На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 490 пациенти, слободни кревети има - Канал 5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 490 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 490 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 333 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 15 во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ламборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досега

Ламборџини ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.

Ламборџини продаде помалку автомобили, но заработи повеќе од кога било досега

Ламборџини испорача 5.422 автомобили во првите шест месеци од 2026 година, што е за 4,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Падот на продажбата се должи на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар.

Иако новиот Темерарио ги достигна своите први клиенти на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени или испорачани. Се очекува наследникот на моделот Хуракан да го продолжи успехот на своите претходници.

Втората половина од годината ќе биде обележана со почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски V8 битурбо мотор и електричен мотор. Вкупната моќност е 812 КС, забрзувањето до 100 км/ч трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 км/ч.

И покрај помалите испораки, Ламборџини оствари приход од 1,74 милијарди евра, што е зголемување од 7,4 проценти во однос на претходната година.

Оперативниот профит изнесуваше 395 милиони евра.

Главниот финансиски директор Паоло Пома изјави дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови, при што повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаат на бизнисот, но не ја оштетуваат позицијата на брендот во луксузниот сегмент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата

Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.

МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли.

Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.

Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија

Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.

СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија

Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог

• четворица специјализанти

• и дерматолози.

Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните.

Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.

Додека ова се случува:

• Мицкоски и Клековски се на екскурзија.

• Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата.

• Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна.
Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов).

• Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба.

Граѓаните се трујат.

Болницата е преоптоварена.

Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија.

Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер