На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 467 пациенти, слободни кревети има - Канал 5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 467 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 467 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 264 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија.

• На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка.

• На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници.

За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра.

За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување.

Ова не е економска политика.

Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери.

Во исто време:

• Инфлацијата ги јаде платите и пензиите.

• Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон.

• Минималната плата остана замрзната.

• Потрошувачката кошница расте секој месец.

А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар:

Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач.

Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит.

Значи - повторно задолжување.

Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода.

А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари.

Долгот расте.

Цените растат.

Животниот стандард паѓа.

Оваа Влада нема економска стратегија.

Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Четири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз.

Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон.

Повредените се однесени во болница

Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот.

Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена.

Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

При пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.

ДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско Езеро

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата.

Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев.

Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер