На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ - Канал 5

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“

 Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“.

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“

Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски.

-Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, директорот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња....многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме, истакна Самоиловски.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина. Филмот е за млади, но само за младите, беше речено во фестивалскиот прес центар.

-Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите, посочи режисерот Димитар Оровчанец.

На прес конференција во Битола импресиите од учеството во филмот ги споделија актерките, актерите и продуцентите во „Убиј ги прво децата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Владата го усвои ребаласнот на буџетот. 

Ребаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска пред малку на прес конференција кажа дека со него буџетскиот дефицит ќе се зголеми на 750 милиони евра, или за околу 120 повеќе во однос на првично превдиденото.

Уверува дека приходната страна останува стабилна, а дефицитот се зголемува за да се обезбедат повеќе пари за капиталните инвестиции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија објави доверлива нота за патување на семејството на Мицкоски во Бугарија, премиерот го известил НАТО

Според него со објавувањето на оваа дипломатска нота од бугарските власти се загрозува безбедноста на неговото семејство.

Софија објави доверлива нота за патување на семејството на Мицкоски во Бугарија, премиерот го известил НАТО

Како дипломатски преседан ги оцени премиерот Христијан Мицкоски дипломатските службени белешки од Бугарија кои неодамна беа јавно објавени на бугарски ФБ профили и портали поврзана со посетата на неговата сопруга и малолетен син во Пампорово во јануари. Според него со објавувањето на оваа дипломатска нота од бугарските власти се загрозува безбедноста на неговото семејство, а за случајот кажа дека ги информирал и партнерите од НАТО. Мицкоски овој пример го посочи како одговор на прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, оценувајќи дека последните сигнали од Софија не даваат причина за оптимизам, туку напротив, вели, состојбата дополнително се радикализира, а потезите од бугарските власти ги оцени како аматерски и неразумни.

-Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква. Замислете ние сега да ги вадиме сите дипломатски ноти коишто ги испраќаат од нашиот источен сосед и практично во тие дипломатски ноти пишуваат работи коишто можеби исто така би биле интересни за јавноста. Така што вчера видов еден преседан. За ова ги информирав и партнерите од НАТО затоа што со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство, изјави Мицкоски.

На ФБ профили од Бугарија минатата недела се објавени два службени документи, еден за патување на семејството на Мицкоски во Банско лани во јануари, и вториот за патувањето во Пампорово кое Мицкоски го посочи од јануари оваа година. Со имиња и презимиња се објавени личните податоци на сопругата и синовите на Мицкоски, возачите на автомобилите со кои оделе во Бугарија, полицајците и обезбедувањето кои ги придружувале и нивното оружје. Делумно се замаглени броевите на нивните пасоши и типот на крвната група, а целосно се гледаат броевите на регистарските таблици и марките на возилата.

Во објавите на бугарските профили на социјланите мрежи, докумените се пропратени со прапагандни текстови во кои прмеиерот Мицкоски се портретира како политичар што користи говор додека неговите блиски одат на одмор во Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%

Годишната стапка на раст на цените на основните прехрамбени производи во јули да биде под 3%, било договорено на вчерашниот состанок на Владата со претставници од најголемите ланци на маркети.

Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека следно на маса ќе седне со производителите, дистрибутерите и добавувачите со цел заеднички да се постигне оваа цел. Тој информираше и дека ДПИ е задолжен да подготви споредбена анализа на цените на прехрамбените производи од мај 2025 и мај 2026 година, за да се утврди што точно доведува до зголемувањето на цените.

- Во мај месец беше 4,5 или 4,7 проценти, ако тоа се спореди со соседството, Грција е над 5 проценти, Бугарија е над 6 проценти, Романија е над 8 процени, истото е и со Косово, Хрватска итн. Нешто помалку помеѓу 3 и 4 е Србија и Албанија. Нашата цел е во јули да почнеме со под 3 проценти годишна промена на цените на основните прехранбени производи и оваа задача си ја поставивме и ние како влада, но и сопствениците би рекол претставниците на најголемите на маркети во Македонија. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Дел од претсавниците на маркетите ја поздравуваат најавата на премиерот да се сретне и со увозниците и добавувачите, посочувајки дека крајната цена најмногу зависи од увозната и влезната вредност на производите, додека маркетите се последната алка во синџирот.

-Маркетите како прекупци и последна алка во синџирот, не ја диктираат увозната цена на производите. Она што можеме ние да го направиме е секоја нова драстично повисока влезна цена од добавувачите, веднаш да ја пријавиме до ДПИ и на таков начин да помогнеме да се лоцира што доведува до покачување на цените. – велат дел од претставниците на големите ланци на маркети.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во мај 2026 година изнесува 4,5% на годишно ниво, наспроти 3,3% во истиот месец лани. Забележан е и раст на цените кај храната и безалкохолните пијалаци, кои во мај 2026 година се повисоки од лани за 5,4%, додека во мај 2025 годишниот раст споредбено со 2024 изнесувал 4,9%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер