316 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
НаукаНа ФЕИТ се одржа ROBOMAC JUNIOR 2026На Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во Скопје, од 20 април до 25 април, се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главни организатори беа ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE. На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории. Во категоријата Автономна Мобилна Роботика, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, влатен медал осоија Ѓорѓи Ристов, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопје, Благоја Николов, СОУ “Јане Сандански”, Струмица, и Гордана Клинчарова, СОУГ “Добри Даскалов”, Кавадарци. Во истата категорија сребрен медал освоија Марко Гавриловски, МИГ, Скопје, Андреа Боризовска, СУГСГ “Орце Николов”, Скопје, Михаил Митевски, СУГСГ “Јосип Броз Тито”, Скопје, а бронзен медал Ѓорѓи Костадинов, СОУГ “Добри Даскалов”, Кавадарци, Филип Величковски, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопје, како и Кети Јоноска, ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, Охрид. Во категоријата Паметна Електроника за Автономни Возила, организирана од Институтот за електроника, златен медал освоија Трајче Трајковски, СУГСГ “Раде Јовчевски Корчагин”, Скопје, Лун Иванов, Гимназија “Бора Станковиќ”, Ниш и Данил Стојановски, СОСУ “Илинден”, Скопје. Сребрен медал добија Ана Христовска, СУГС ”Георги Димитров”, Скопје, Сања Филиповиќ, СОУГ “Кирил Пејчиновиќ”, Тетово, Лина Чашитовска, СОУГ “Јосип Броз Тито”, Битола, а бронзен медал Кристијан Ристески, МИГ, Скопје, Амар Марукиќ, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопје и Стефан Антиќ, МИГ, Скопје. Освен натпреварувачките активности, се одржаа и предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката: „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и проф. д-р Томислав Карталов; „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински и „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов. Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување. Учесниците заминаа побогати со нови знаења, интереси и пријателства, а ФЕИТ и IEEE се обврзаа да ја продолжат оваа убава традиција, редовно и збогатено во иднина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook