3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветНа годишнината од „ДенотД“, Бајден вети поголема поддршка за Украина (ВИДЕО)Американскиот претседател Џо Бајден повика на комеморацијата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за одбрана на слободата и демократијата.Американскиот претседател Џо Бајден повика на комеморацијата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија за одбрана на слободата и демократијата, апелирајќи до западните сили да истраат да ѝ помагаат на Украина и да не попуштат пред руската тиранија. На церемонијата со францускиот претседател Емануел Макрон и американските ветерани на Американските гробишта и споменикот во Нормандија, Бајден рече дека е „едноставно незамисливо“ да се повлече пред руската агресија и вети дека нема да отстапи од помагањето на Украина. Тој ги повика западните и НАТО сојузниците повторно да го разбудат духот на Денот Д и да работат заедно во време кога, според неговите зборови, демократијата е под поголема закана од кога било од крајот на Втората светска војна. „Изолационизмот не беше одговорот пред 80 години и не е денес“, рече Бајден. На 6 јуни 1944 година, повеќе од 150.000 сојузнички трупи ја нападнаа Франција по море и воздух за да ги истераат силите на нацистичка Германија. Тие слетаа на пет плажи со кодно име Омаха, Јуно, Сворд, Јута и Голд. Бидејќи ветераните, од кои многумина сега се на возраст од 100 години или постари, се малку, ова веројатно ќе биде последната голема церемонија во Нормандија каде што ќе им се оддаде лична чест. Бајден рече дека му е голема чест да ги поздрави насобраните американски ветерани, велејќи им од говорницата: „Господ ве сака“. „Мажите кои се бореа овде станаа херои“, рече тој. „Тие знаеја без сомнеж дека има работи за кои вреди да се бори и да се умре“. Зборувајќи на британската церемонија во Вер-сур-Мер претходно денеска, британскиот крал Чарлс, облечен во воена униформа, повика на поголема меѓународна соработка во борбата за мир. „Се потсетуваме на лекцијата што ни се враќа по неколку децении: слободните нации мора заедно да се спротивстават на тиранијата“, рече Чарлс, зборувајќи на англиски и француски. На свеченостите учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Олаф Шолц и многу други. Русија, која ја нападна Украина во 2022 година, не е поканета. Лидерите треба да усвојат декларација во која ќе укажат дека демократијата во Европа е повторно под закана и ветуваат дека ќе ги бранат слободата и демократијата, велат два извори. Речиси 200 ветерани, главно Американци и Британци, учествуваа во церемонии во текот на денот на плажите кои сè уште ги носат лузните од жестоките борби на Денот Д, најголемата амфибиска инвазија во историјата. Илјадници сојузнички војници загинаа, како и германски војници. На американската церемонија во Колевил-сур-Мер, Макрон им ја додели Легијата на честа на американските ветерани, од кои многумина беа во инвалидски колички. Маркон истакна дека Франција нема да ја заборави нивната жртва. „Денес си дојдовте дома овде, ако можам да кажам така“, рече тој. На плажата Омаха, каде што на 6 јуни 1944 година загинаа речиси 2.400 американски војници, повеќе од 20 шефови на држави и влади учествуваа на меѓународна церемонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но... Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција . Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСостојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос БолсонароКарлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки. Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата. Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа. Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор. Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен. Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook