На Денот на танцот почнува 21. издание на Танц Фест Скопје - Канал 5

На Денот на танцот почнува 21. издание на Танц Фест Скопје

Како што соопштија организаторите, оваа година, Танц Фест Скопје го става фокусот на врската меѓу танцот и технологијата преку повеќедневна интерактивна поставка во Националната Галерија Чифте Амам – Скопје.

На Денот на танцот почнува 21. издание на Танц Фест Скопје

На Меѓународниот ден на танцот - 29 Април, ќе биде отворено 21. издание на Танц Фест Скопје. Фестивалот ќе почне со читање на домашната порака од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, а воедно ќе биде доделена и наградата „Менада“ на годинашната добитничка – Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера.

Фестивалот ќе се одвива до 13 мај. Отворањето ќе биде збогатено и со краток перформанс на UCSB Танцова Компанија, од Калифорнија, Санта Барбара, кој е вовед во целосната изведба нивната продукција „Рефракции - гласови на светлината и темнината” која ќе ја видиме на 30 април во МКЦ.

Како што е најавено, кулминација на вечерта ќе биде светската премиера на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на Рисима Рисимкин.

Во февруари 2025 година, Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

Како што соопштија организаторите, оваа година, Танц Фест Скопје го става фокусот на врската меѓу танцот и технологијата преку повеќедневна интерактивна поставка во Националната Галерија Чифте Амам – Скопје.

Во рамки на оваа програма, ќе бидат претставени три клучни проекти. Првиот проект е „Ringside“ - проект кој користи технологија на виртуелна реалност (VR) за снимање и прикажување на изведбите на групи гледачи во опуштена, поинтимна атмосфера преку VR наочари.

Вториот проект е „Stage360“ - нова форма на сценска изведба — виртуелно доживување на претстави преку VR очила, снимени со 360° камера поставена во самото срце на сцената. „Stage360“ создава нов начин на гледање и приближување на современите сценски практики до нова публика.

Ова е иновативно и интерактивно уметничко искуство што гради мост помеѓу минатото и иднината на сценската уметност.

Третиот проект е „LuminAI“ - танц и вештачка интелигенција – интерактивна уметничка инсталација на д-р Милка Трајкова од Институтот за технологија Џорџија, САД. „LuminAI“ е иновативен проект развиен од Georgia Tech, кој овозможува интерактивна импровизација меѓу човекот и вештачката интелигенција преку танц. Учесникот танцува пред екран, додека виртуелниот партнер – воден од AI – ги следи, анализира и им одговара на движењата со свои импровизирани гестови. Проектот ја истражува креативната соработка меѓу телото и алгоритамот, отворајќи нови можности за уметничка експресија и перформанс во дигиталната ера.

-Како и секоја година, програмата на Танц Фест Скопје дава особен фокус на домашните и младите уметници, кои оваа година ќе ги претстават соработките со

Скопје Танцовиот Театар: „Вортекс – Одисеја“ и „Мокументари” – на Адријана Данчевска Ровчанин; „Exo на Баронот“ – на Дејан Битровски; како и соработката

со кореографката Џилда Цесарио од Италија, „Несовршен Превод”, се вели во соопштението за фестивалот.

Фестивалот ќе биде затворен на 13 мај со интерактивната кореографска претстава „Myselves“ на K-Dance, пионери во спојувањето на современ танц и

дигитална уметност. Оваа изведба ја истражува врската меѓу танчерот и неговите повеќе „јас“, инкорпорирајќи автономни и непредвидливи визуелни и

звучни ефекти, кои ги пресликуваат емотивните и психолошките состојби на танчерот преку сензори за движење и оптичка анализа.

Настанот е поддржан од Интерарт и Францускиот институт во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќа во Црна Гора:Карпа падна врз автобус полн со ученици на екскурзија, има повредени

Најмалку четири деца се повредени синоќа во сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со ученици од основни училишта од главниот град на Црна Гора, Подгорица. 

Несреќа во Црна Гора:Карпа падна врз автобус полн со ученици на екскурзија, има повредени

Несреќата се случила во местото Штитарицка Ријека, на магистралниот пат меѓу Мојковац и Колашин во Црна Гора.

Според првичните информации од теренот, полицијата претпоставува дека карпа се одронила од страната на патот и паднала врз автобусот.

Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија, а несреќата се случила околу 20:45 часот, на приближно три километри од Мојковац во правец кон Колашин.

Во болница биле пренесени четири деца и возачот на автобусот. Според првичните проценки, повредите најверојатно се полесни, но сите повредени биле упатени на лекарски преглед.

Од болницата во Бијело Поље било потврдено дека четири лица итно биле пренесени во оваа здравствена установа. На местото на несреќата биле испратени и сите расположливи екипи на Итната медицинска помош од Бијело Поље и Мојковац.

Во тек е евакуација на патниците од автобусот, додека надлежните служби работат на расчистување и обезбедување на теренот.

Полицијата продолжува со проверка на околностите под кои дошло до несреќата и треба да утврди како точно дошло до одронот и ударот врз автобусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....

Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста.

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, го прогласи за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја врачи наградата „Златна камера 300“ на годинашниот лауреат, данскиот кинематографер, Дан Лаустсен.

Во своето обраќање, таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската.

За неа, особено значајно е што меѓу 12-те кинематографери чии филмови се во официјалната селекција се најдоа и два македонски филма, со кои ќе се отворат и затворат 47. издание на Фестивалот, што претставува признание и импулс за македонскиот филм.

Таа укажа дека камерата не е само техничко средство за создавање филмска слика, туку и моќен естетски инструмент и сведок на времето, кој не само што го регистрира и прикажува светот, туку му дава значење и ни овозможува да го разбереме.

Според претседателката, овогодишното мото на Фестивалот „Ткајачи на филм“ е исклучително силна метафора, оти филмот се ткае од светлина и сенка, од боја и движење, од звук и тишина, од вулкански емоции, оригинални идеи и моќни визии, од минатото, сегашноста и иднината, од традицијата и иновацијата, од искуството на големите мајстори и храброста на новите генерации.

„Од пионерскиот подвиг на Јанаки и Милтон Манаки, до современите врвни достигнувања на светската кинематографија, оваа фестивалска приказна се ткае и ткае како драгоцено културно наследство на филмскиот разбој“, рече таа.

Сиљановска-Давкова нагласи дека наша должност е да го поддржиме, сочуваме и продолжиме ова драгоцено наследство, создавајќи услови новите генерации уметници слободно да творат, експериментираат, поставуваат смели прашања и храбро да ги поместуваат хоризонтите на можностите.

Таа потсети дека, и покрај молскавичните промени, дигиталната поплава и модерните визуелни технологии, човекот и неговата емоција остануваат најважните ткајачи на филмските приказни, како што бабите се највештите ткајачки на килими и шехерезади.

„Нека Теона, Тамара, Дина, Косара и Марија поттикнат други авторски таленти и гласови во филмската ткајачка фабрика, нека искуството и мудроста се сретнат со младоста и непослушноста, нека блесне светлата страна на Балканот, Европа и светот и нека помогне во протерувањето на темната!“, порача претседателката.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитувани кинематографери,

почитувани организатори,

почитувани гости,

почитувани ткајачи на филмови,

драги Манакиевци,

Присуството на Манаки во Битола, пред сѐ, е чест и привилегија, но и специфичен естетски и интелектуален предизвик. Споделувањето филмски искуства и водењето уметнички дијалог со светски познатите кинематографери, волшебници за и зад камерата, е недовршена книга на засега исткаени 46 приказни, чуени и видени во Битола, градот на татковците на кинематографското ткаење, првите балкански филмски сниматели, браќата Јанаки и Милтон Манаки.

Битола е позната по жедта за култура, а фестивалот стана неопходна духовна храна за битолчани. Градот под Пелистер живее за фестивалот, но и фестивалот живее во и со градот. По битолските сокаци, коишто браќата Манаки ги овековечија на филмската лента, доаѓаат филмаџии од целиот свет да ги презентираат своите дела и да се инспирираат од делата на другите. Да ве потсетам на зборовите на големиот Бергман: „Нема уметност што поминува низ нашата совест на начин на којшто тоа го прави филмот, допирајќи ги директно нашите емоции, длабоко во темните простори на нашата душа. А, темнината има автор и тој доаѓа во Битола“. Луцидна мисла, посветена на светски познатиот кинематографер Џеф Кроненвет кој, покрај Ден Лаустсен важи за главна ѕвезда на фестивалот. Не помалку значајни се и 12. кинематографери на филмовите во официјалната селекција. А, меѓу нив, за што особено треба да бидеме горди, се најдоа два македонски филма со кои ќе се отвори и затвори 47. издание на Фестивалот. Во овој чин препознавам признание, но и импулс за македонскиот филм.

Драги пријатели,

И на ова издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе ја потврдиме посветеноста кон уметноста, културата и творештвото како возвишени облици на човечката духовна слобода. Впрочем, „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал. Тој е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканска кинематографија со светската. Во раскошната ткаенина е вградена една исклучително важна кинематографска вистина: камерата не е само техничко средство за создавање филмска слика, туку клучен сведок и моќен естетски инструмент. Не само што го регистрира времето, туку, истовремено му дава значење. Не само што го покажува светот, туку ни овозможува да го протолкуваме и разбереме. Токму во тоа е големината на кинематограферите и на нивната уметност. Тие ја претвораат светлината во приказна, просторот во атмосфера, мигот во меморија, а човечкиот поглед во универзален јазик. Во таа смисла, овогодишното мото на фестивалот, „Ткајачи на филм“, е исклучително силна метафора. Вистина е дека филмот се ткае од светлина и сенка, од боја и движење, од звук и тишина, од вулкански емоции, од оригинални идеи, од визии. Се ткае во сегашноста, но и од минатото и од иднината, од традицијата и од иновацијата, од искуството на големите мајстори и од храброста на новите генерации. Токму вакво ткаење е историјата на „Браќа Манаки“. Од пионерскиот подвиг на Јанаки и Милтон Манаки, до современите врвни достигнувања на светската кинематографија, оваа фестивалска приказна се ткае и ткае како драгоцено културно наследство на филмскиот разбој. Наша должност е да ја поддржиме, сочуваме и да ја продолжиме. Должни сме да создадеме услови новите генерации уметници да творат, да експериментираат, да поставуваат смели прашања и да го поместуваат хоризонтот на можностите.

Во време на молскавични промени, дигитална поплава и модерни визуелни технологии, пред кинематографијата се отвораат незамисливи можности и предизвици. Но, чинам дека, колку и да се менуваат технологиите, останува темелното и суштинско сознание дека човекот и неговата емоција се најважните ткајачи на филмските приказни, како што бабите се најдобрите ткајачки на килими и шехерезади.

Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста.

Нека Теона, Тамара, Дина, Косара и Марија поттикнат други авторски таленти и гласови во филмската ткајачка фабрика, нека искуството и мудроста се сретнат со младоста и непослушноста, нека блесне светлата страна на Балканот, Европа и светот и нека помогне во протерувањето на темната!

Со особена чест и задоволство, дозволете ми да го прогласам за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и да ве препуштам на ткајачите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо.

Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

16 Крушево, 14 Ѓуриште, 11 Прилеп, 2 Берово, 1 Битола, Скопје – Петровец.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер