На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција - Канал 5

На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција

 Фестивалот на „Музика од светот“ во Битола продолжува со целовечерен концерт на една од најпопуларните грчки групи „Коза Мостра“ која на публиката во битолскиот Центар за култура ќе и понуди репертоар комбиниран со балканска музичка традиција.

На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција

Групата „Коза Мостра“ од Солун постои 13 години, како претставник на Грција учествувале на Евровизија, а во 2013 година приредија концерт во античкиот театар во Охрид, изјави за МИА, во пресрет на вечерашниот концерт, Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

- Нашите гости од соседна Грција вечер ќе презентираат музичка енергија содржана од традиционалното и фолклорното, дополнето со динамичен хард рок, хеви метал, ска и диско елементи. Групата „Коза Мостра“ настапувала на бројни меѓународни фестивали, а во Битола доаѓаат директно од Полска каде гостуваа на фестивал во таа држава. За нас како организатори и домаќини е чест што вечер меѓу другите, наши гости ќе бидат и амбасадорката на Грција во Македонија и конзулот на Грција во Битола, најави Илковски.

Фестивалот на „Музика од светот“ завршува утревечер со настап на пијанистката од Русија со уметничко име Гамазда (Александра Кузнецова).

-Од Гамазда очекуваме незаборавна пијано вечер. Гамазда на концертите има специфичен и уникатен стил. Таа рок класиците од 80-тите и 90-тите години ги презентира автентично и со моќен рок дух. Впрочем нејзините видеа имаат милионски прегледи на YouTube, нагласи Илковски и додаде дека завршниот фестивалски концерт ќе се одржи во салата на битолскиот театар во која претпладнево подготвивме посебна сцена.

Фестивалот на „Музика од светот“ чиј домаќин и организатор е НУ Центар за култура-Битола се одржува со поддршка на Министерството за култура и Оштина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зејдок Јохана потпиша петгодишен договорсо Брајтон

Досегашниот фудбалер на шведскиот АИК, Зејдок Јохана, е нов член на Брајтон, објави англискиот клуб. 

Зејдок Јохана потпиша петгодишен договорсо Брајтон

Јохана потпиша петгодишен договор со Брајтон, а Би-Би-Си објави дека клубот од Премиер лигата му платил на клубот од Стокхолм обештетување од 21,5 милиони фунти за 18-годишниот нигериски крилен напаѓач.

Младиот Зејдон досега одигра 18 натпревари за првиот тим на АИК, на кои постигна пет гола и четири асистенции.

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хурцелер, рече дека со нетрпение очекува да работи со Јохан.

„Откако ги видов неговите игри и неговите карактеристики, тој е играч кој може да направи разлика во последната третина. Тој е сè уште млад и ќе му треба време да се адаптира на клубот и на Премиер лигата, но е возбудлив играч за гледање и носи креативност во која ќе уживаат нашите фанови“, рече Хурцелер, како што објави Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ

Демократската унија за интеграција денес повторно се обиде да произведе политички спектакл преку манипулации, неточни информации и намерно мешање на поими од катастарска документација.

ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ

Демократската унија за интеграција денес повторно се обиде да произведе политички спектакл преку манипулации, неточни информации и намерно мешање на поими од катастарска документација, со единствена цел: да го префрли вниманието од сопствените имотни, финансиски и политички скандали.

Соопштението на ДУИ е лага и не е борба против корупција, туку е криење на својата корупција. Тоа е очаен обид партијата која со години ги претвори институциите во приватен сервис, денес да глуми обвинителство преку партиски соопштенија. ДУИ свесно манипулира со јавноста.

Од катастарски податоци се извлекуваат политички конструкции. Се мешаат поими како имотен лист, носител на право, парцела, градежна пријава и намена на објект, со цел кај јавноста да се создаде впечаток за нешто што воопшто не е точно.

Сакаат да претстават земјиште од 60 м2, со идеален дел од по 30 м2, како 7 викендици. Научна фантастика во режија на политичките лузери.

Вистината е едноставна: ДУИ нема аргументи против ВРЕДИ, па затоа произведува конструкции. Кога ВРЕДИ зборува за работни места, тие зборуваат за измислени афери. Кога ВЛЕН зборува за европска агенда, тие произведуваат театар. Кога ВРЕДИ отвора процеси за решавање на проблемите што ДУИ со години ги остави нерешени, тие се обидуваат да ја загадат јавноста со лаги. Кога ВРЕДИ зборува за институции, ДУИ зборува со партиски обвиненија.

ВРЕДИ нема никаков проблем со институционални проверки. Напротив, секој функционер, секој имотен однос и секој документ може и треба да биде проверен од надлежните органи, согласно закон. Но, ДУИ нема право да дели лекции за транспарентност. Не партијата која со години ги контролираше јавните буџети. Не партијата која остави нерешени проблеми, полурешенија и институционални незаконитости. Не партијата која власта ја користеше за лична корист, партиски бизниси и заштита на сопствени кругови.

Не партијата која денес бега од одговори за сопствениот имот, за сопствените блиски луѓе, за сопствените афери и за начинот на кој се создаваа богатства додека граѓаните чекаа правда, работа и достоинство.

ДУИ денес не бара вистина. ДУИ бара димна завеса. Бара тема со која ќе го покрие сопствениот страв од отчетност. Бара лажен скандал за да избега од вистинските прашања.

Прашањето е дали ДУИ има храброст да одговори на прашањата што јавноста со години ги поставува за нив.

Кој се збогати додека ДУИ беше власт? Кои бизниси растеа со политичка заштита? Кои функционери и блиски луѓе создаваа имоти додека институциите беа ставени под партиска контрола? Роднините на Али Ахмети, фамилијата на Бујар Османи или кругот на пријатели на Блерим Беџети?

Зошто ДУИ никогаш не отвори вистинска внатрешна отчетност за сопствените кадри? Зошто секогаш кога треба да се зборува за нивните афери, тие измислуваат нова приказна за ВЛЕН?

ВЛЕН нема да ја следи хистеријата на ДУИ.

Нашиот одговор е јасен: нека проверат институциите сè што треба да се провери. Но, истовремено, нека не се дозволи ДУИ да ја злоупотребува јавноста со лажни конструкции и политички монтажи.

Граѓаните веќе добро ја препознаваат оваа техника: кога ДУИ е под притисок, ДУИ измислува скандал. Кога треба да одговори за себе, ДУИ покажува со прст кон други. Кога нема резултати, произведува театар.

Разликата е јасна. ДУИ произведува лаги и спектакли. ВЛЕН произведува процедура, институции и резултати. ДУИ сака јавноста да се занимава со нивните конструкции.

ВЛЕН ќе продолжи да се занимава со работни места, европска агенда, правична застапеност, решавање на реалните проблеми и враќање на институциите кај граѓаните.

И на крај, најважно:

ДУИ очигледно се плаши од вистината. Граѓаните ќе ја дознаат вистината за нив, многу скоро, за сите нив. Затоа денешното соопштение на ДУИ е доказ за нивната нервоза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев

Жалбата што ја поднесе екс директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев

Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.

Богоев е осомничен во истрагата која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер