Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
1Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
ФудбалНа ѕвезда на Манчестер Јунајтед му се заканува затвор поради долг од 167.000 евра за издршка за своите девет деца Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андерсон, се соочува со затворска казна во неговиот роден Бразил поради наводно неплаќање алиментација.Судот му наложи да плати долг од 142 илјади фунти (околу 167 илјади евра) или да оди во затвор, пишува Дејли Меил. Одлуката ја донесе семејниот суд во Порто Алегре, родниот град на 37-годишниот пензиониран фудбалер, а неодамна стана јавна. Андерсон беше предупреден дека може да помине 30 дена зад решетки ако не го подмири долгот. Според извештаите на бразилските медиуми, поранешниот бразилски репрезентативец, кој освои четири титули во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, ќе биде сместен во ќелија со висок степен на безбедност во „затворен режим“ освен ако не изврши плаќање во последен момент. Во случај на пренатрупаност на затворот, ќе се применува поблаг, „полуотворен режим“, кој ќе му овозможи да излегува во текот на денот за да учи или да извршува општествено корисна работа, со задолжително враќање во ќелијата преку ноќ. Судската одлука се однесува на долгот за алиментација настанат до 28 јули, кој изнесува нешто повеќе од еден милион бразилски реали. Татко на девет деца со проблематично минато Андерсон, кој неодамна откри дека е татко на девет деца, сè уште не дал официјална изјава за случајот. Неговиот адвокат Хулио Сезар Коитињо Џуниор потврди за медиумите дека станува збор за случај во кој се вклучени малолетници, но одби да коментира понатаму поради наредби за доверливост. Поранешниот фудбалер, кој играше и за Фиорентина и Интернационал, ја заврши кариерата на 31-годишна возраст. Ова не е прв пат Андерсон да има проблеми со законот. Пред пет години, тој беше во центарот на истрага за наводи за перење 4,7 милиони фунти (5,39 милиони евра) преку криптовалути. Бразилскиот весник „Глобо“ потоа го именуваше како еден од осумте осомничени во приказната за повлекување пари од државната берза, но во моментов не е познато дали таа истрага сè уште е во тек. Спомени од славните денови и животот со Роналдо За време на својата кариера, Андерсон играше осум пати за бразилската репрезентација, со која ја освои Копа Америка во 2007 година и бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Тој пристигна во Манчестер Јунајтед во 2007 година од Порто како втор Бразилец во историјата на клубот, по Клеберсон. Со „Црвените ѓаволи“, меѓу другото, ја освои Лигата на шампионите во 2008 година. Во едно неодамнешно интервју, тој се потсети на своите рани денови во Англија, откривајќи како Кристијано Роналдо и неговиот тогашен соиграч Нани го „посвоиле“. Тој рече: „Многу му благодарам. Ме посвои. Живеевме во куќата на Роналд речиси една година. Заминавме затоа што сакавме да заминеме. Според него, можевме да останеме. Не потрошивме ништо. Човекот нè возеше на тренинг, нè хранеше, имаше готвач за нас. Внатре и надвор од куќата имаше базен, џакузи и тениско игралиште.“Тагови: затвор Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт. Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго. Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова. Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ. Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари. Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиШпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата! Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио. Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место. Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција. FIRST #MotoGP POLE POSITION 👏 FANTASTIC @25raulfernandez 😎 #IndonesianGP 🇮🇩 https://t.co/xrczx7JHrd — MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 10, 2026 Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место. Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо. Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика. Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка. Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter