојарзабал реализираше пенал, а Николас Вилијамс го намали резултатот на 3:2, на 15 минути пред крајот. Шпанија тргна по израмнување, но Англија издржа голем притисок, најмногу блгодарејќи му на одличниот голман Џејмс Трафорд кој беше брилијантен а одбраната на гостите покажа карактер и ја зачува големата победа.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55