Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотНа денешен ден13 септември 2025.1506.- Умре италијанскиот сликар и гравер Андреа Мантења кој ги изработил величенствените фрески во црквите на еремите во Падова и во дворецот во Мантова, урнати во Втората светска војна. 1592.- Умре францускиот писател и филозоф Мишел Ејквем де Монтењ, обновувач на интелектуалниот скептицизам и предвесник на слободните општествени мисли во 17. и 18. век. Де Монтењ сметаше дека човечкиот разум е немоќен во барањето вистина и правда, но дека секој човек е должен да изнајде извесни норми во приватниот и јавниот живот како би живеел разумно свесен за своите општочовечки одговорности. 1598.- Умре шпанскиот крал Фелипе Втори, кој ја предводеше земјата во војните против Отоманското царство од 1571 до 1578 и против Англија од 1588 година, која заврши шест години по неговата смрт. По поразот на неговата „Непобедлива армада“ во 1588 година во битката со англиската морнарица во каналот Ла Манш, Шпанија никогаш повеќе не стана светска сила. 1788.- Њујорк е прогласен за прва федерална престолнина во САД. 1819.- Родена е германската пијанистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Нејзината концертна кариера започна на деветгодишна возраст. Ширум Европа ги популаризираше делата на Роберт Шуман, за кого се омажи во 1840 година. Покрај неговите дела, ги популаризираше и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон. 1872.- Умре Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Беше под влијание на Хегел, а потоа стана критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштина на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштина на религијата“ и други. Роден е на 28 јули 1804 година. 1874.- Роден е австрискиот композитор Арнолд Шенберг, основач и теоретичар на модерниот музички експресионизам, и професор на музичката академија во Виена, Берлин, Бостон и во Лос Анџелес. 1882.- По востанието кое ги загрози плановите на Лондон за користење на Суетскиот канал, Британците ја поразија египетската војска кај Тел ел Кебир, Египет, и продолжија со освојување на земјата и соседен Судан. 1887.- Во Вуковар, Хрватска е роден Леополд (првобитното име Лавослав) Ружичка, швајцарски хемичар од словачко потекло. Добитник е на една половина од Нобеловата награда за хемија во 1939 година за изучувањето на сексуалните хормони. Втората половина од наградата ја доби германскиот биохемичар Адолф Бутенант. Умрел во Цирих, Швајцарија, на 26 септември 1976 година. 1894.- Роден е англискиот писател Џон Бојнтон Пристли, автор на дела со ведрина и хумор, но и со критика за општеството. Дела: „Добри другари“, „Англиско патување“, „Полноќ во пустина“, „Ангелско сокаче“, драмите: „Дојдоа до градот“, „Инспекторот дојде“, „Чаша пиво“, есеите „Англиски комични ликови“, „Англиски роман“, „Англиски хумор“, „Дикенс и неговиот свет“. 1903.- Во Париз е родена Клодет Колбер, родена е како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во триесеттите години на 20. век. Умрела во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, на 29 јули 1996 година. 1903.- Роден е српскиот писател Бранимир Ќосиќ, кој пишувал за животот на младите по Првата светска војна. 1903.- Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година. 1922.- Во Ел Азизи во Либија, измерена е највисоката температура во сенка - 58 Целзиусови степени. 1923.- Во Шпанија на власт дојде генералот Мигел Примо де Ривера кој со благослов на кралот Алфонсо Тринаесетти заведе профашистичка диктатура со која привремено го задуши револуционерното демократско движење. 1924.- Во Софија терористот Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во битката кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20 октомври 1875 година. 1924.- Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот "Автономна Македонија" и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година. 1953.- Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2. 1955.- СССР и Западна Германија воспоставија дипломатски односи. 1971.- Во нападот на американската полиција и Националната гарда, со кој заврши петдневниот бунт во њујоршкиот затвор Атика, загинаа 31 затвореник и 11 затворски чувари. 1989.- Најголемите демонстрации против апартхејдот во Јужна Африка, во Кептаун, ги предводеше надбискупот Дезмонд Туту. 1989.- Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година. 1991.- САД и СССР се договорија да престанат со дотур на вооружувањето на завојуваните страни во Авганистан. 1992.- Умре американскиот филмски глумец Ентони Перкинс. Филмови: „Психо“, „Пријателско убедување“ (Оскар), „Процес“, „Го сакате ли Брамс?“, „Квака 22“, „Судија за бесење“, „Убиство во Ориент експрес“, „Црна дупка“. 1993.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон потпишаа мировен договор. 1993.- Во Скопје умре Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден е во Тетово, во 1915 година. 1994.- Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата "Зли дождови", "Црни птици" и на расказите "Жена и војна" и "Враќање". Родена е во Скопје, на 28 март 1390 година. 1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи. 1995.- Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа Привремена спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници. 2001.- Државниот секретар на САД Колин Пауел првпат потврди дека саудискиот исламски терорист Осмама бин Ладен е осомничен како организатор на терористичките напади на Ал Каеда изведени два дена пред тоа во Њујорк и во Вашингтон во кои загинаа безмалку 3.000 лица. 2013.- По кратко боледување, во 95-тата година од животот почина проф. д-р Десанка Миљовска, поранешен министер за култура, првоборец и професор по социологија на Филозофскиот факултет. Проф. Миљовска беше еден од основачите на Катедрата по социологија, а предаваше и на Факултетот по новинарство, Филолошкиот факултет, како и на други научно- општествени институции. Како истакнат општествен работник, во периодот од 1971 до 1974 година беше и член на Владата на Социјалистичка Република Македонија, како министер за култура. 2017.- Во 65-та година од животот почина Нада Ѓуровска, една од најзначајните босанскохерцеговски актерки со македонско потекло. Таа е родена на 8 јануари 1952 година во Скопје, а во Сараево доаѓа како шестгодишно девојче. Во текот на животот стана сараевска легенда, а во текот на војната играше на сите три сцени на сараевските театри. Речиси немаше филм во Босна и Херцеговина во кој таа немаше улога, па така има играно во над 30 филмови и десетина ТВ серии. 2022 – Во Белград на 81-годишна возраст почина познатиот српски композитор, пијанист, аранжер, Корнелие Ковач. Тој ја составил својата прва композиција „Пусти тротоари“ веќе на четиринаесетгодишна возраст – во 1956 година. Откако беше во многу босански оркестри, тој се приклучи на најпопуларниот рок бенд во Сараево, Индекси. Ковач беше со нив на двомесечна турнеја во Русија. Во септември 1968 година, Корнелије се преселил во Белград, каде што ја основал групата Корни, која ја претставувала СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година. Освен театар, филмови и телевизија, Корнелије Ковач ги напиша и некои од најголемите хитови на локални музички ѕвезди како што е Здравко Чолиќ (Април во Белград, Живееш во облаците, Ја викав Емили, Една зима со Кристина, Само, Унгарска) , Генерација 5 (Само биди доволно далеку), Лепа Брене (Јанош, Санџам, Ситније Циле, петније) и многу, многу други. Тој е татко на три ќерки – Александра, Кристрина и Ања, а синот го доби во вториот брак по смртта на првата сопруга Споменка. Корнелие Ковач е роден е во Ниш во 1942 година.Тагови: календар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook