3Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош
МакедонијаНа Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежиСпоред мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите. Таквата состојба ги загрижува жителите на „Ѓољот“, како што го нарекуваат дојранчани Езерото, и не сакаат да помислат дека може да им се случи повторно еколошка катастрофа како таа од крајот на минатиот и почетокот на овој век кога повеќе години Дојран повеќе личеше на бара отколку на езеро. Проблемот со празнењето на Езерото во 2002 година беше решен со пуштањето во употреба на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Во последните три години системот не работеше, но во ноември лани првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков повторно го пуштија во функција Хидросистемот од кој проработеа три од десетте пумпи. По еден месец, поради дефект и дотраеност на системот, престанаа да работат, а до пред десетина денови во Езерото дотекуваше вода само од една пумпа. И таа престана да тече, па каналот по кој се слива водата во Езерото е сув и запуштен и ниту капка вода не дотекува. Ништо не е поскапо од „Ѓољот“ На местото каде отворениот канал ја носи водата во Езерото го затекнавме Филип Дончевски, поранешен прв директор на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“, кој на нашето прашање зошто нема вода во каналот најпрвин само кусо искоментира: - Ништо не е поскапо од „Ѓољот“, ниту струјата, ниту цевководот, ниту запирањето и пуштањето во употреба на Хидросистемот. Дојран еднаш го спасивме, вторпат можеби ќе успееме, но трет ќе нема, категоричен е Дончевски. Според него, голема грешка е направена кога е исклучена катодната заштита на цевководот, посебно на местата каде се направени заварувањата. - Не требаше да ја исклучат и катодната заштита, бидејќи поради тоа почна да претекува и системот да не функционира во целост. Истото се случува и со пумпите на Ѓавато, како и на препумпните станици, каде најпрвин се пумпа водата од 60 до 120 метри, односно се испумпува од едно огромно подземно езеро. Водата е многу чиста и може веднаш да се пие, вели Дончевски. Посочува дека може да се најде решение со струјата, односно вишокот дневна струја може да се насочува кон Хидросистемот и дури доволно е тој да работи само преку ден. - Според мои сознанија, ќе се прават панели за производство на струја за да не се плаќа толку и доволно е само во текот на денот да тече водата, односно на принцип на дневна струја, која сега е вишок, односно системот да работи само дење. Оваа вода му треба на езерото, бидејќи езерото како еко систем се промени по дотурот на друга вода. Но, по толку време, на некој начин Езерото се навикна на таа вода и така ќе биде за векови. Во 2002 година количината на вода во Дојранското Езеро беше намалена од 200 милиони кубни на само 40. Тогаш дотекуваа 16 милиони вода од Ѓавато и тоа на 32 километри квадратни оваа количина е 50 сантиметри вода. Тогаш ние дадовме, но и Господ даде вода, објаснува Дончевски. Подвлекува дека е потребно ангажирање на науката за да може Езерото нормално да живее и опстојува. Вели дека Езерото сега е повлечено 140 сантиметри од нормалното ниво, а најмногу достигнало пред 3-4 години кога било на 20 сантиметри до максимумот. Без целосна реконструкција на цевководот од Хидросистемот нема полнење на Езерото Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, смета дека Хидросистемот треба најпрвин добро да се реконструира за да може да функционира. - Моментално состојбата е повеќе од загрижувачка - тој не работи. Самиот цевковод на повеќе места е дупнат и истекува вода и има големи губитоци на вода. Без реконструкција тој не може да функционира нормално, ниту да биде во функција. Во моментот не тече вода. Нивото на водата во Дојранското Езеро постепено се намалува и тоа е секогаш така за време на летниот период кога испарува водата и најмногу се чувствува во август и септември. Очекувам сега, во август и септември, да има нагло повлекување на водата. Ситуацијата не е уште загрижувачка заради тоа што има време да се подобри. Доколку не се среди можеме да дојдеме до нова еколошка катастрофа и затоа апелиравме повеќе пати до Министерството за животна средина и просторно планирање дека е неопходно пуштањето во употреба на Хидросистемот, вели Ангов. Додава дека лани праќале информација до Владата и барале да се изврши реконструкција од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Заклучокот на Владата бил дека нема планирано средства и таа дала задача на Министерството да се обезбедат тие средства. - Но, за жал и со последниот ребаланс пак нема средства и тоа е навистина жално. Ние имаме три природни езера и за нив да покажуваме толку негрижа е катастрофално. Не зборувам за оваа Влада туку наназад многу години, односно системот од кога е направен во 2002 година ништо не е направено, иако има таму вработени, но хидросистемот не функционира, објаснува градоначалникот на Дојран. Посочува дека во последно време се води негативна кампања која лошо влијае на туризмот, но и за сите инвеститори кои последните години почнале да инвестираат во Дојран. - Јас цврсто верувам дека може да се изнајде решение зашто тие финансиски средства за ова министерство и за државата не се ништо. И пак ќе напоменам -ингеренциите за Хидросистемот и за функционирањето се директно под Министерството за животна средина и просторно планирање. Одговорноста за функционирањето и нефункционирањето е на Владата и министерството. Тука Општината нема никакви ингеренции. Ние единствено што можеме е да реагираме по писмен пат, на средби и состаноци, посочува Ангов. Пред секоја нова туристичка сезона и повлекувањето на водата Општината реагира со рамнење на плажите и посипување со песок, ама годинава водата драстично се повлекува и од лани Езерото за првпат се најде под нулта котата и тоа е загрижувачко и треба да се реагира, односно, како што вели Ангов, Хидросистемот е направен за таа намена да го дополнува Езерото кога е потребно. - Според нашите планови, кои ги правиме со експертите, системот не треба да функционира во текот на целата година, туку од април до септември кога има најголеми губитоци. Не гледам начин како би профункционирал и во наредниот период доколку не се направи реконструкција и да се обезбедат средства. Има големи шанси наредната година да се повтори еколошката катастрофа доколку продолжи сушниот период и неработењето на системот, смета дојранскиот градоначалник. На наше прашање дали во празнењето на Езерото придонес има и грчката страна, Ангов смета дека се помали површините на грчка страна кои се наводнуваат со вода од Дојран. - Порано беа повеќе, а сега помалку поради тоа што и таму има иселување и површините се намалуваат. Но, се влијае на нивото на водата, дури и подземните води кои ги користиме за водоснабдување во сушниот период, рече Ангов. Празнењето на Дојран ги празни и џебовите на угостителите Во разговор со неколку угостители, кои имаат свои објекти на брегот од Езерото, празнењето и повлекувањето на водата повеќе или помалку ги празни и нивните џебови. Велат дека тоа се чувствува на прометот и ако се спореди со тој од пред три години кога Езерото беше полно, тогаш годинава тој е намален. - Се чувствува по нашиот џеб. Покрај многуте фактори, секако повлекувањето на водата не може да не прави оптимисти. Засега можеби помалку, но ако продолжи овој тренд тогаш и бројот на гостите драстично ќе опадне со што ќе се доведе во прашање нашето работење. Се надеваме дека ќе се најде решение за полнење на Езерото и враќањето на сјајот од пред неколку години, велат угостителите. Туристите, кои во овој дел на годинатга традиционално се во најголем број од државата, велат дека Дојран има многу предности како што се лековитата вода, климата и релативно евтиниот одмор, но повлекувањето на водата и ним им создава проблеми. - Генерално, Дојран секогаш е убав, но повлекувањето на водата не е убава глетка, а и капењето не е тоа што беше од пред неколку години. Сега и плажите се поместени и не е пријатно да пешачите до новите плажи, посебно до тие каде поставувате сопствен чадор и лежалки. Се надеваме дека Езерото пак ќе се наполни и ќе продолжиме со голема радост да доаѓаме тука, велат туристите со кои поразговаравме на Градската плажа. Последните години забежливо е зголемувањето на бројот на српските туристи, кои на пат за Грција често застануваат да одморат и посетат некој угостителски објект, но ги има и такви кои остануваат неколку денови. И тие се изненадени од повлекувањето на водата, иако капењето не им е во преден план, туку краткотрајниот одмор и да ги вкусат дојранските специјалитети. Министерството се труди да обезбеди дневен дотур на вода, а се изработува и проект за рехабилитација на Хидросистемот МИА се обрати и до Министерството за екологија и просторно планирање и на нашето прашање што ќе преземат како итна мерка за да не дојде до нова еколошка катастрофа, ни одговорија дека Владата и надлежните се информирани за состојбата со хидросистемот и неопходноста од рехабилитација. - Засега се во функција само неколку пумпи кои обезбедуваат зафаќање на вода од бунарското подрачје. Дополнителен проблем е и лошата состојба на каналот кој е уништен и кој не обезбедува целосен доток на вода од пумпите до Езерото. Министерството во овој момент се труди и во една ваква состојба да обезбеди дневен дотек на вода до езерото. Во меѓувреме се спроведува постапка за изработка на студија/проект за рехабилитација на хидросистемот, се наведува во одговорот на ресорното Министерство. Додаваат дека реконструкција ќе се прави по завршувањето на проектот/студија за проценка на системот за рехабилитација. На прашањето, пак, какви се проценките, колку би чинела целосната реконструкција на хидросистемот и за колку време би била завршена, ни одговорија дека тоа ќе го покаже основниот проект/ студијата. - Министерството започна проект за одржливост на акумулацијата „Паљурци“ каде се анализира и потребата од рехабилитација и обновување на Хидросистемот „ Дојранско езеро“. Со овој проект се планира хидросистемот да припадне под АД „Водостопанство“ и да биде управуван од нивна страна, наведуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми. Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности. ,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,, Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПартиите продолжуваат со меѓусебните обвинувања за влезот на Алта банкаСватови, кредити, акции... Продолжува политичката пресметка меѓу партиите кој е виновен за влезот на Алта банка во Македонија. Од Вреди на прес-конференција презентираа нови документи со кои тврдат дека Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои, како што велат, завршиле кај Давор Мацура. Според Вреди, од записникот на владината седница од 6 јуни 2023 година се гледа дека првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Димитар Ковачевски, претседавале со седницата на која била донесена одлуката за давање согласност за продажба на државните акции во Стопанска банка АД Битола, а Груби се потпишал на одлуката објавена во „Службен весник“. - Прво: Артан Груби, во присуство на Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши, во Владата донесуваат па потпишува одлука државата да ги извади на продажба конфискуваните акции во Стопанска банка Битола. Второ: Во игра влегува сватот на Али Ахмети преку фирмата „АС Сењак“, кој купува пакет акции во истата таа Стопанска банка Битола, а негова поврзана фирма повлекува 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка“ во Белград. Трето: И државните акции што ги ослободи со потпис Артан Груби, и приватните акции на сватот на Али Ахмети, завршуваат во рацете на контроверзниот Давор Мацура за преземање на банката, изјави Саранда Имери Стафаи-ВЛЕН. Реагираа од ДУИ од каде ги отфрлија обвинувањата дека владината одлука на СДСМ и ДУИ од 2023 година го отворила патот за влез на „Алта банка“ во земјава. Одговорноста ја гледаат исклучиво кај актуелната влада и институциите што ги издале дозволите. - Ако ДУИ ја донела Алта Банка како таа влезе во Македонија за време на вашето владеење? Како институциите што вие ги раководите го дозволија нејзиниот влез? Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: „Крадецот вика: држете го крадецот!“, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ ги прозваа Филипче и СДСМ дека заедно со ДУИ го отвориле патот за влез на банката, а сега, според владејачката партија, СДСМ се ставиле во одбрана на ДУИ и фирмата на сватот на Ахмети. -Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? изјави Манасиевски. Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ја внеле Алта банка во Македонија, сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Од опозициската партија како целосна манипулација го оценија документот од 2023-та според кој Мицкоски и власта тврдат дека претходната влада ги продала акциите за Алта. - Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“, изјави Борозан. Сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи, пак, за дел од медиумите, негира каква било вмешаност во случајот со Алта банка и најави тужби. Од неговата компанија „АС Сењак“ тврдат дека ниту зеле кредит од Алта банка, ниту влијаеле за нејзиниот влез на македонскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter