ЖивотНа денешен ден20 декември 2025.1582.- Во Франција бил воведен Грегоријанскиот календар. Папата Грегориј Осми, извршил реформи на Јулијанскиот календар отстранувајќи ја разликата од 10 дена и наредил зад четврток - 4 октомври 1582 година, следниот ден да се смета како петок 15 октомври, а секоја четврта година да биде престапна. Тоа се главно основите на Грегоријанскиот календар што набрзо почнале да го прифаќаат и другите европски земји. 1699.- Рускиот цар Петар Велики го модернизирал рускиот календар, соопштувајќи дека Нова година ќе почнува на 1 јануари, а не на 1 септември како што било дотогаш. Петар тогаш го отфрлил византискиот календар поведувајќи се по европскиот пример. 1795.- Роден е германскиот историчар Леополд фон Ранке, професор на Берлинскиот универзитет и член на Пруската академија на науките. Тој главно пишувал за историјата на германскиот и романскиот народ, но и за народите од централана и југоисточна Европа. Студирал теологија и филологија, а докторирал на филозофија. Дела: „Француска историја“, „Англиска историја“, „Римскиот папа“, „Германската историја за време на реформите“. 1830.- Учесниците на Лондонската конференција, на која биле застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласиле за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренале Белгијците за да формираат независна држава. 1860.- Јужна Каролина прва се отцепила од САД. Тоа било вовед во четиригодишната граѓанска војна која почнала во 1861 година. 1894.- Роден е австралискиот државник Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж. Бил шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесол за јакнењето на влијанието на САД во Австралија со што земјата ја вовлекол на американска страна во Виетнамската војна. 1902.- Француските научници Марија и Пјер Кири лабораториски издвоиле нов елемент – радиум, што го откриле уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдиле дека радиумот постои, но биле потребни низа години многу работа, трпеливост и самооткажување додека Марија Кири успеала лабораториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добиле Нобелова награда за физика. 1902.- Роден е Васил Иљовски, македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и истакнат педагошки работник. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија. Завршил Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1926 година Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години, текстот веќе бил подготвен за изведба на сцената на "Скопскиот народен театар", но овој пат со ново име - „Ленче Кумановче“. Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект, а нејзината премиера се одржала на 16 јуни 1928 година. Иљоски бил еден од членовите на комисијата формирана при Министерството за народна просвета со цел да ги подготват македонската азбука и правопис. Исто така, тој бил еден од основачите и првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (13 февруари 1947 година) и на МАНУ. Драмски дела: „Ленче Кумановче“, „Чорбаџи Теодос“, „Ученичка авантура“, „Биро за безработни“, „Пиши, Панче“, „Два спрема еден“, „Чест“, „Кузман Капидан“, „Син и татко“, „Допирни точки“, „Окрвавен камен“, „Свадба“, „Смрт за живот“. Васил Иљоски бил добитник на бројни книжевни и државни награди, меѓу кои и на: АВНОЈ, највисокото општествено признание во бившата СФРЈ и „11 Октомври“. Починал на 1 ноември 1995 година во Скопје. 1909.- Во Охрид е роден Андон Дуков, македонски ликовен уметник и борец во НОВ на Македонија. На 16 февруари 1944 година борци на Првата македонско-косовска НОУ бригада го пронашле смрзнат и бос, со празен ранец на грбот и со пушка која ја држел со згрчени раце. 1912.- По победата на балканските сојузници кои ги освоиле речиси сите турски европски поседи, во Лондон почнала мировната конференција меѓу Турција и балканските земји. 1923.- Во Штип е роден Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. Тој е еден од основоположниците на модерната македонска литература. Неговата прва книга стихови "Песни" објавена е во 1944 година. Меѓу другите познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Слеј се со тишината", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина", „Раѓање на зборот“, „Јус-универзум“, „Гледач во пепелта“, „Песна на црната жена“, „Дрво на ридот“ и други. Покрај писателската дејност тој бил уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт" и "Современост". Ацо Шопов бил добитник на највисокото југословенско признание, наградата „АВНОЈ“, како и на „Кочо Рацин”, „11 октомври”, и „Браќа Миладиновци”. Бил именуван за амбасадор на Југославија во Сенегал, земја која го инспирирала за збирката „Песна на црната жена“. За време на престојот во Африка, тој го превел изборот од поезијата на сенегалскиот претседател, Леополд Седар Сенгор, добитник на „Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година, Ацо Шопов бил именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, но три години подоцна, болеста го присилила да го напушти активниот живот. Умрел во Скопје на 20 јануари 1982 година. 1925.- Во Прилеп е роден Властимир Николовски, еден од најголемите македонски композитори во историјата на повоената македонска музика и академик. Меѓу бројните дела познати му се ораториумот „Клименту“, кантатата „Сердарот“, симфониите “Бревис“, „Барбара“ и „Рустика“ и други. Умрел во Скопје, на 28 март 2001 година. 1937.- Умрел германскиот генерал и воен писател Ерих Фридрих Вилхелм Лудендорф, еден од клучните германски команданти во Првата светска војна. На почетокот на војната успешно ги раководел операциите на Источниот фронт, а во 1916 година бил поставен за прв помошник на штабот на Врховната команда. Дела: „Тотална војна“, „Моите воени спомени 1914-1918“. 1971.- Во Москва умрел Александар Трифонович Твардовски, еден од најголемите руски поети. Се смета за еден од предводниците на десталинизацијата во литературата. Од делата познати му се поемите „Вадилиј Тјоркин“ и „По далечината - далечина“, стихозбирката „Од лириката на овие години“ и други. Роден бил во 1910 година. 1973.- Од експлозија на бомба со разорна моќ поставена под патот и активирана по доаѓањето на неговиот службен автомобил, во Мадрид бил убиен шпанскиот претседател на владата адмиралот Луис Кареро Бланко. Било предвидено на чело на државата тој да го наследи Франциско Франко. 1982.- Во Женева умрел Артур Рубинштајн, пијанист-космополит, од полско потекло, еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20. век. Роден бил во Лоѓ, во Полска, на 28 јануари 1887 година. 1989.- САД ја почнале инвазијата врз Панама со 12.000 војници, на кои им се придружиле уште толку американски војници стационирани во земјата поради отстранување на поранешниот американски штитеник претседателот на владата Мануел Антонијо Нориега. 1990.- Шефот на советската дипломатија Едвард Шеварнадѕе ненадејно поднесол оставка, предупредувајќи го парламентот на опасноста од воспоставување диктаторски поредок во земјата. 1993.- Кралството Шведска и Кралството Норвешка воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија. 1994.- Непопустливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство довела до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани. 1994.- Собранието на Република Македонија донело одлука за избор на Владата на Република Македонија. За претседател на Владата бил избран Бранко Црвенковски. 1996.- Во Сиетл умрел Карл Саган, американски астроном и писател, добитник на Пулицеровата награда во 1978 година за неговата книга „Змејовите од рајот“. Други негови познати дела се „Космос“, „Марс и човековиот ум“, „Други светови“ и други. Роден бил во 1934 година. 1998.- Американката Нкем Чуква, со нигериско потекло, родила осумка, што бил прв таков познат случај. Седум дена подоцна умрело најмалото бебе. 1999.- Со симболично навлегување на единиците на кинеската армија, португалската енклава Макао по четири и пол века станала дел од Кина. Пристанишниот град Португалците почнале да го градат во 1557 година, а со договорот помеѓу Лисабон и Пекинг градот и територијата околу него во 1887 година официјално станале португалска колонија. 2001.- Умрел сенегалскиот државник и писател Леполд Седар Сенгор, поранешен претседател на Сенегал, еден од најистакнатите африкански лидери и светски познат писател. Шеф на државата станал во 1960 година и на таа функција останал две децении. Во 1975 година бил добитник и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. 2001.- Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвоил резолуцијата за испраќање меѓународни сили во Авганистан под команда на Велика Британија. 2001.- Умрел Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден бил во Прилеп, на 11 август 1933 година. 2004.- Во Чикаго умрел Сон Силис, еден од најпознатите блуз-гитаристи во светот. Роден бил во 1942 година. 2016.- На 97 години почина Мишел Морган, една од најголемите француски актерки на 20-сеттиот век, на љубителите на филмот позната како жената со најубави очи во францускиот филм. Мишел Морган играше во околу 70 филмови, а се прослави со улогата во филмот „Крајбрежје во магла“ на Марсел Карне од 1938 година, во која партнер и беше големото актерско име Жан Габен. Познати се нејзините улоги во филмовите „Големите маневри, „Паднатиот идол“ и „Фабиола“ од 1949 година. Како позната актерка ја доби првата награда за најдобра женска улога во историјата на Канскиот филмски фестивал во 1946 година за улогата во филмот „Пасторална симфонија“ на Жан Делано, адаптација на истоимениот роман на Андре Жид. Мишел Морган, која беше олицетворение на францускиот гламур, публиката двапати ја бираше за најпопуларна француска актерка. За време на Втората светска војна ја напушти Франција и се обиде да гради кариера во Холивуд, но таму не доби забележителни улоги и се врати во родната земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44