На „Илинденски денови“ семинар за традиционална музика и игра - Канал 5

На „Илинденски денови“ семинар за традиционална музика и игра

 Со промоција на Зборник и презентација на стручни трудови, претпладнево во Битола почна семинар за традиционална музика и игра.

На „Илинденски денови“ семинар за традиционална музика и игра

На семинарот, што се одржува по 17. пат, со свои трудови застапени се универзитетските професори Владимир Јаневски, Родна Величковска, Мирјана Мирчевска, Беким Рамадани, како и магистрите на науки Христијан Николовски, Силвестер Проле, Љупка Стефановска, Тијана Јаневска, Марјан Андоновска и други учесници.

-Семинарот за традиционална музика и игра во Битола претставува еден од најдолго одржуваните стручни семинари во земјава, но и најголемите, и тоа се факти за восхит и почит. Како претходните, така и оваа година на семинарот учествуваат видни, истакнати стручни лица од етнокореологијата, етномузикологијата и етнологијата. Најголем дел од стручните лица се етнокореолози со голема стручност. Со овој семинар и Зборник направена е голема продукција на трудови од етнокореологијата, истакна професор д-р Владимир Јаневски, координатор на семинарот.

Иницијаторот за организирање на стручниот собир во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, м-р Валентин Соклевски, во обраќање пред учесниците на семинарот, нагласи дека во Зборникот главен акцент е ставен на народната игра, на народната носија, а дел и на социјалната антропологија.

-Семинарот ќе заврши на 30 јули, а дотогаш учесниците ќе ги научат критериумите според кои се реинтерпретираат традиционалните содржини во современ контекст како што се фестивалските програми, фестивалските турнеи, но и медиумските формати и образовните системи, посочи Соклевски.

Семинарот за традиционална музика и игра на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е отворен за јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите 

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер