На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 638 пациенти, слободни кревети има - Канал 5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 638 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 638 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 638 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип е хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 30, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 17, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 638 и има околу 920 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тигрицата Умит се врати во дивината, нова надеж за загрозен вид (ВИДЕО)

Тигар е пуштен во дивината. Само по себе, ова можеби не би била толку возбудлива вест ако не беше фактот дека станува збор за женка од загрозениот Амурски тигар која е вратена во дивината на Казахстан.

Тигрицата Умит се врати во дивината, нова надеж за загрозен вид (ВИДЕО)

Животното, по име Умит (Надеж), е пуштено во природниот резерват Иле-Балхаш во регионот Алмати, каде што луѓето целосно ги истребија овие прекрасни предатори пред неколку децении. Резерватот е основан со една цел - да стане дом за овие големи животни.

Уникатниот проект за враќање на тигрите во нивното историско живеалиште го води Министерството за екологија на Казахстан во соработка со рускиот Центар за Амурски тигри.

Тигрицата Умит е втората женка што пристигна во областа. Првата беше пуштена пред две години откако пристигна од Холандија. Таа пристигна во резерватот со мажјак, а парот е сè уште во голем ограден простор и сè уште не е целосно слободен во природа.

Умит, сепак, е поинаква приказна. Таа пристигна од територијата Хабаровск на рускиот Далечен Исток. Таа беше придружувана од мажјак по име Амур, како и две младенчиња - Туран и Усури. Сите тие се дел од популацијата на амурски тигри од Русија и беа веднаш ослободени.

Амурскиот тигар, познат и како сибирски тигар, е најголемиот предатор мачка во светот. Возрасните мажјаци можат да тежат повеќе од 300 килограми и да достигнат должина од речиси три метри. Овој исклучително издржлив предатор може да преживее температури и до минус 40 степени Целзиусови благодарение на густото крзно и дебелиот слој маснотии на стомакот.

Во текот на изминатиот век, луѓето речиси целосно го истребија овој вид во дивината поради ловокрадство и уништување на шумите. Затоа, секој нов тигар пуштен во дивината е голем чекор кон опстанокот на едно од најзагрозените животни на планетата.

Целта на еден голем проект во Казахстан е да се создаде самоодржлива популација од 100 до 120 тигри во текот на следната деценија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседател

Парламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.

Политички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседател

Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август.

Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс.

Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.

Скандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)

Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме.

На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле.

До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер