Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотНа денешен ден20 март 2026.43.п.н.е.- Роден е Публиј Овидиј Насон, еден од најталентираните римски поети, пријател на Вергилиј и Хорациј. Во своите исклучително музикални стихови најмногу внимание и посветувал на љубовта. Неговите дела се одликувале со фантазија, со психолошко забележување, со духовитост и хумор. Умрел во 17-та година на новата ера. 1413.- Умре англискиот крал Хенри Четврти, основач на династијата Ланкастер. На престолот дошол во 1399 година симнувајќи го својот братучед, кој во 1400 година под мистериозни околности умрел во заробеништво во замокот Понтефракт. Последната година од неговото владеење го одбележала неговата тешка болест и острите фракциски борби во врвот на власта. 1828.- Роден е Хенрих Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Непријател на народот“ и други. Умрел во Осло, на 23 мај 1906 година. 1890.- Роден е италијанскиот пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите оперски тенори во 20. век. Повеќе од 40 години импресивно толкувал 60-ина улоги, посебно во оперите на италијанските и француските композитори. Исто така, играл и во низа филмови. 1890.- Вилхем Втори го сменил германскиот „железен“ канцелар Ото фон Бизмарк. 1894.- Умрел унгарскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, еден од најголемите противници на режимот на Хабзбуршката монархија. По упадот на хрватските сили предводени од банот Јосип Јелаичиќ во Унгарија во септември 1848 година, го организирал Комитетот за одбрана на татковината. Ги победи Хрватите и тргнал кон Виена за да се пресмета со Хабзбурзите, но унгарските реакционерни офицери го осуетиле планот. Народното собрание во април 1849 година прогласило независност и ја симнало монархијата, а во мај го избрало за прв претседател на владата на слободна Унгарија. Републиката набрзо подлегнала на надворешните воени напади. Емигрирал во август во 1849 година во Италија, а во Торино останал се до неговата смрт. 1908.- Роден е англискиот театарски и филмски актер Мајкл Редгрејв. Филмови: „Госпоѓата која исчезнува“, „Браунингова верзија“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Осаменоста на тркачот на долги патеки“, „Јуришот на лесната коњаница“, „Демони“. 1915.- Роден е рускиот клавирист од германско потекло Свјатослав Теофилович Рихтер, најзначајниот пијанист во 20. век. Според одредени музички критичари, најголем пијанист во историјата на музиката. Оригинално ги толкувал композициите од различни епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника со што ја воодушевувал концертната публика ширум светот. 1929.- Умрел францускиот маршал Фердинанд Фош, кој во Првата светска војна командувал во клучните битки против Германците на Западниот фронт. 1933.- Германските нацисти во Дахау го отвориле првиот концентрационен логор. 1934.- Во Софија умре Ѓакон Евстати, македонски револуционер. Покрај другото, водел борба против великогрчките, великобугарските и великосрпските чети во Македонија. Роден бил во селото Нестрам, Костурско, во 1873 година. 1986.- Во Њујорк умре Бернард Маламуд, американски писател. Добитник е на Пулицеровата награда за романот „Поправувач“ (1971). Во 1979 година беше претседател на Американскиот ПЕН-клуб. Роден е во 1914 година. 1991.- По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје била формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател бил избран д-р Никола Кљусев. 1992.- Во Скопје бил формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател бил избран Васил Тупурковски. 1996.- Во Скопје, во издание на приватното претпријатие „Круг“, излегол првиот број на дневниот весник „Дневник“. 2001.- Најголемата нафтена платформа во светот за само неколку минути потонала спроти бразилскиот брег, пет дена по силната експлозија во која загинале 11 луѓе. 2003.- Американските и британските сили ја почнале инвазијата на Ирак, и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го поставил претседателот Џорџ Буш на Садам Хусеин со синовите и соработниците да ја напушти земјата. 2005.- САД ја усвоиле стратегијата за превентивни удари против државите кои претставуваат закана. 2007.- Светската здравствена организација објавила дека во супсахарска Африка во последните два месеца од менингитис умреле 1.670 лица, а уште 16.000 биле заразени со оваа болест. 2013.- Белгиецот Пјер Делињ станал добитник на Абеловата награда на норвешкиот комитет, кој го доделува ова престижно признание од областа на математиката, вредно милион долари. Според Советот на експерти, неговата работа во пронаоѓањето на врските меѓу различни полиња на математиката довела до неколку важни откритија. 2020.- Легендарниот кошаркар и долгогодишен функционер на ФИБА, Бора Станковиќ почина во Белград на 95-годишна возраст. Беше еден од основачите на белградска Црвена ѕвезда, репрезентативец на поранешна Југославија и играч кој го постигна првиот кош во историјата на Светските првенства (СП 1950 во Аргентина). Со Црвена ѕвезда освои три шампионски титули по што ги облече дресовите и на белградски Железничар и на Партизан. Со југословенската репрезентација учествуваше на СП во Буенос Аирес по што го формираа ОКК Београд. Станковиќ беше генерален секретар на Светската кошаркарска асоцијација во периодот од 1976 година до 2002 година, беше член и на Интернационалниот олимписки комитет и член на Куќата на славни во Спрингфилд од 1991 година. 2023.- На 77-годишна возраст во неговиот дом во Лос Анѓелес, САД, каде што живееше долги години, почина познатиот македонски актер Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“...). Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал. Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат. Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook