На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

6 јануари 2026.

На денешен ден

1169.- Франција и Англија склучиле мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај.

1392.- Скопје паднало под османлиска власт и станало седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак бил првата организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.

1412.- Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д'Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која "гласовите од небото" и наредиле да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и доверил и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спасила градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна паднала во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предале на Англичаните. Била прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што било извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.

1745.- Роден е францускиот пронаоѓач Жак Етјен Монголфје, кој заедно со братот Жозеф Мишел во 1783 година го конструирале првиот балон наполнет со загреан воздух.

1810.- Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предало полуостровот Крим и областа Кубан.

1829.- Умрел чешкиот славист Јозеф Добровски, татко на славистиката, главна личност во чешката народна преродба. Автор бил на чешката граматика и на граматиката на старословенскиот јазик. Дела: „Историја на чешкиот јазик и литература“, „Граматика на чешкиот јазик“, „Граматика на старословенскиот јазик“, збирките „Славин“, „Слованка“.

1838.- Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Самјуел Морзе првпат извел јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.

1849.- Роден бил Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагирал јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија била борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ и други, содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Загинал во борба против турската војска, на 1 јуни 1876 година.

1919.- Умрел американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создала светска сила од САД. Должноста шеф на државата ја презел по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Бил иницијатор на изградбата на Панамскиот канал, а за посредувањето во руско-јапонската војна во 1905 година ја добил Нобеловата награда за мир во 1906 година.

1941.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт во говорот во Конгресот го дефинирал своевидниот политички концепт познат како „четири слободи“ - слобода на говорот, слобода на религијата, слобода од страв и слобода од сиромаштија.

1945.- Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започнал со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ).

1946.- Основано било Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите биле Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.

1950.- Велика Британија ја признала Кина.

1981.- Умрел шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфилите“, „Три љубови“, „Херојски години“, драмата „Јупитер се смее“.

1987.- Умрела Маргарет Лоренс, канадска писателка, доминантна личност во канадската современа литература, авторка на романот "Камениот ангел". Покрај писателската дејност, таа била ангажирана и во антинуклеарното движење. Родена била во 1927 година.

1993.- Умрел рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, ѕвезда на светската балетска сцена. На Запад емигрирал по гостувањето во Париз во 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Петрушка“.

1993.- Умрел американскиот џез-музичар, трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, несомнено еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одиграл пресудна улога во создавањето на би-бап музиката.

2004.- Иран ги обновил целосно дипломатските односи со Египет кои биле прекинати пред 25 години, променувајќи го и називот на улицата која го носела името на терористот што го убил египетскиот претседател Анварал ел Садат, во октомври 1981 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер