ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
3Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
Шоу бизНа Инстаграм стомачни мускули, а во реалноста латино дивата изгледа поинаку (фото)Латино дивата често објавува фотографии од своето извајано тело на социјалните мрежи, но во реалноста работите не изгледаат баш така.Џенифер Лопез сликата е на плажа во текот на романтичниот одмор на Бахамите, каде ја запросил нејзиното момче Алекс Родригез. После овие фотографии на Џеј Ло во костим за капење, многумина заклучиле дека таа всушност своите фотографии ги разубавува за потребите на Инстаграм. View this post on Instagram #Jlo ya sacó el bikini para verano 😎😎 A post shared by Telecadena (@telecadenahon) on Mar 17, 2019 at 7:22pm PDT Неоспорно е дека таа изгледа и вака извонредно, со оглед на тоа дека има 49 години, но факт е дека стомачните мускули не се така видливи како што таа ги претставува. View this post on Instagram Day 9 and feelin’... like I can’t wait for Day 10. 😅 Who’s still with us? @arod #10DayChallenge #NoSugarNoCarbs @niyamasol #niyamasol #jloxniyamasol A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on Jan 29, 2019 at 2:23pm PST View this post on Instagram 🐰🐰🐰 #jloxbadbunny #teguste #musicanueva #malibubarbie A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on Oct 26, 2018 at 10:05am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт МолПарфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови. Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи. Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото. Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter