КултураНа Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ На Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.Промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, ќе се одржи денеска напладне во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, при УКИМ. Станува збор за зборници на трудови во издание на Катедрата за славистика при Институтот за славистика и балтичка филологија, објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia (Linguae Slavicae)”. Приредувач на двете изданија е Златко Панзов, а преводот од македонски на унгарски јазик е на Анамарија Цинеге-Панзова. Зборникот Блаже Конески „За македонскиот јазик“ (Blazse Koneszki: A macedón nyelvről) е издаден по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Во содржината на Зборникот се вбројуваат предговорот на Златко Панзов, како и текстовите на Блаже Конески: „Развојот на македонскиот литературен јазик”; „Афирмација на македонскиот јазик” и „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици”. Во Зборникот е приопштен и текстот „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик” од Крсте Петков Мисирков. Публикацијата содржи и фотографии од првите изданија на граматиката од Блаже Конески, од Македонскиот правопис, од Решението за воведување на македонската азбука, како и од оригиналната корица на книгата „За македонцките работи”. Зборникот „Македонски книжевно-историски мозаик“ (Macedón irodalomtörténeti mozaik) е сочинет од пет научни статии посветени на низа книжевно-научни и културолошки теми: „Епската и арс-поетиката на Блаже Конески”; „Огнот и водата во лириката на Ацо Шопов” од Владимир Мартиновски; „За некои особености на книжевната критика на Коста Солев Рацин” од Иван Антоновски; „Женска книжевна архива – од усно творештво до (пост)феминистично писмо” од Ана Мартиноска и „Млада македонска поезија” од Звонко Танески. Рецензенти на објавените трудови се Иштван Лукач и Дарин Ангеловски, стои во соопштението од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” Анамарија Цинеге-Панзова (1976, Унгарија) е литературен преведувач на унгарски и македонски јазик. Во 2002 година дипломирала на Факултетот за хуманитарни науки ЕЛТЕ во Будимпешта и се здобила со звањето професор по унгарски јазик, а во 2003 година на тој факултет се стекнува и со звањето филолог по полски јазик. Работела како лектор по унгарски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2011-2016). Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Нејзините научни истражувања се фокусирани на рецепцијата на македонската книжевност во унгарски културен контекст. Активно преведува од 2004 година. Објавила дваесетина преводи од унгарски на македонски јазик: Иштван Еркењ („Едноминутни новели“), Бела Хамваш („Филозофија на виното“), Адам Бодор („Округот Синистра“), Шандор Мараи („Свеќите горат до крајот“), Ѓерѓ Конрад („Заминување и враќање“, „Горе на ридот при помрачување на сонцето“), Деже Костолањи („Корнел Ешти“), Кристина Тот („Пиксел“), Илдико Ловаш („Шпанска невеста“), Антологија на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“ и др. Објавила повеќе преводи од македонски на унгарски јазик, меѓу кои најзначајни се „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (Goce Szmilevszki, Freud húga 2012), „Резервен живот“ од Лидија Димковска (Lidija Dimkovszka, Tartalék élet 2015), „Вештица“ од Венко Андоновски (Venko Andonovski, Boszorkány 2018), „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески (Nenad Joldeszki, Mindenkinek a maga tava 2019); за книжевни списанија ги превела Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Прокопиев и др. Активно учествува во организирање културни настани за промоција на македонската култура во Унгарија. Дел е од организацијата на манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта, единствена манифестација од ваков тип во Унгарија. Во рамките на своите докторски студии на Институтот за славистика и балтичка филологија држи предавања за превод на македонски и унгарски јазик. Добитничка е на почесно Рациново признание за 2024 година за значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите на државата. Златко Панзов (1979 г., Гостивар) е лектор, литературен преведувач, културен менаџер. Дипломирал на групата Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, магистрирал на културологија на Институтот за македонска литература на тема „Исток и запад – осиромашување на човековиот дух во делата на Бела Хамваш“. Докторанд е на Докторската школа за литература при Универзитет ЕЛТЕ, Будимпешта. Предмет на неговите интереси и истражувања е историографската метафикција во македонскиот и унгарски современ роман. Работел како професор по македонски јазик, а од 2003 година активно се занимава со литературен превод. Работи како лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија при универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта. Досега објавил над четириесет преводи од унгарски јазик за повеќе издавачки куќи. Меѓу нив спаѓаат преводи на дела од Бела Хамваш, Адам Бодор, Ноеми Сечи, Петер Надаш, Шандор Мараи, Ѓерѓ Конрад, Деже Костолањи, Кристина Тот, Иштван Еркењ, Ференц Молнар, Михаљ Бабич, Ласло Краснахоркаи, Атила Бартиш, Ѓерѓ Драгоман, Едина Сворен, Бенедек Тот, Петер Естерхази, Ноеми Киш, Ѓерѓ Шпиро, Тибор Дери и др. Заедно со Анамарија Цинеге-Панзова ја приредиле и превеле Антологијата на унгарскиот краток расказ „Сецирање на живо“; зборникот „За македонскиот јазик“, избор на текстови од Блаже Конески и Крсте Петков Мисирков, објавен по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и зборникот „Македонски книжевно-историски мозаик“ (2023), избор на текстови од реномирани македонски книжевни теоретичари. Од 2019 година ја организира манифестацијата Денови на македонска култура во Будимпешта. Во 2023 ја добива наградата за книжевен превод „Драги“ за преводот од унгарски јазик на романот „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро, се наведува во соопштението од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook