На Харвард ќе можат бесплатно да студираат повеќе студенти - Канал 5

На Харвард ќе можат бесплатно да студираат повеќе студенти

 Харвард објави бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари годишно, и е еден од неколкуте елитни универзитети во САД што ја прошири паричната помош за студентите

На Харвард ќе можат бесплатно да студираат повеќе студенти

- Харвард објави бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари годишно, и е еден од неколкуте елитни универзитети во САД што ја прошири паричната помош за студентите, по одлуката на Врховниот суд да забрани расна позитивна дискриминација при упис на факултет.

Новата програма го зголемува лимит на приходи и ќе стапи во сила оваа есен, јавија синоќа дел од американските медиуми. Претходно на Харвард бесплатно можеа да студираат само семејства со приходи под 85.000 долари годишно. Просечниот приход по домаќинство во САД изнесува околу 80.000 долари.

Универзитетот на Пенсилванија лани во ноември објави дека ќе понуди бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари. Масачусетски институт за технологија (MИТ) најави ист лимит од 200.000 долари, слично на планот што го понуди и Калтек. Уште неколку универзитети лани исто така ги зголемија своите лимити за финансиска помош, како Дартмут, Универзитет на Вирџинија и Универзитет на Северна Каролина.

Одлуката нема многу да ги смени нештата бидејќи студентите кои годишно се запишуваат во колеџите од таканаречената „лига на бршленот“ (Ivy League) се под 1 отсто од вкупниот број на уписи во американските високообразовни институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Сојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран има нова мета?

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.

Иран има нова мета?

Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми.

Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним.

„Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер