На фудбалер разбојници му ги киднапирале жената и детето- тој се скрил под кревет - Канал 5

На фудбалер разбојници му ги киднапирале жената и детето- тој се скрил под кревет

Полициска истрага е покрената во Еквадор откако сопругата и синот на фудбалерот Џексон Родригез (26) биле киднапирани од провалници.

На фудбалер разбојници му ги киднапирале жената и детето- тој се скрил под кревет

Инцидентот се случил во средата околу 2.50 часот во градот Гвајакил, според началникот на локалната полиција Едисон Родригез, пренесува Мирор.

Се претпоставува дека 26-годишниот бек им кажал на властите дека се сокрил под неговиот кревет кога наводно слушнал како разбојниците му ја пробиваат влезната врата со чекан. Фудбалерот ѝ рекол на полицијата и дека откако погледнал низ прозорецот забележал луѓе како „заминуваат со сив пик-ап“.

Според полициските извештаи, при влегувањето во нивната куќа, осомничените прво прашале каде е Родригез, а потоа ги киднапирале сопругата и петгодишниот син на фудбалерот. Родригез ѝ рекол на полицијата дека не добил никакви заканувачки пораки пред инцидентот.

Прогласена вонредна состојба

Гвајакил, главниот град на провинцијата Гуајас и местото на инцидентот, е во вонредна состојба од јануари 2024 година поради прогласен „внатрешен вооружен бунт“.

Ова не е прв случај на киднапирање во населбата Мучо Лоте 2. Имено, на 6 јануари се случило насилно киднапирање кое ја шокираше локалната заедница. Оттогаш на социјалните мрежи се појавија видеа од обидот за киднапирање.

За време на инцидентот во јануари, сопственикот на продавницата бил однесен од вооружени лица, му ја скршиле вратата, а потоа го претепале. Локалните извори тврдат дека жртвата наводно платила 10.000 долари за да биде ослободен, иако напаѓачите првично барале 50.000 долари.

Ноќeска на паркинг во Битола опожарени три возила

Синоќа на паркинг во Битола на улицата Леринска  изгореа три возила,според информациите возилата биле на  сопруга на битолски бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник.

Ноќeска на паркинг во Битола опожарени три возила

Случајот во СВР Битола бил пријавен 20 минути по полноќ. Од таму потврдија дека се опожарени три возила со битолски, скопски и тетовски регистерски таблички.според очевидци пожарот избил од „возило тојота и ги зафатил и другите две возила.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени три возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата. Во инцидентот нема повредени лица.

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

 Најмалку 160 лица загинаа, а 234 се исчезнати на медитеранската рута од почетокот на годината до 17 мај, соопшти Меѓународната организација за миграции во Либија.

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Исто така, објавено е дека во истиот период 8.665 мигранти се фатени на море и вратени во Либија, пренесе Анса.

Од нив 7.369 се мажи, 895 жени, 296 малолетници, а за 105 лица не е познато од кој пол се.

Форум за културна дипломатија во Скопје

Во просториите на министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска се одржува третиот форум за културна дипломатија, во организација на кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.

Форум за културна дипломатија во Скопје

Темата на овогодишниот форум е „одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување глобални партнерства“.

YouTube video

притисни ентер