ЖивотНа денешен ден31 декември 2025 192.- Починал императорот Комод, бил шестиот римски император од династијата на Антонините. Попознат бил и како Марко Аврелиј Комод Антонин Август. Со Римската империја управувал со голема жестокост и тирански методи од 180-та до 192 година. Негов наследник бил Пертинакс. 1494.- Во Рим влегле силите на францускиот крал Шарл VIII, кој под притисок на племството почнал со освојување на Италија. Војната траела 61 година по кралската смрт, до 1559 година, а походите на Италија придонесле за хуманистичка култура во дотогаш културно инфериорната Франција. 1600.- Англиската кралица Елизабета Прва издала повелба за основање Источноиндиска компанија која со економска мотивација го запоседнала подрачјето на Индија како и блиските територии на Азија. 1617.- Роден е шпанскиот сликар Бартоломео Естебан Муриљо. Дела: „Малиот питач“, „Децата јадат диња“. 1719.- Умрел англискиот астроном Џон Флемстид кој, откако добил дозвола од кралот Чарлс Втори во 1675 година, ја основал националната опсерваторија во Гринич со што и официјално станал “првиот кралски астроном“. 1869.- Роден е Анри Матис, француски сликар и скулптор, еден од најпознатите претставници на фовизмот. Работел ентериери, актови, мртви природи, портрети, графики, скулптури и дела од применетата уметност. Умрел во Ница, на 3 ноември 1954 година. 1877.- Умрел Густав Курбе, француски сликар. Бил учесник во Париската комуна, основач и главен претставник на реалиситичката школа, еден од првите уметници кои работеле во природа. Суров и силен, ги отфрлил романтичните пејзажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство. Роден бил на 10 јуни 1819 година. 1879.- Американскиот пронаоѓач Томас Алва Едисон во Менло Парк, во Њу Џерси, првпат јавно ја демонстрирал својата електрична светилка. 1880.- Роден е американскиот генерал Џорџ Маршал, началник на Генералштабот на копнената војска на САД од 1939 до 1945 година, добитник на Нобеловата награда за мир во 1953 година, творец на познатиот „Маршалов план“. 1898.- Во Софија умрел Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Роден бил во Штип, на 14 јануари 1839 година. 1911.- Марија Кири ја добила по втор пат Нобеловата награда за хемија за истражување на радиоактивните елементи. Првата ја добила во 1903 година. 1941.- Во Струга, спроти Новата 1942 година првпат била испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа“ - денешната химна на Република Македонија. 1946.- Донесен бил првиот Устав на Народна Република Македонија. 1946.- Претседателот на САД Хари Труман формално го прогласил крајот на непријателствата во Втората светска војна. 1948.- Умрел англискиот возач на брзи автомобили и чамци Малколм Кемпбел кој меѓу 1924 и 1935 година девет пати го соборувал светскиот брзински рекорд во возење автомобил, а меѓу 1937 и 1939 трипати и во возење чамец. Во 1935 година станал првиот човек кој со автомобил возел побрзо од 300 милји на час (483 километри). Неговите рекорди ги соборил неговиот син Доналд, кој во 1967 година загинал со чамецот „Сина птица“, при поставувањето нов светски рекорд на вода од 527,9 километри на час. 1961.- Либанската армија во Бејрут ја спречила Сириската народна партија да изврши државен удар. 1968.- Суперсоничниот советски патнички авион „ТУ-144“ го изврши првиот лет, неколку месеци пред британско-францускиот „Конкорд“. 1980.- Умрел американскиот филмски режисер Раул Волш. Филмови: „Багдатски крадец“ „Цена на славата“, „Умрела во чизми“, „Џентлменот Џим“, „Сребрена река“, „Светот во негови раце“, „Голи и мртви“. 1994.- Република Македонија и Република Узбекистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. 1998.- Министрите за финансии на Европската унија го соопштиле дефинитивниот курс според кој националните валути на 11 земји на ЕУ се заменуваат со еврото, со важност од 1 јануари 1999 година. 1999.- Претседателот на Русија Борис Елцин го изненадил светот со неговата оставка и со назначувањето на Владимир Путин за вршител на должноста шеф на државата. 1999.- Претседателот на Панама Миреј Москосо формално од САД ја повратил контролата на својата земја врз Панамскиот канал. 2004.- Во пожар кој избил во една дискотека во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, загинале 177 луѓе, а 889 биле повредени. 2022.- На 95-годишна возраст во својата резиденција во Ватикан почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти. Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот внатре во Ватикан.Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во РијадЕдно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти. 🔴 Exclusive footage obtained by Al Arabiya English shows Umrah pilgrims preparing to board their flights as the Houthi attack struck Riyadh’s King Khalid International Airport. https://t.co/Ws92NujHKd — Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 11, 2026 Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала. 🇺🇸🇸🇦 The FAA is now warning American airlines that flying over Saudi Arabia could be dangerous at any altitude. The warning follows Houthi strikes on Riyadh's international airport that killed 13 people and wounded more than 300. The FAA is also concerned about interference with aircraft navigation systems, and Riyadh's airport remains closed. What's particularly worrying is that Saudi Arabia's main international gateway is now facing the kind of aviation risks the kingdom has spent years trying to contain. Delta is supposed to launch direct Atlanta-Riyadh flights on October 23. That decision just became considerably more complicated. Source: Reuters / Writer: Oliver — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 12, 2026 Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени. Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија. Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаПочнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и ДебарОд денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook