На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

24 март 2026

На денешен ден

- Светски ден на борба против туберкулозата

1603.- Во Лондон умрела англиската кралица Елизабета, а на престолот дошол шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создале персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеала голем напредок во целокупниот развој. Родена била во 1533 година.

1783.- Шпанија ја признала независноста на САД.

1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох објавил дека го изолирал бацилот на туберкулозата.

1882.- Умрел американскиот писател Хенри Водсворт Лонгфелоу. Дела: индијанскиот еп „Хијавата“, поемите „Евангелина“, „Поема за ропството“, сонатата „Божествена комедија“.

1845.- Во селото Лешок, Тетовско, умрел Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започнал во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжил во манастирот Света Гора. Од Света Гора се вратил во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почнал да пишува. Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден бил во селото Теарце, Тетовско, околу 1771 година.

1894.- Во Солзбери (денес Хараре), во Зимбабве, умрел Верни Ловет Камерон, англиски истражувач, кој прв ја помина Африка од исток до запад и ја откри Лукуга, голема река што истекува од езерото Тангањика. Роден бил е во 1844 година.

1930.- Роден е американскиот филмски актер Стив Меквин. Филмови: „Љубов со странец“, „Седумтемина величенствени“, „Синсинати Кид“, „Шампион во родео“, „Големото бегство“, „Пеперутка“, „Булит“, „Том Хорн“, „Ловец“.

1945.- Американските и британските трупи во Втората светска војна ја преминале реката Рајна и продолжиле со навлегување во внатрешноста на Германија.

1946.- Умрел рускиот велемајстор Александар Александрович Аљехин, еден од најголемите шахисти во светот. Тој е единствениот кој до смртта ја имал титулата светски првак. Светски првак во шах станал во 1927 година совладувајќи го кубанскиот велемајстор Раул Капабланка.

1949.- Во Скопје бил формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2 јуни 1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

1962.- Умрел Огист Пикар, швајцарски физичар и истражувач на морските длабочини. Бил професор на Универзитетот во Брисел. Ги проучувал радиоактивноста, атмосферскиот електрицитет и вселенските зраци. Во 1931 година станал првиот човек кој стасал во стратосферата, качувајќи се со балон до 15.780 метри, а во 1934 година и до 17.550 метри.

1972.- Велика Британија воспоставила директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.

1976.- Умрел британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од водечките сојузнички војсководци во Втората светска војна. Победата на неговата Осма армија над Африканскиот корпус на германскиот фелдмаршал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година го свртела текот на војната во Африка.

1976.- Во Аргентина власта ја приграбила воената хунта на генералот Хорхе Видела, а претседателката Изабела Перон била уапсена.

1980.- Во Ел Салвадор бил убиен надбискупот Сан Салвадор Оскар Арнулфо Ромеро и Галдамес додека ја водел службата во црква. Тој бил најгласниот критичар на суровите постапки на воената власт која била под влијание на САД.

1993.- Езер Вајцман бил избран за седми претседател на Израел.

1994.- Во Чикаго, САД, умрел Збигњев Голомб, истакнат полски лингвист, македонист и балканист, член на Македонската академија на науките и уметностите и на Полската академија на уметностите. Роден бил во Нов Тарг, Полска, во 1923 година.

1996.- Во Лондон умрел Абел Гудман, 64-годишен пензиониран филмски продуцент, првиот човек со „електрично срце“.

1997.- Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатувал во прва официјална посета на Република Македонија.

1999.- Почнало бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија по наредба на генералниот секретар на Алијансата Хавиер Солана. Бомбардирањето завршило на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.

2003.- Компанијата „Клонејд“ соопштила дека создала пет клонирани човечки суштества. Таа ги покажала за првпат фотографиите на наводно клонирано бебе.

2005.- Во главниот град на Киргизија, Бишкек, демонстрантите без ниеден испукан куршум ја зазеле владината зграда, кабинетот на претседателот и телевизијата. Претседателот на Киргизија Аскар Акаев поднесол оставка и ја напуштил земјата, а лидерот на опозициската странка Народно движење на Киргизија Курманбек Бакијев бил именуван за вршител на должноста претседател на државата и премиер.

2008.- Умрел Ричард Видмарк, еден од најпознатите американски и светски филмски актери. Роден бил во Санрајс, Минесота, на 26 декември 1914 година.

2016.- Легендата на холандскиот и светскиот фудбал, поранешната ѕвезда на „Ајакс“ Јохан Кројф, починал во Барселона во 68 година од животот. Кројф бил трипати добитник на „Златната топка“ за најдобар фудбалер. Со холандската репрезентација од златното време на фудбалот во оваа земја, тој не успеа да ја освои светската титула, но со својот клуб „Ајакс“ трипати едно по друго, бил првак на Европа. Подоцна како тренер на „Барселона“ Кројф помогнал овој шпански клуб во 1992 година, за првпат да стане европски првак.

2020.- Почина Фахри Каја, поет, раскажувач, литературен критичар, антологичар, новинар и преведувач, роден во Куманово, 1930. Каја беше учител, новинар, главен и одговорен уредник на в. „Бирлик”, уредник на „Сеслер”, општествено-политички работник, секретар за информации при Извршен совет на Фахри Каја СРМ, пратеник на РС на СРМ, два мандата член на Претседателството на СРМ, член на Македонскиот ПЕН-центар, член на ДПМ од 1956 година. Литературните творби му се преведени и на македонски јазик. Составувач е на антологиите Современа турска поезија, 1985, Избор раскази од турски автор Ѓоккушаги, 1985, Антологија раскази на турските раскажувачи од Југославија, 1990, Антологија на современа турска поезија во Југославија, 1992. Каја е автор и на повеќе публикации: Првите чекори, 1952, Гласовите од селото, 1958, Довидување, 1963, Среќно, 1978, Детски соништа, 1991, Есеи и критики, 1994, Госпоѓица, 1996, Попладневно сонце, 1998. ЛИТ.: Абдüлкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Тüрклеринин Едебиѕатџ, Истанбул, 2001; Ф. Каѕа, „Сецме Ѕазџлар”, Бирлик, Üскüп, 1994. А. Аго Натпревар во кајак на брзи води на реката Треска.

2024.- На 51 година почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов. Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

2024.- На 51 година почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика. Тој беше сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“, што е еден од клучните моменти во неговиот развој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика. Дел е и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе ЕП изданија и албумот “Чил Фолк“. Има остварено повеќе улогии во театарски претстави, како и на филм. Се јавува и како автор на неколку музички дела за театар и филм. Режира една радио драма. Уредник е на неколку емисии што се емитуваат на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер