Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување
1Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ЖивотНа денешен ден10 април 20261583.- Роден е холандскиот правник, писател и хуманист Хиг де Грот, познат како Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Припаѓал на „школата за природно право“ и ја докажал еднаквоста меѓу луѓето и пред законот. Дела: правни и религиозни - „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christus patiens“... 1585.- Умрел папата со италијанско потекло Гргур Тринаесетти, кој во текот на 13 години како црковен поглавар ги поттикнувал француските римокатолици на злосторства. Тој го поддржувал шпанскиот крал Фелип Втори, приврзаник на инквизицијата, во борбата против Англија. Советуван од астрономите во 1582 година го реформирал календарот, наречен Грегоријански. 1814.- Британските и шпанските сили во битката кај Тулуз ги поразиле трупите на францускиот цар Наполеон Први, кој утредента абдицирал и бил прогонет на островот Елба, во Средоземното Море. 1847.- Во Мако, Унгарија, е роден Џозеф Пулицер, по потекло Унгарец, значајно име во американското новинарство. Се смета за зачетник на „жолтиот печат“, односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена „Пулицеровата награда“ за новинарство, култура и литература. Учествувал во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна станал сопственик на издавачки куќи и бил избран во Конгресот. Умрел во Јужна Каролина, во САД, на 29 октомври 1911 година. 1867.- Умрел рускиот шахист Александар Дмитријевич Петров, прв руски шаховски мајстор и шаховски теоретичар. Тој бил втемелувач на руската шаховска школа и најсилен шахист во првата половина на 19. век. Иако го сметале за непобедлив, тој никогаш не играл надвор од Русија. Во 1824 година издал учебник за шахот. Една од шаховските варијанти е наречена според него - Петрова одбрана. 1916.- Почнала масовната германска офанзива на Верден, која во историјата на Првата светска војна е позната како „Верденска кланица“, а во која требало да се уништат француските сили. Но, во жестоките борби двете страни загубиле по половина милион луѓе а крвавиот судир завршил без победник. 1919.- Убиен бил Емилијано Запата, водач на Движењето на мексиканските селани за аграрна реформа. Тој со многубројните акции и битки ја создал бурната историја на мексиканската револуција. Роден бил во 1877 година. 1932.- Роден е египетскиот филмски актер Мајкл Шалхуб, познат како Омар Шариф, кој најчесто играл во улоги на романтичен љубовник и херој. Филмови: „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“, „Смешна девојка“. 1948.- Започнала изградбата на хидроцентралите „Маврово“. 1954.- Умрел францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимиер кој со неговиот брат Луј ја направил првата филмска камера и во Лион отворил фабрика за изработка на фотографски материјал. Браќата пронашле постапка за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредиле првата филмска претстава во светот („Влегување на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“). 1963.- Во северниот Атлантик во експлозија на американската нуклеарна подморница „Трешер“ загинаа 129 лица. И по долгата истрага не била соопштена причината за најтешката подморска несреќа во историјата на САД. 1972.- Во земјотрес во јужниот дел на Иран загинале повеќе од 5.000 луѓе. 1972.- Повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги САД и СССР, ја потпишале Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје. 2001.- Горниот Дом на холандскиот Парламент со мнозинство гласови гласал за законот за евтаназија, не земајќи ги предвид уличните демонстрации на противниците на тој закон, со што Холандија станала прва земја во светот во која било озаконето убиството од милосрдие. 2010.- Во близина на Смоленск се урнал авионот на полскиот претседател Лех Качињски - „Тупољев“ 154. Во несреќата загинал претседателот и 95 патници, меѓу кои и голем број полски владини претставници. Полската делегација требало да присуствува на комеморација на илјадниците полски офицери, воени заробеници, кои пред 70 години биле убиени во Катинската шума од страна на советската тајна полиција. Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавувањеНастанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС.По повод Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата, денеска во Собранието се одржа настанот насловен „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС. Целта на проектот е воспоставување одржлив и интегриран национален систем за заштита на децата и младите во дигиталната средина, преку унапредување на постојните механизми за помош, советување и пријавување штетни и незаконски содржини на интернет. Настанот го отвори пратеничката и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието, Јованка Тренчевска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста од подигнување на јавната свест за ова исклучително значајно прашање. Таа се осврна и на Предлог-законот за заштита на малолетните лица при користење дигитални услуги и социјални мрежи, кој во моментов е во собраниска процедура. Гонце Јаковлеска, претставничка на Цивика мобилитас, истакна дека нивниот фокус во овој период е премин од дијалог кон конкретни постигнувања. Таа нагласи дека веќе постојат истражувања и податоци кои ја потврдуваат сериозноста на проблемот и дека преку вакви иницијативи се очекува да се придонесе кон промени и воспоставување соодветни механизми за заштита. Претседателката на ИМПЕТУС, Лилјана Пецова Илиеска, ја истакна улогата на организацијата во поддршката на младите, особено како поврзувачка точка меѓу граѓаните и институциите. Таа посочи дека граѓаните можат да се обратат до ИМПЕТУС за проблемите со кои се соочуваат на дигиталните платформи и да добијат соодветна консултација и насоки за понатамошно постапување. Меѓу клучните предизвици што ги посочи беа сложеноста на механизмите за пријавување проблеми на дигиталните платформи, недоволната информираност за постојните механизми, како и поврзаноста меѓу заканите во дигиталниот простор и последиците во реалниот живот. Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Жарко Змијанац, нагласи дека основната улога на организацијата е застапување на правата и потребите на децата, поради што е неопходно да се изнајдат функционални механизми и соодветни форми на заштита. Тој посочи дека, само 0,2 проценти од постојните случаи се пријавени на СОС-линијата, што укажува на сериозен проблем со недоволната доверба кај младите и нивната информираност за тоа каде и кому можат да се обратат. Како еден од приоритетите ја истакна потребата од унапредување на платформата „Ало Бушавко“ и линијата 116 - 111, со цел нивно зајакнување како доверливи контакт-точки преку кои децата и младите ќе можат да пријават различни форми на насилство и да добијат соодветна поддршка. Во продолжение следеше онлајн презентација на Клои Комсток од Меѓународната мрежа на линии за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца – INHOPE, на тема „Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка“. Презентацијата ги опфати функционирањето на овие механизми, нивната улога во откривањето и пријавувањето незаконски содржини, како и значењето на меѓународната соработка. Во рамки на понатамошната дискусија беа опфатени улогите и надлежностите на клучните институции во процесот „Од пријава до институционално постапување“, со посебен осврт на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и институциите надлежни за заштита на децата. Беше разгледана и судската перспектива во постапувањето по предмети поврзани со материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), при што беше истакнато значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите. Како клучни заклучоци од настанот беа издвоени: Подготовка на нацрт-модел за воспоставување национална линија за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), кој ќе биде доставен до надлежните институции; Зајакнување на капацитетите на институциите и стручните служби преку специјализирани обуки; Унапредување на координацијата и соработката меѓу институциите и граѓанските организации; Подобрување на информираноста и довербата кај децата и младите во постојните механизми за пријавување и поддршка; Зајакнување на стручните служби во образованието во препознавањето и соодветното постапување во случаи на насилство и злоупотреба. Настанот ја потврди потребата од координиран пристап, функционални механизми за пријавување и институционална подготвеност, со цел секое дете да има пристап до навремена, доверлива и соодветна заштита, како во дигиталната, така и во реалната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаВештачката интелигенција станува сè поважна за развојот на компаниитеВештачката интелигенција станува сè поважна за развојот и конкурентноста на компаниите. Нејзината примена може да им овозможи побрзо работење, поголема продуктивност и полесен пристап до странските пазари. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски предупредува дека компаниите кои нема навреме да се приспособат на новите технологии ризикуваат да заостанат зад конкуренцијата. Но, за вештачката интелигенција да придонесе за побрзи јавни услуги и развој на домашните компании, потребна е и соодветна инфраструктура, која засега претставува еден од главните предизвици. „Клучот ќе биде институциите побрзо малите и средните претпријатија да прифаќаат употреба на вештачката интелигенција за да ги забрзаат процесите и да си помогнат во сопствениот раст, а јавната администрација побрзо да испорачува услуги за граѓаните.Ние имаме еден голем недостаток на којшто работиме целиот изминат период тоа е непостоењето на големи податочни центри,којашто таа вештачка интелигенција ќе ја процесираат тука во Македонија, предолго време се залажуваме дека со употреба на туѓи податочни центри , туѓи системи,туѓи агенти ќе успееме да развиваме македонски развој. Што се однесува до талентот, до вештината тука воопшто не заостануваме како држава, мислам дека сме на едно исклучително високо ниво“--Стефан Андоновски. Владата најавува поддршка за развој на ИТ-индустријата, со фокус на подобрување на законската регулатива и дигиталната инфраструктура. Целта е создавање услови за нови инвестиции, отворање работни места и поголема економска вредност „Се работи за тема којашто е во топ три теми во светот во моментов. Ние како Влада се обидуваме да ги овозможиме сите услови, и на легислатива и на инфраструктура, со цел да може ИТ-индустријата да расте, да се отвораат нови работни места, да се создава додадена вредност и на тој начин, секако, да расте и економијата.“ --Александар Николоски. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии –МАСИТ , во чија организација денес на годишната конференција со учество на домашни и меѓународни експерти, порачаа дека новата генерација вештачка интелигенција отвора нови можности за развој на бизнисот и домашната ИКТ-индустрија. Еден од клучните проекти за примена на вештачката интелигенција е „Везилка“, вреден над пет и пол милиони евра, кој предвидува развој на јазичен модел на македонски јазик и воведување дигитални алатки во институциите. Веќе се потпишани меморандуми за соработка со Собранието и Министерството за образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРечиси една година без плата – работниците на „ФАКОМ“ на протест пред Граѓанскиот суд Со блокада на улицата пред Граѓанскиот суд, вработените од металопреработувачката команија „Факом“, го изразија незадоволството од повеќектатното одложување на постапката за отворање стечај. Од судот пак попладнево соопштија дека е донесено решение за отворање стечајна постапка над фирмата и е назначен стечаен управник. Денешното рочиште беше четврти обид за отворање стечај, откако претходните три биле одложени..Вработените велат дека иако компанијата имала нарачки и работа, тие од 15 април преставале да одат на своите работни места, бидејки од јануари живеат без плата, а регрес за годишен одмор не земале од 2022 година.Од синдикатите бараат судовите да даваат приоритет на ваквите предмети, бидејки зад секоја одложена постапка, велат стојат стотици работници и семејства кои со месеци и години чекаат на своите заработени пари. -10 месеци се оставени на милост и немилост од сите. 10 месеци без придонеси и плата, 10 месеци без здравствено осигурување. Размислете, околу 500 фамилии во денешно време без здравствено осигурување. Која голгота преживуваат овие луѓе позади мене тука,- Аднан Узеировски - претставник на синдикатот на „Факом“. „Факом“ како компанија во изминатиот период, а и моментално, има работа, има нарачки, но од нас непознати причини компанијата не може да ги исплати платите за нашите вработени. Револтот е насочен моментално према овој суд, бидејќи мислиме дека три пати одложување на едно рочиште за отворање на стечајна постапка,- Игор Герасов, претседател на синдикат на индустрија, енергетика и рударство. На проетстот се приклучија и поранешни вработени во градежната компанија Бетон..Иако во нивниот случај стечајна постапка е отворена, велат дека веќе пет години ги чекаат заостанатите поабрувања. -Дел од вработените позади нас се поранешни вработени од градежништво „Бетон“, каде што работодавачот е исти и на „Факом“ и на „Бетон“, меѓутоа за нивна среќа во тоа време се отвори стечајот, по неисплатени осум плати и два регреси за годишен одмор, но петта година веќе нема никаква исплата. Затоа замолуваме да каже и судијката и стечајниот управител до кога овие луѓе ќе чекаат, бидејќи сè понетрпеливи се и не се во ситуација да најдат нова работа или не се во години да можат да работат за да ги прехранат семејствата, едноставно си ги чекаат овие заостанати плати и регрес,- Иван Пешевски - Синдикат за градежништво. Од основниот граѓански суд сооштија дека формалното речение за отворање на стечајна постапка над „Факом“ дополнително ќе биде изготвено и објавено во Службен весник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45