Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНа денешен ден21 февруари 20261437.- Шкотскиот крал Џејмс Први бил убиен од неистомислениците спречувајќи го неговиот обид да го сузбие влијанието на високото племство во водењето на државните работи. Успеал да ја зајакне кралската власт, особено во областа на судството и управата со што го изразил жестокиот отпор кон благородништвото. Се претпоставува дека тој е авторот на поемата „Кралска книга“. 1513.- Умрел папата Јулиј Втори, кој на чело на римокатоличката црква бил од 1503 до смртта во 1513 година. Тој бил најголемиот покровител на уметноста меѓу поглаварите на римокатоличката црква. 1613.- На рускиот престол дошол Михаил Романов, родоначалник на династијата Романови, која владеела со Руското царство 300 години, се до Февруарската револуција во 1917 година. 1677.- Во Хаг умрел Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло, еден од најистакнатите рационалисти и пантеисти во филозофијата. Најпознати негови дела се "Теолошко-политички трактат", "Политички трактат" и најзначајното дело "Етика", во кое го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Роден бил во Амстердам, на 24 ноември 1632 година. 1728.- Роден е рускиот цар Петар III Фјодорович Романов. Владеел само неколку месеци, од 5 јануари до 9 јули 1762 година, кога бил трагнат и само неколку дена потоа убиен по налог на неговата сопруга, подоцна царицата Катарина Велика. 1795.- Холандија и го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан. 1866.- Роден е германскиот бактериолог Аугуст фон Васерман кој во 1906 година ја вовел методата за преглед на крвта (Васерманова реакција) со помош на која е утврдено постоењето на сифилисот. Ја проучувал структурата на ќелиите, антитоксините, како и причините за појавата туберкулозата и ракот. 1893.- Роден е шпанскиот гитарист Андрес Сеговија, најголем мајстор на тој инструмент. Уште на седумгодишна возраст приредувал концерти ширум светот, извонредно изведувајќи ги делата на класичните мајстори со што на гитарата и обезбедил место меѓу инструментите на сериозна музика. 1902.- Во Велес е роден Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско актерство. Умрел во Скопје, на 29 јануари 1999 година. 1903.- Родена е американската писателка од француско-шпанско потекло Анаис Нин. Дела: „Куќата на инцести“, „Под стаклено ѕвоно“, „Птички“. 1907.- Роден е Хју Одн, англиски поет и драмски писател. Познати негови поетски дела се „Песни“, „Говорница“, „Танц на смртта“, „Новогодишно писмо“ и други. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1971 година. Умрел на 28 септември 1973 година. 1916.- Германските трупи минале во офанзива кај Верден во Франција. Тоа била најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубиле околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имале исти загуби, успеал3 да го одбранат Верден и да ги запрат Германците. 1926.- Роден е Сем Пекинпо, американски филмски режисер, автор на криминалистички и вестерни филмови, што се карактеризираат со изразити ликови и краен реализам на филмските сцени. Автор бил на филмовите „Попладневни пукотници“, „Дива одра“, „Балада на Кејбли Хог“, „Шампиони на родеа“, „Пци од слама“ и други. Умрел во Лос Анѓелес, на 29 декември 1984 година. 1941.- Во авионска несреќа загинал канадскиот физиолог Фредерик Грант Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест во 1921 година го пронашол инсулинот со што го овозможил лекувањето на дотогаш смртоносната болест. За ова епохално откритие во 1923 година со Џон Меклауд, со кого исто така соработувал, ја добил Нобеловата награда за медицина. 1948.- Во Лондон бил објавен Манифестот на комунистичката партија, прв програмски документ на научниот комунизам, во кој се изложени основните идеи на марксизмот. Автори на Манифестот се Маркс и Енгелс. 1958.- Гамал Абдел Насер бил избран за прв претседател на Обединетата Арапска Република, федерација на Египет и Сирија. 1965.- Убиен бил Малколм Икс, водач на американските црнци во моментот додека во Њујорк зборувал на собир пред својата Афроамериканска организација на единството. 1972.- Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатувал во Пекинг со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. 1984.- Во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, умрел Михаил Шолохов, еден од најпопуларните руски писатели. Најпознати негови дела се „Тихиот Дон“, „Донски раскази“, „Разорана ледина“, „Судбината на човекот“ и други. Во 1965 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Станица Вешенскаја, на 24 мај 1905 година. 1991.- Умрела англиската балерина Маргот Фонтејн, една од најголемите во 20. век. Со извонредни успеси играла ширум светот во улогите на класичните балети „Жизел“, „Лебедово езеро“ и други. 1992.- Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка. 1999.- Посетата на индискиот премиер Атал Бихариј Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот во Кашмир, како и за намалување на ризикот од избивање војна. 2002.- Претседателот на САД Џорџ Буш ја посетил Кина, 30 години подоцна откако претседателот Ричард Никсон бил во нејзина посета и ставил крај на дведецениското непријателство меѓу Вашингтон и Пекинг. Тагови: денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter