На гласање задолжително со маска, избирачките места дезинфицирани

Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на КОВИД-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да одат во избирачките места и да гласаат.

Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето, за набљудувачите, како и за гласачите.

– Според протоколот за гласање, најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место ќе бара гласачите да стават заштитна маска.

– По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.

– При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.

– Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

– Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација.

Гласањето на парламентарните избори на изборниот ден 15 јули ќе биде продолжено за два часа и ќе трае до 21 часот.

Гласање според Упаството на ДИК

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а претходно е спроведено темелно механичко чистење и дезинфекција на просториите или објектот за гласање, како и на тоалетите.

Во зависност од можностите и условите пред и во гласачкото место ќе се постават на јасно видливи места едукативно информативни материјали за почитување на заштитните мерки и препораки. Задолжително ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција, ќе се врши редовно, а по можност и зачестено одржување на хигиената. Се препорачува во просториите што ќе се користат како гласачки места прозорците да бидат отворени за време на гласањето или, пак, зачестено да се проветруваат на секој час.

На гласачкото место Избирачкиот одбор задолжително го одржува редот и дисциплината при влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место или објектот, заради почитување на заштитните мерки и препораки, односно запазување на потребното растојание помеѓу лицата при влегување, внатре во просторијата и при излез од гласачкото место, дали е извршена задолжителна дезинфекција на рацете при влез во гласачкото место и задолжителното носење на лична заштитна опрема, односно маска. Во зависност од можностите и условите ќе се постават соодветни ознаки за правецот на движење на гласачите и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на гласачите пред и внатре во гласачкото место.

На секое избирачко место задолжително ќе има средства за дезинфекција и корпа за отпадоци. Лицето кое гласа задолжително мора да носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку носот и устата.

Гласачите мора да држат растојание од 1,5 до 2 метри при влез во избирачкото место и при излез од него. При самото влегување во внатрешниот простор гласачот најпрво ги дезинфицира рацете. По приложување на документот за лична идентификација, накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификација и притоа го запазува минимум потребното растојание од членовите на ИО.

Во гласачкото место ИО не смее да дозволи истовремено присуство на повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање. При напуштање на гласачкото место гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете.

Во Упатството во делот што се однесува на членовите на ИО и сите останати лица на кои им е дозволено да бидат присутни на гласачкото место за време на гласањето и кои го следат гласањето им се препорачува задолжително да ги почитуваат општите заштитни превентивни мерки и пораки. Тие од моментот на влегување на гласачкото место за време на гласањето и по неговото завршување при извршување на работата и работните активности мора да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца. Заштитната маска членовите на ИО мора да ја менуваат на секои четири часа додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење. Членовите на ИО мора да одржуваат физичка дистанца од 1,5 метар.

Членовите на ОИ и сите лица на кои им е дозволено да бидат присутни при отворањето на гласачките кутии и сумирање на резултатите потребно е да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца која треба да изнесува минимум 1,5 метар.

По завршување на изборните активности гласачките места од страна на ДИК ќе бидат темелно механички исчистени и ќе се изврши дезинфекција на просториите и тоалетите.

ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“

Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“.

Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост.

Врз основа на ДСА, Европската комисија на 25 април минатата година прогласи 19 веб страници, социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за е-трговија за „многу големи онлајн платформи“, кои до крајот на август мора целосно да се усогласат со строгите правила на Законот што се предвидени за платформите со ваков статус .

Дополнително, ист статус Еврокомисијата на 20 декември 2023 година им го додели на уште три сајтови, кои треба да се усогласат со ДСА до крајот на месецов.

Со најновата одлука, статус „многу големи онлајн платформи“ имаат вкупно 23 сајтови, социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија и тоа „АлиЕкспрес“, „Амазон“, „Бинг“, „Букинг“, „Википедија“, „Гугл Мапс“, „Гугл Плеј“, „Гугл Срч“, „Гугл Шопинг“, „Еп Стор“, „Заландо“, „Икс“, „ИксВидеос“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Линкедин“, „Пинтерест“, „Порнхаб“, „Снепчет“, „Стрипчет“, „ТикТок“, „Фејсбук“ и „Шејн“.

Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија

Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата, изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Шведска (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

ВАР постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и две области кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР“, изјави денеска Рајнфелд, кој е поранешен премиер на Шведска, за весникот Афтонбладет.

„Ние го почитуваме тоа. Затоа на претходниот состанок на Претставничкиот комитет воопшто не изнесовме предлог за ВАР и не го предвидувам тоа ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на игра“, истакна првиот човек на шведскиот фудбал.

Новиот „Smart“ е огромен: Производителот ги објави димензиите

Збогум за малиот градски автомобил?

Само десет дена откако го прекина производството на моделот „ForTwo“ во Хамбах и на тој начин ги прекина последните врски со микромобилноста, „Smart“ сега е на другата страна на светот (во Кина) се обидува да ги убеди луѓето да го сакаат нивниот најголем модел досега - 4,75 метарски теренец!

Имено, новиот концепт „Smart #5“е дури и подолг од „Mercedes GLC“.

Се чини дека ова е конечно крајот на приказната за малиот градски автомобил.

„Повеќе од четвртина век, „Smart“ се залага за урбана мобилност и паметни решенија во градскиот сообраќај“, вели извршниот директор Дирк Аделман.

„Затоа, концептот #5 е можеби најнеочекуваниот и најразноврсен автомобил што нашиот бренд некогаш го дизајнирал. Со него, ги оставаме сите граници зад себе и отвораме нов сегмент за клиентите во Европа и остатокот од светот“, додаде тој.

Внатре, „Smart #5“ е исто така огромен. Со меѓуоскино растојание од околу 3 метри, тоа не се однесува само на огромниот простор на поединечните седишта во задниот дел, кои веројатно ќе станат конвенционални задни седишта во серискиот модел, туку и за багажникот.

Иако „Smart“ отсекогаш изгледал малку како играчка, овој концепт во никој случај не е инфериорен во однос на споменатиот „Mercedes GLC“.

Сосема спротивно. Кога станува збор за електрониката, дури и претстојната генерација на инфозабава „MBUX“ за следниот „Mercedes CLA“ изгледа речиси застарена.

Два огромни „OLED“ екрани сјаат во кокпитот на „Smart“, а брзиот процесор на „AMD“ го напојува паметниот бот, чија вештачка интелигенција го има истиот талент за разговор и, пред сè, разбирање како „ChatGPT“.

Покрај тоа, технологијата од 800 волти гарантира неверојатно брзо полнење (до 80 проценти за 15 минути), а капацитетот на батеријата од повеќе од 100 kWh овозможува опсег од над 550 километри.

Тоа би требало да биде доволно и за подолги патувања.

„Smart #5“ сè уште ја има ознаката „Concept“ пред своето име. Но, шефот на европската компанија, Дирк Аделман, не остава сомнеж дека овој префикс ќе биде краткотраен.

Планирано е серискиот модел да се најде во продажба во Кина веќе оваа година, а во светот во 2025 година.

„И, како што сме навикнати од # 1, со изненадувачки мала промена од концептот“, вели Аделман.

Ако Аделман навистина успее да го спроведе својот план за почетна цена далеку под 50.000 евра, тогаш не само што ќе биде поевтин од „Mercedes EQA“ и „EQB“, туку и новиот „EQC“ ќе ја изгуби својата привлечност.

Извор: Б92

притисни ентер