На грчко- бугарската граница се продаваат лажни корона тестови за 40 евра (ВИДЕО)

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавија лажни тестови за ковид 19, кои се продаваат за 30 до 40 евра, јави грчката телевизија Мега.

Според таа телевизија, интензивната контрола извршена во Промахонас во последните неколку дена покажала дека постои организирана група која им продава сертификати на туристите кои сакаат да ја преминат границата.

Ова се сертификати кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот за коронавирус.

Станува збор за документи од нерегистрирани лаборатории за молекуларна контрола каде името на пациентот се менува за надомест.

Ваквите фалсификувани тестови биле откриени од полицијата, поради што било решено од следната среда да бидат прифатени само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас изјави вчера, најавувајќи нови мерки за коронавирусот, дека тестовите што покажуваат негативни резултати ќе бидат детално проверени кај Промахонас и дека ќе има санкции во случај на неавтентични и лажни тестови.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

Во Велес исчезна 56-годишен маж

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

За викендот дожд и грмежи, а на планините снег

 Во петок и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. 

Утре претежно во јужните делови, а во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи, соопшти УХМР.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

притисни ентер