Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНа денешен ден- Денеска е Светски ден за заштита на потрошувачите44 г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група републикански заговорници го убиле Гај Јулиј Цезар, римски војсководец и државник, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Убиството на Цезар го означило почетокот на граѓанската војна, во која загинале сите заговорници. По повеќегодишни воени пресметки власта ја приграбил итриот Октавијан, кој вовел монархија против која се бореле заговорниците. Цезар бил роден на 12 јули 100 година пред нашата ера. 1493.- Славниот италијански морепловец Христофер Колумбо се вратил од Мајорка, во Шпанија, од своето прво патување, кога и ја открил Америка. 1776.- Американскиот конгрес донесол одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД била прогласена на 4 јули 1776 година. 1848.- Во Пешта, со востанието на граѓанските и пролетерските маси и студенти против националното и феудалното угнетување од апсолутистичка Австрија и од високото унгарско племство, избувнала Унгарската буржоаско-демократска револуција. 1867.- Виенскиот двор, поради постојаната криза која ја потресувала Австрија од револуционерната 1848 година, се откажал од унитарната држава и од тогаш Австриското царство се претворило во Австро-Унгарија. На централно ниво останале само војската, надворешните работи и заедничкиот сегмент на финансиите. Во се друго Австрија и Унгарија имале самостојност, но се наоѓале во персонална унија. 1898.- Умрел англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронашол постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која ја подигнал во 1859 година во Шефилд и сега произведува челик. 1907.- Во собранието на Финска за првпат биле избрани жени. 1915.- Во Скопје бил роден Венко Марковски, поет, драмски автор, еден од основоположниците на современата македонска литература. Автор е на првите поетски книги на македонски јазик „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Други негови дела се „Чудна е Македонија“, „Орлите на Македонија“, „Климе“, „Над пламнати бездни“, „Сказна за резбарот“, „Голи Оток – остров на смртта“ и други. Умрел во Софија, на 7 јануари 1987 година. 1917.- Револуционерите го принудиле на абдицирање рускиот цар Николај Втори кој престолот му го понудил на својот брат, големиот војвода Михаил, но тој следниот ден, под притисок, се откажа од круната, со што после три века завршило владеењето на династијата Романови. 1935.- Во Кронцелево, Егејска Македонија се родил Ташко Георгиевски, македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист. Главна тема кај Георгиевски се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувања. Членувал во МАНУ од 1983 година. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“ и други. Починал на 13 април 2012 во Скопје. Најзначајни дела: „Луѓе и волци“ , „Ѕидови“, „Црно семе“, „Змиски ветар“, „Црвениот коњ“, „Време на молчење“, „Рамна земја“, „Плочата на животот“,„Исчезнување“, „Црна билка“, „Ненапишани раскази“. 1937.- Првата централна банка за чување крв со замрзнување заради трансфузија била основана во чикашката болница „Кук Кантри“. 1939.- Германските трупи влегле во Прага и ја окупирале Чешка, а следниот ден и Словачка, со што бил остварен планот за уништување на Чехословачка. Под закана од големи напади и уништување на Прага, претседателот Емил Хах во Берлин го потпишал актот за предавање на земјата на Третиот рајх. Франција и Велика Британија не сториле ништо за да ја спасат независноста на Чехословачка за која претходните неколку месеци и гарантирале во Минхен. 1974.- Во Скопје умрел Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој бил првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет „Македонска повест“. Роден бил во селото Будинарци, Беровско, на 8 мај 1914 година. 1981.- Умрел Рене Клер, француски филмски режисер и писател на книги за филмот. Во повеќето дела го прикажувал животот на родниот Париз. Негови најпознати филмови се: „Под покривите на Париз“, „14 Јули“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големите маневри“ и други. Роден бил во 1898 година. 1983.- Умрела англиската писателка Ребека Вест, која по престојот во Југославија во 1937 и во 1941 година го напишала опсежното патописно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: роамните „Враќањето на војникот“, „Судија“, „Хариет Хјум“. 1990.- Михаил Горбачов бил избран за прв и последен претседател на Советскиот Сојуз. Како единствен кандидат за оваа функција добил 59,2 отсто од гласовите во Конгресот на депутатите. 1990.- Во Ирак бил обесен дописникот на британскиот весник „Обсервер“ Гарзд Фазофт поради наводно шпионски активности и покрај апелите од целиот свет испратени до режимот во Багдад да не му се одзема животот. 1993.- Израелскиот претседател на владата Јицак Рабин по состанокот со претседателот на САД Бил Клинтон изразил подготвеност за компромис со Сирија на начин што во замена за мировниот договор, ќе и отстапи дел од Голанската висорамнина. 1993.- ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовирала редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија. 2000.- Во Скопје умрел Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијата. Роден бил во селото Градско, Велешко, на 1 август 1940 година. 2011.- Поплави во јужниот и југоисточниот дел на Бразил принудиле околу 31.000 лица да ги напуштат своите домови. Над 6.000 лица биле евакуирани во југоисточната држава Еспириту Санту. 2011.- Во вулканскиот национален парк на Хаваи лавата што истекла низ падините на вулканот Килауеа предизвикала пожар и уништила најмалку 30 хектари. Килауеа е еден од најактивните вулкани на светот и има постојани ерупции од 3 јануари 1983 година. 2011.- Уругвај ја признал Палестина како независна држава, следејќи го примерот на другите држави од Јужна Америка. Палестина е признаена од приближно 100 држави во светот. Тагови: денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook