На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

28 февруари 2026.

На денешен ден

274.- Во Наисус (денес Ниш) бил роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владеел со Источното римско царство и заедно со него го издал Миланскиот едикт со кој се дала слобода на вероисповед на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почнал да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формирал нова престолнина на исток - Константинопол (Цариград, Истанбул). Умрел во 337 година.

1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго мачење бил погубен од шпанскиот освојувач Ернан Кортес.

1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф-моралист. Дошол до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржал на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е „Есеи“ во три тома. Умрел на 13 септември 1592 година.

1825.- Потпишан бил договор меѓу Русија и Велика Британија со кој биле одредена границата меѓу Алјаска и Канада.

1869.- Умрел Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела извршил големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествувал во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се „Поетски размислувања“, „Поетски и религиозни хармонии“, „Жаслен“ и „Пат на исток“.

1890.- Роден бил рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби еден од најдобрите во историјата на балетот, иако неговата играчка кариера траела само четири години, бидејќи во 1917 година заболел од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надминал, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаената висина и убавина, влегле во легендата како недопрен идеал.

1908.- Во Преспанско, во борба против турската војска, во една безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоубил Петар Христов - Германчето, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО, активен учесник во Илинденското востание, по кое заминал на печалба во САД. Во 1905 година се вратил во татковината и учествувал во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската власт. Роден бил во селото Герман, Преспанско.

1909.- Роден е англискиот писател Стивн Харолд Спендер. Дела: збирка песни „Урнатини и визии“, „Благородни денови“, романот „Заостанат син“, збирка раскази „Запалениот кактус“, есеи - „Разорен елемент“, „Триесеттата и потоа“, автобиографијата – „Свет во светот“.

1913.- Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година добил Оскар за филмот „Жижи“. Филмови: „Мадам Бовари“, „Американецот во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на рид“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Град на илузија“, „Некои дотрчаа“.

1916.- Умрел американскиот писател Хенри Џејмс, продорен психолог, кој во реалистичен манир ги прецизирал и анализирал обичаите, постапките и навиките на американското и на европското општество, секогаш во потрага по моралните вредности. Пред крајот на животот, во 1915 година, станал британски државјанин. Дела: романите „Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, „Амбасадори“.

1922.- Велика Британија формално прогласила независност на Египет, но ја задржала контролата над Суецкиот канал.

1934.- Основан бил Музејот на град Битола.

1948.- Последните британски воени единици ја напуштиле Индија.

1986.- Во Стокхолм бил убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден бил во Стокхолм, во 1927 година.

1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации одобрил испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.

1995.- Раул Салинас, брат на поранешниот престедател на Мексико Карлос Салинас, уапсен бил под обвинение дека е вмешан во убиството на претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија Луис Доналд Колоси на предизборниот митинг во Тихуана, во март 1994 година.

1996.- Британската принцеза Дајана се согласила на развод од принцот престолонаследник Чарлс.

2007.- Умрел Артур Шлезингер, американски историчар и публицист, двапати добитник на Пулицеровата награда. Шлезингер имал пристап во случувањата во Белата куќа во времето на Кенеди, а ги проучувал и оставнините на Френклин Рузвелт, Ендру Џексон, Џон и Роберт Кендеди. За хрониката на Кенедиевата администрација „Илјада дена: Џон Ф. Кенеди во Белата куќа“, во 1966 година ги добил Пулицеровата и Националната книжевна награда. Автор бил на повеќе од 20 дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

Полска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио.

Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин.

Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова.

Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер