На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

8 февруари 2026 .

На денешен ден

427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, била наречена Академија. Главно влијание врз Платон извршил Сократ на кој му ги посветил речиси сите свои дела - дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време. Овие дела се зачувани во целост - вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела: "Држава", "Гозба", "Федон", "Софист" и други. Умрел во 347 година пред н.е.

1676.- Умрел рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики. На власт дошол во 1645 година. Тој ја зацврстил централната власт, ги припоил источните делови на Сибир и ја развил трговијата со Кина, Персија и со европските земји.

1725.- Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики, цар на Русија. Бил коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакнал како војсководец на копно и на море. Бил вешт политичар и дипломат. Основал многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја преселил во новоизградениот Петербург, односно Петроград.

1805.- Роден е англискиот писател и критичар Џон Раскин, кој сметал дека уметноста зависи од општествените прилики, како и тоа дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела, бидејќи тоа би требало да биде израз на силите на целиот народ а не привилегија на поединец. Дела: „Модерни сликари“, „Две патеки“,„До последниот“, „Мунера Пулверис“.

1828.- Во Париз е роден Жил Верн, француски писател. Неговата фантазија ја окупирале научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и непознатото. Во своите дела, кои во тоа време наликувале на чиста утопија, тој предвидел многу работи што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создал нов жанр на проза и се здобил со милиони читатели. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината", "Патувањето во центарот на Земјата" и други. Умрел во Амиен, на 24 март 1905 година.

1861.- Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучиле Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД довела до граѓанска војна (1861-1865), која завршила со капитулација на јужните држави.

1878.- Роден е еврејскиот писател и филозоф Мартин Бубер. Напишал повеќе значајни дела за историјата на еврејската култура. Со Франц Розенцвајг на современ германски јазик го превел „Стариот завет“. Пред нацизмот во 1938 година побегнал од родната Австрија во Палестина и станал еден од првите професори на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Се залагал за заедничка еврејско-арапска држава. Дела: „Јас и ти“, „Хасидски приказни“, „Гог и Магог“, „Слики за добро и лошо“, „Мојсеј“, „Средби“.

1894.- Роден е американскиот филмски режисер Кинг Волис Видор. Филмови: „Алелуја“, „Голема парада“, „Лебот наш насушен“, „Цитадела“, „Двобој на сонце“, „Војна и мир“.

1920.- Родена е американската филмска актерка Џулија Џин Милдред Френсис Тарнер, позната како Лана Тарнер, една од најголемите холивудски ѕвезди во педесеттите години на 20. век. Филмови: „Тие не сакаат да заборават“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Кас Тимберлан“, „Градчето Пејтон“, „Имитација на животот“, „Љубовта има многу лица“, „Монсуски дождови“.

1924.- Гасната комора првпат била употребена за извршување смртна казна во американската држава Невада.

1925.- Роден е американскиот филмски актер Џон Улер Лемон Трети, познат како Џек Лемон. Филмови: „Мистер Робертс“ (Оскар), „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Спасете го тигарот“ (Оскар), „Насловна страница“, „Киндески синдром“.

1931.- Роден е американскиот филмски актер Џејмс Бајрон, познат како Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Џемс Дин (24) трагично го загубилживотот во 1955 година. Филмови: „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“.

1935.- Умрел германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.

1975.- Советски и американски космонаути почнале заеднички подготовки за летовите „Сојуз-Аполо“.

1984.- Во Сараево биле отворени 14. зимски Олимписки игри, први во тогашната СФРЈ, на кои учествувале спортисти од 49 држави.

1996.- Република Аргентина ја признала Република Македонија.

1998.- Во Њујорк умрел Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден бил во Скопје, во 1933 година.

1999.- Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2004.- Принцот Чарлс допатувал во Иран, како прв член на британското кралско семејство кој ја посетил оваа земја од исламската револуција во 1979 година.

2005.- Грчкиот Парламент го избрал поранешниот министер за надворешни работи Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. Папуљас бил член на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).

2012.- Во Велика Британија на 110-годишна возраст починал последниот познат ветеран од Првата светска војна, Флоренс Грин, две недели пред да наполни 111 години. По неговата смрт Флоренс Грин бил прогласена за последен жив ветеран од Првата светска војна.

2015.- Починал познатиот новинар и радио-водител Стојан Тренчевски, основач и претседател на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.Меѓу другото, публицистички го следел ликот и делото на Мајка Тереза, соработувал со познатата поп ѕвезда Тоше Проески, а оставил печат по преносот што на Македонско радио го извршил на денот на осамостојувањето на Македонија. Напишал 20-тина книги, од кои најпознати му се „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детството на Мајка Тереза“.

2023.- На ден пред својот 88 роденден почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер. Блажевиќ беше прогласен за „тренер на векот“ на Динамо, клуб на кој по 24 години му ја донесе шампионската титула во 1982. Својата блескава тренерска кариера Блажевиќ ја започна во Швајцарија, во нисколигашот Вевеј, потоа го презеде Сион со кој го освои првиот тренерски трофеј, Купот на Швајцарија во 1974 година. Ги предводеше и Лозана Спорт, а во 1976 година ја водеше швајцарската фудбалска репрезентација на два меча. По враќањето во Југославија работеше во Риека, Динамо. Покрај Швајцарија, беше селектор и на Југославија и Хрватска, а на клупско поле раководеше со клубови во уште шест земји: Франција (Нант, 1988-1990), Грција (ПАОК, 1991/1992), Словенија (Мура 2003) и Кина (Шангај Шенхуа, 2010).

2023.- На 105-годишна возраст почина најстарата актерка во светот Бранка Веселиновиќ. Од 1936 година посетувала актерска школа во Народниот театар во Белград. По одлична година студирање, таа замина на пракса во Нови Сад, каде што глумеше во тогашниот Народен театар на Дунавска Бановина (денешен Српски народен театар). Како актерка, Бранка остварила голем број многу значајни улоги, како што е улогата на Џина во драмата на Нушиќ „Ожаленото семејство“, за која во 1964 година ја добила наградата „Стерија“. Иако играше и во Ателје 212, таа одигра најголем број улоги (над 40) во неговата матична куќа, Југословенскиот драмски театар. Бранка Веселиновиќ е родена во септември 1918 година во Бечеј.

2023.- 2023.- Американскиот пејач, текстописец, пијанист, продуцент и еден од најголемите композитори во историјата на поп-музиката, Бaрт Бакерах почина на 94-годишна. Бакерах е автор на хитови, како „Raindrops Keep Fallin' On My Head“ од познатиот филм. Текстописецот и пијанист напиша стотици песни од 1960-тите до 80-тите. Бакерах има напишано хитови за многу познати уметници, како што се Сила Блек, Дасти Спрингфилд, сер Том Џонс и „Карпентерс“. Бакерах беше номиниран за 21 „Греми“ награда и освои шест статуетки. Исто така, тој е трикратен добитник на „Оскар“. Неговата песна „Raindrops Keep Falling on My Head“, изведена од Би-Џеј Томас за филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“, освои и „Греми“ и „Оскар“ во 1969 година. Беше коавтор на насловната песна од извонредната комедија „Артур“ заедно со Кристофер Крос за која добија Оскар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. 

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц.

Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси.

Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот.

Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми.

Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК

Со позитивна оценка и без забележани неправилности во гласањето и пребројувањето, Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени изборниот процес за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК

Сепак, во заклучоците од мониторингот забележуваат дека неофицијалните резултати протекле во медиумите уште во првиот час по затворањето на избирачките места, пред официјалното соопштување од Советот на јавните обвинители.

-Непосредното набљудување не утврди неправилности при спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите, додека високата излезност на јавните обвинители и овозможувањето независен мониторинг на изборниот ден, вклучително и присуството на набљудувачи при гласањето и пребројувањето, претставуваат позитивни показатели за спроведувањето на изборниот процес. -Коалиција „Сите за правично судење“.

Обвинителката Искра Хаџи Василева победи со 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, и ќе раководи со обвинителството во следните четири години. Поефикасни истраги, побрзо постапување по предметите и поголем фокус на финансискиот криминал и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот се дел од приоритетите што ги најави новата шефица кога влезе во трката за позицијата. Во програмата предвидува и зајакнување на истражниот центар, кадровско екипирање и дигитализација на работата. Најавува и поширока примена на спогодувањето со обвинетите, со цел скратување на судските постапки.

Но, покрај најавените реформи, новата шефица ќе мора да се справи и со старите слабости на обвинителството. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, предупредува дека меѓу клучните предизвици се недостигот на финансиски средства, ефикасноста во работата и политичките влијанија врз обвинителите.

-Мислам дека новата обвинителка, односно раководителка, повеќе може да делува на внатрешните ризици во самата институција, коишто се однесуваат на надзорот врз работењето на основните јавни обвинители од страна на повисоките обвинители, бидејќи анализата покажа дека овој надзор се врши само формалистички и остава простор за произволно и непрофесионално однесување. Понатаму, сѐ уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите — таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распредебилба на предметите,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК.

Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер