ЖивотНа денешен ден3 јануари 2026 1875.- Умрел францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атанас Ларус, издавач на „Големиот светски речник на XIX век“ во 17 тома. Издавачката куча „Ларус“ по неговата смрт продолжи со издавање на енциклопедиски и лексикографски дела. 1892.- Роден е англискиот писател Џон Роналд Руел Толкин, професор на англосаксонскиот (староанглиски) и англиски јазик и литература на Оксфордскиот универзитет. Дела: „Господар на прстените“, „Хобитот“, „Силмарион“. 1923.- Умрел Јарослав Хашек, чешки писател. Најпознат е по неговиот популарен хумористично-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк за време на светската војна“ во која ја разотркива сета бесмисленост и лудост на милитаризмот. Роден е на 30 јануари 1883 година. 1924.- Англискиот египтолог Хауард Картер во Долината на кралевите во близина на Луксор во Египет го пронајде саркофагот на фараонот Тутанкамон. 1926.- Грчкиот генерал Теодорс Пангалос се прогласил за официјален диктатор во Грција. Во август истата година е симнат од власт. 1929.- Роден е италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Филмови: „Колосот од Родорс“, „За грст долари“, „Добар, лош и грд“, „Се викам Нико“, „Беше еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“. 1942.- Во Норвешка во Втората светска војна Германија основа 23 концентрациони логори. Најзлогласни беа Бејсфорт, Ботн, Ерландет, Фалстад, Корган, Осен. 1945.- Во Арденим пропадна и последниот обид на германскиот водач Адолф Хитлер да го промени исходот од Втората светска војна бидејќи сојузничките армии на генералот Бернард Монтгомери и Омар Бредли во контраофанзива им нанесоа огромни загуби на нацистичките дивизии. 1945.- Во Скопје излезе првиот број на првото детско списание на македонски јазик во слободна Македонија "Пионер". Негови први уредници биле познатиот македонски писател Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски. 1961.- Соединетите Американски Држави ги прекинале дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречиле инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истовариле во Лас Вилас. 1977.- Меѓународниот монетарен фонд го одобрил дотогаш најголемиот заем во триесетгодишната историја на оваа организација. На Велика Британија и одобрил четири милијарди долари за поддршка на нејзината валута. 1987.- Во Скопје умрел доцент д-р Иван Влашки, шеф на Уролошката клиника на медицинскиот факултет во Скопје. Тој е основоположник на современата урологија и трансплантациите на бубрег во Македонија. Со своите стручни способности како хирург и педагог се стекнал со голем углед во земјата и во странство. Роден бил во 1930 година. 1987.- Во Скопје умрел Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Зачетник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна и за џез музика на македонската сцена се појавил уште во првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез композиција наречена "Тема I", што тој ја создаде во далечната 1947 година. Бил извонредно надарен музички инструменталист кој ги формирал првите оркестри Ритмички секстет, Забавниот ансамбл и Биг-бендот на Радио Скопје. Роден е во Скопје, на 11 март 1931 година. 1993.- Претседателите на Русија и на САД, Борис Елцин и Џорџ Буш, потпишале договор за намалување за една третина на нуклеарните оружја. 1994.- Падот на рускиот патнички авион „тупољев - 154“ во Сибир не го преживеа никој од 124 патници и членови на екипажот. 1996.- Во Скопје почнала со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација. 1996.- Во Скопје умрел д-р Христо Маловски, македонски историчар и педагог, професор на Филозовскиот факултет во Скопје. Роден бил во 1932 година. 1999.- Ирачкиот претседател Садам Хусеин ги отфрлил зоните на забрането прелетување кои на север и југ од Ирак ги воспоставиле западните земји, истакнувајќи дека ирачкиот народ храбро ќе им се спротивстави. 2004.- Падот во Црвено Море на египетскиот „боинг 737“ непосредно по полетувањето од аеродромот во Шарм ел Шеик не го преживеа никој од 148-те патници, повеќето француски туристи. 2006.- Француската влада ја укинала вонредната состојба, воведена во ноември 2005 година, поради немирите во сиромашните предградија на Париз и на другите француски градови во кои биле запалени околу 200 јавни установи, како и 10.000 возила. Повод за нередите била смртта на две момчиња од африканско потекло, кои настрадале од струен удар во трафостаница каде се криеле верувајќи дека зад нив има полициска патрола. 2019.- На 67-годишна возраст почина хрватскиот актер Иво Грегуревиќ, најпознат по главната улога во филмот „Чаруга“. По завршувањето на средното училиште се запишал на Академијата за драмски уметност во Загреб. На филм дебитирал во 1977 година. Глумел во филмовите „Не се наведнувај надвор“, „Невреме“, „Осудени“, „Кралска завршница“ (1987), како и во серијата „Вело мисто“. Грегуревиќ е роден во 1952 година. 2022.- Поради компликации од коронавирусот почина Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година. Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје. Додевски беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook