СветНа израелскиот напад врз Техеран, Иран возврати со хиперсонични ракетиШести ден продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. Израелската армија попладнево повторно нападна, како што соопшти, воени цели во Техеран, а Иран возврати со дронови и ракети.Додека траеја нападите врз главниот град на Иран, иранската Револуционерна гарда издаде наредба за евакуација на жителите на Тел Авив. Предупредувањето за евакуација беше издадено речиси во исто време кога ИДФ соопшти дека пресретнала два дрона во подрачјето на Мртво Море. Во меѓувреме, иранската агенција Мехр јавија дека Иран лансирал ракети Фатах кон Израел. Фатах е хиперсонична ракета, што може да лета најмалку петпати побрзо од брзината на звукот односно околу 6.100 километри на час. ИДФ тврди дека во денешниот напад врз Техеран погодени се воени цели. Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран. Додека иранската новинска агенција Фарс јави дека одекнале експлозии во градот Карај, западно од Техеран. Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот. Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека воздухопловни сили штотуку го „уништиле седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главната рака на угнетувањето на иранскиот диктатор“. - Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот, наведе Кац. Според иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека во израелскиот воздушен напад погодено е подрачје во близина на објект на Црвената полумесечина.Тагови: Иран Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, следува соодветна пријава.На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИздрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)Триесет и седумгодишен маж со автомобилот удрил во толпа демонстранти во Клермон-Феран, Франција, при што повредил четири лица, соопшти обвинителството за BFM TV.- Во оваа фаза од истрагата не се пронајдени докази за напад, а повредите што ги здобиле повредените се чинат полесни - изјави обвинителот Ерик Серфас. Инцидентот се случил денес околу 11 часот, а според обвинителството, возачот очигледно бил нетрпелив поради бавниот сообраќај и сакал насилно да се пробие и покрај присуството на голем број пешаци кои учествувале во мирниот протест. Une voiture fonce sur le cortège : quatre blessés et une garde à vue à la marche pour le climat, le vivant, la paix et la justice sociale organisée ce samedi 26 septembre à Clermont-Ferrand. ➡️ https://t.co/PXP4jTIBox https://t.co/NM3CNALvHb — La Montagne (@lamontagne_fr) September 26, 2026 Мажот бил веднаш уапсен и приведен за „вооружено насилство“, а бил и тестиран за дрога. CLERMONT-FERRAND : Un individu a foncé sur la foule avec sa voiture lors de la marche pour le climat, faisait cinq blessés. Le conducteur, sous l'emprise de stupéfiant, a été interpellé (procureur de la république / La Montagne). https://t.co/sWLkuBWQZc — Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 26, 2026 Обвинителството не прецизираше за која дрога станува збор.Тагови: Франција возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад 700.000 верници во Париз присуствуваа на мисата на папата Лав XIV, Макрон не дојде Папата Лав XIV денес служеше миса на Плоштадот Конкорд во Париз пред околу 700.000 верници, за време на вториот ден од неговата посета на Франција.Мисата на отворено започна кратко по 15 часот, откако Папата помина низ Шанзелизе, каде што беше пречекан од голем број верници. Забележливо беше отстуството на францускиот претседател Емануел Макрон на овој настан. Лав XIV пристигна на Плоштадот Конкорд по 40-минутно возење и благословување на верниците по Шанзелизе, а организаторите претходно изјавија дека неколку стотици илјади луѓе се собрале во областа околу плоштадот и по должината на авенијата. Изведбата на свечената химна „Слава“ на самиот почеток на мисата привлече особено внимание, и покрај фактот дека, според литургиското правило, таа се пее само во неделите и за време на големите празници, пренесува Фигаро. Свештеникот Антоан Бариер од заедницата Свети Мартин објасни дека „во одредени прилики, за да се нагласи свеченоста, може да се додаде и Слава“. За време на мисата, папата Лав XIV носел палиум во грчка форма, на кој се наоѓаат пет крста на Христос. Исто така, прикажува игли што ги симболизираат ноктите на Христос. Литургиските одежди, исто така, прикажуваат лисја што „никогаш не венеат“, како потсетник на темите од животот и изворите дискутирани во литургиските текстови. Проповедта на папата Лав XIV се одржа на француски јазик, како и неговите говори за време на претходниот дел од неговата посета на Франција. Мисата на Плоштадот Конкорд е централниот настан на вториот ден од посетата на папата на Франција и првата папска посета на Париз од посетата на папата Бенедикт XVI во 2008 година. Пред почетокот на мисата, речиси 1.000 пејачи од 34 хорови од регионот Ил де Франс изведоа литании посветени на Дева Марија. По мисата, папата Лав XIV треба да го напушти Париз и да се упати кон аеродромот Орли, од каде што е планиран лет до Лурд, следната дестинација на неговата посета на Франција.Тагови: Папата Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05