ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче против независноста: Не можат да го избришат сопствениот срам и да се надминат
Во текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче против независноста: Не можат да го избришат сопствениот срам и да се надминат
2Во текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
ЗдравјеНа инфективните одделенија во земјава се лекуваат 314 пациенти, слободни кревети имаВо изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 35 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 13, Кавадарци 20, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче против независноста: Не можат да го избришат сопствениот срам и да се надминатВидеото за независноста има порака која обединува. Штета што и овој пат СДС е на погрешната страна.Сума сумарум. СДС се лутат зошто го има првиот претседател на независна Македонија во спот за независноста, кој, патем, е избран консензуално, зошто немало ништо за НАТО, а си ќутат за промената на името. Протестираат зошто нема ништо за Груевски и премеруваат кој за што е заслужен, а веројатно им е тешко што го нема Заев или друг премиер. Но, сепак, ова е спот за дел од позитивните страни во овие 35 години. За негативните уште не е снимен, но таму Заев и Венко се во главна улога, а народот сето тоа го памети. Згрозени сме од нивото на политичка култура на Венко Филипче и од начинот на кој политизираат нешто што граѓаните го разбираат и прифаќаат како народна прослава на независноста. Искрено жалиме што СДС нема капацитет да ја види големата слика и да го надмине сопствениот талог. Не сме изненадени, но сме разочарани од тоа што денес претставува ова раководство на СДС. Понатаму нема да коментираме повеќе за партијата која го донесе најголемиот срам и криминал во овие 35 години. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол и едно лице возело под дејство на алкохол со активна забрана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистено разбојништво од почетокот на јули во скопскоОд слобода се лишени две лица и поднесена е кривична пријаваПо преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје - ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, по што со закана со пиштол му одзеле пари. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава и изведени пред судија за претходна постапка кој им определи мерки за претпазливост.Тагови: разбојништво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook