3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНа денешен ден9 април 2026- Денеска е Ден на македонските железничари 1553.- Во Париз умрел Франсоа Рабле, француски писател, најпозната личност во француската ренесанса. Негово најпознато дело е фантастично-хумористичниот роман „Гаргантуа и Пантагруел“. Роден бил во 1490 година. 1588.- Умрел италијанскиот сликар Паоло Веронезе, еден од најзначајните претставници на венецијанското сликарство. Тој бил мајстор на колоритот, динамичните композиции, сликар на гозби, скапоцени ткаенини, ентериери и екстериери, на ренесансен амбиент во кој пренесувал библиски и митолошки теми. Веронезе обработувал теми од христијанството и античката митологија, го славел богатството и моќта на Венецијанската република. 1683.- Францускиот истражувач Робер Кавелије, Сјер де Ла Сал прогласил пространа територија во Америка за територија на Франција, нарекувајќи ја Луизијана во чест на кралот Луј Четиринаесетти. 1821.- Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимавал со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Ги надминал естетските форми на своето време, во поезијата внесол оригинални бои и егзотика, задржал елементи на романтизмот и го навестил симболизмот. Главно негово дело е збирката песни „Цвеќето на злото“. Умрел на 31 август 1867 година. 1873.- Од Солун во Велес пристигнал првиот воз. Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвоил одлука со која 9 Април го прогласил за Ден на македонските железничари. 1928.- Во Турција во рамките на реформите кои ги спроведувал Кемал Ататурк исламот престанал да биде државна религија. 1933.- Роден е францускиот филмски актер Жан Пол Белмондо, носител на главни улоги во речиси сите важни филмови за францускиот „нов бран“ од 60-ите години на 20 век. Тој играл во филмовите „Биди убава и молчи“, „До последен здив“, „Модерато кантабиле“, „Крадец“, „Борсалино“, „Страв над градот“, „Мисисипи“ и други. 1933. – Во Велес е роден Тихо Најдовски, македонски писател, еден од основачите и долгогодишен управник на меѓународната книжевна манифестација „Рацинови средби“. Член на ДПМ бил од 1969 година. Автор е на книгите: „Трепетлика“, „Јасминка“, „Солзи“, „Олеандровиот цвет“, „Увил“, „Меѓа“, „Мерка за немирот“ и други. Добитник бил наградите: на РТС за книга за деца на СВП, „Климент Охридски“, „Девети Ноември“ – награда на градот Велес. Починал на 24 април 2007 година. 1959.- Умрел американскиот архитект Френк Лојд Рајт, еден од творците на модерната функционална архитектура. Прв во САД употребил армиран бетон и индустриски градежен материјал и силно влијаел на современата архитектура. Конструирал неколку градби вклучувајќи го Гугенхајмовиот музеј во Њујорк и хотелот „Империјал“ во Токио. 1983.- Во Скопје умрел рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден бил во 1909 година. 1991.- Грузискиот парламент едногласно ја усвоил Декларацијата за независност од Советскиот Сојуз, по референдумот на кој 97 отсто од граѓаните се изјасниле за нејзина независност. 1997.- Во Скопје умрел Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист, сопруг на познатата пејачка од ромско потекло Есма Реџепова. Роден бил во Кочани, во 1924 година. 2001.- Во Луксембург била потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Македонија и Европската унија. Собранието на Република Македонија ја ратификувало Спогодбата за стабилизација и асоцијација на 12 април 2001 година. 2005.- Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс се венчале во Виндзор. Венчавката првпат во историјата на монархијата во Обединетото кралство била спроведена според граѓанска процедура во локалната општина. Првата сопруга на Чарлс, принцезата Дајана, загинала во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година. 2007.- Најмалку 26 лица загинале, а 18 биле повредени во судирот на камион со автобус во западниот дел од Иран. Автобусот полн со верници кои се враќале во Исфахан, по обиколката на неколку верски места во соседен Ирак, паднал во долината откако камион удрил во мостот на патот што ги поврзува градовите Илам и Керманџ, околу 700 километри југозападно од престолнината Техеран.Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за меѓуврсничко и семејно насилство, безбеден сообраќај и кражбиДенеска (26.10.2026) полициски службеници од Полициска станица Делчево реализираа превентивна едукативна активност на учениците од седмо одделение во ООУ „Ванчо Прќе“ на тема „Меѓуврсничко насилство-Безбеден интернет“.Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициски станица Пробиштип во содејство со полициски службеници од криминалистичка полиција и Црвен крст – Пробиштип на учениците од шесто одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“, одржаа едукативно предавање на тема „Меѓуврсничко насилство-Безбеден интернет”. Посебен акцент беше ставен на запознавање на учениците со надлежностите на МВР, мерки и активности што се преземаат од страна на МВР во однос на оваа проблематика и превенцијата од вакви појави. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од Полициска станица Виница во содејство со полициски службеници од криминалистичка полиција Виница реализираа превентивна едукативна активност на учениците во седмо одделение од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница на тема „Меѓуврсничко насилство и Безбеден интернет“. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна едукативна активност на учениците во трета и четврта година СОУ „Јане Сандански“ Штип на тема „Учам, полагам, возам“. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани на повеќе локации во централно градско подрачје во Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Возете безбедно со технички исправно возило“. За време на спроведувањето на активноста на возачите учесници во сообраќајот и беше појаснета законската регулатива околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Поделени им беа летоци и едукативни совети на возачите. „Со знаење против сајбер и сајбер булинг“ е превентивниот проект што Отсекот за превенција при СВР Охрид, го реализираше во основното училиште „Живко Чинго“ во охридското село Велгошти. Полициски службеници од отсекот за превенција, пред учениците одржаа едукативни предавања на темата и низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за облиците на сајбер насилства и агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите. Проектот ќе биде реализиран и низ другите основни училишта. Денеска (26.10.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес за учениците од прво до четврто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари, велешко, реализираа едукативно предавање на тема „Правила за малите пешаци“, со цел децата, како најмлади учесници во сообраќајот, од најрана возраст да се запознаат со основните сообраќајни правила и прописи. Едукативно предавање на тема заштита од врсничко и сајбер насилство во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци, спроведоа полициски службеници од ОВР Кавадарци, во рамки на кое учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при тоа појаснувајќи им ги начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. На подрачје на општина Чашка, денеска беше реализирана превентивна активност на тема „Пријави семејно насилство“, со цел граѓаните да се запознаат со појавите на семејно насилство, постапките и процедурите што се преземаат, како и нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство. Додека, полициски службеници од Полициска канцеларија Демир Капија, спроведоа активност за заштита од кражби, укажувајќи им на граѓаните како да ја зголемат личната безбедности да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности со цел укажување на возачите за ризикот од управување на возило под дејство на алкохол, што претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, како и на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Тетово, вчера (25.10.2026) во Основно училиште „Наим Фрашери“ во Тетово одржаа едукативно предавање „Правила на мали пешаци“, во кој беа опфатени децата од првото одделение, на кои стручно обучени полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, им одржаа предавање на децата како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со честитки за студентската листа во Србија: Телефонски разговор со Илија СрдановиќДенеска премиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му беше честитано за постигнатиот изборен резултат и победата. Во разговорот му бил посакан успех во периодот што следува, со надеж дека ќе продолжи развојот на добрите односи меѓу двете држави. Било истакнато дека меѓусебното почитување, добрите меѓудржавни односи и соработката се важни за градење заедничка иднина и остварување на интересите на граѓаните во двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter