Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
2Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
3Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот
3Изградиле чудесен подземен систем под Токио- бетонскиот гигант со 59 столбови е одбрана од катастрофи (ВИДЕО)
ЖивотНа денешен ден28 август 2025 430.- Умрел римскиот свештеник Аврелиј Августин, познат како Свети Августин, кој бил најзначаен претставник на раната христијанска филозофија. 1645.- Умрел холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Хуго Гроцијус припаѓал на „школата за природно право“ со што ја докажувал еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдел дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу римоктолиците и протестантите се залагал за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година бил уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избегал во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт бил амбасадор на Шведска во Франција. Дела: „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christianae“, „Via et votum ad pacem ecclesiasticam“, драмите „Christus patiens“, „Sophomphaneas“, „Adamus exul“. 1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу литературни струења и правци, но никогаш не се придружил на ниту еден од нив. Светско признание стекнал со драмскиот еп "Фауст". Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот „Страданијата на младиот Вертер“, драмите „Егмонт“, „Ифигенија на Таврида“ и „Торквато Тасо“ и епот „Херман и Доротеја“. Умрел во Вајмар, на 22 март 1832 година. 1833.- Парламентот на Британија забранил трговија со робови во целата Британска империја. 1877.- Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основале компанијата за произодство на автомобили „Ролс-Ројс“. Компанијата „Ролс-Ројс“ произведувала и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелетал Ламанш во двата правца без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загинал во авионска несреќа. 1903.- Селото Смилево, Демирхисарско, било нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководел Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлегла во селото, го запалила и извршила масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина. 1910.- На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора било прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петровиќ за крал. 1917.- Во Прилеп е роден Сотир Гулески, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекшен `рбет“, „Кога карпите `ртат“, „Модро млеко“, „Им се суди на дивите ветрови“, на тетралогијата „Фурии“ и на други дела. Умре во Охрид, на 20 јуни 1985 година. 1929.- Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапиле во штрајк. Поради тоа овој ден бил прогласен за Ден на рударите на Македонија. 1930.- Во Гевгелија е роден Георги Старделов, македонски естетичар, филозоф, книжевен критичар, есеист, академик. Дипломирал философија на Филозофскиот факултет во Белград. Доктор по филозофски науки станал во 1965 година. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар. За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ, а од 2009 нејзин потпретседател и раководител на Лексикографскиот центар, за од 1 јануари 2008 година да стане претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција биле издадени 20 тома.Старделов е плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата. Најпознати дела: „Есеи“ (1958), „Модерното и модернизмот“ (1962), „Антеј бара почва“ (1971), „Меѓу литературата и животот“ (1981), „Experimentum Macedonium“ (1983), „Изморена авангарда“ (1985), „Вовед во иднината“ (1986), „Одземање на силата“ (1990), „Summa aestheticae“ (1991), „Искушенијата на естетичкиот ум“ (2003), „Балканска естетика – една друга естетика“ (2004). Носител е на врвни македонски и меѓународни книжевни и државни награди и признанија. 1944.- Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војска како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески - Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден бил во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година. 1987.- Умрел американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски филмски режисери на 20. век. Филмови: „Малтешки сокол“ „Рт Ларго“, „Бевме странци“, „Богаството на Сиера Мадре“, „Џунгла на асфалт“, „Црвена значка за храброст“, „Африканска кралица“, „Моби Дик“, „Ноќ на игуаните“, „Наш човек од Австралија“, „Ени“. 1991.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излегол првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“. 1992.- Започнале натпреварите на Првата македонска фудбалска лига. 1993.- Во близина на селото Подвис, Кичевско, била откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, била откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници. 1996.- Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица, проработило првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија. 1999.- Во сообраќајна несреќа загинал македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерката и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбиле да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвикал несреќата, во Осло, во март 2000 година бил осуден на една година затвор. 2007.- Умрел Франциско Умбрал, еден од најголемите шпански современи писатели. Објавил повеќе од 80 книги, меѓу кои се „Смртникот и ружата“ и „Мадридска трилогија“. Добитник е на угледни шпански признанија - Наградата на принцот од Астурија за литертура во 1996 година и наградата „Сервантес 2000“. Како публицист пишувал за повеќе списанија, меѓу кои се левичарскиот „Ел паис“ и десничарскиот „Ел мундо“. Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БизарноСлушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО) Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“. Поставена е стапица во кафез Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда. Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното. Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот. Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот. Благодарност до учесниците во операцијата Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба. Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом. Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.Тагови: надгробен споменик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаУнгарија ги објави имињата на 60.000 соработници на комунистичката државна безбедност Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет.Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет, изјави денес генералниот директор на Унгарскиот историски архив на Службите за државна безбедност, Герге Бендегуз Чех. Чех изјави за јавниот сервис Радио Кошут дека три вида документи - таканаречените „Досиеја 6“, или записи за регрутирање, ќе бидат достапни на веб-страницата Nyitottaktak.hu, пренесува MTI. Тој додаде дека базата на податоци може да се користи без регистрација и дека пребарувањата може да се вршат врз основа на имиња и други лични податоци. Тој нагласи дека самото присуство на име во записите не докажува дека лицето соработувало со службите за државна безбедност, туку дека податоците само укажуваат дека поединецот некако стапил во контакт со тајната служба, на пример во случаи кога обидот за регрутирање бил неуспешен или кога лицето одбило да соработува во рана фаза. Чех додаде дека ќе бидат потребни понатамошни истражувања и пристап до досиејата за регрутирање за да се утврди вистинската природа на односите и активностите на службите за државна безбедност. Досиејата достапни денес даваат детален увид во подготовките за регрутирање, следењето на дотичниот човек, притисоците што се вршат врз него, текот на соработката и нејзиното прекинување. Чех нагласи дека никој не треба да се оценува само врз основа на неговото име што се појавува во базата на податоци, туку дека архивата има за цел да помогне во толкувањето на документите со разјаснување на работењето на службите за државна безбедност, методите што се користат за регрутирање агенти и техничката терминологија што се користи во документите. Тој изјави дека лицата на кои се однесуваат податоците, како и нивните потомци, можат да поднесат корекции до архивата, како и документи што ги содржат нивните лични податоци и приказни. Коментирајќи ја изјавата доставена до архивата од поранешниот премиер Миклош Немет, која се однесува на минатото на поранешниот премиер Виктор Орбан, Чех рече дека Немет лично ја посетил оваа институција и доставил изјава што ја потпишал во присуство на неговите адвокати. Архивата го третира документот како мемоар и го става на располагање на истражувачите, но Чех нагласи дека содржината на изјавата не е поткрепена со никакви оригинални документи, докази или други извори и дека, според моменталните сознанија на архивата, „ниту еден друг доказ или документ не потврдува“ она што е опишано во неа. Орбан вчера објави на својата Фејсбук страница документи за кои тврди дека докажуваат дека тој, заедно со неговата сопруга, биле под надзор на членови на комунистичката државна партија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека со објавувањето на досиејата на тајните служби од комунистичката ера, унгарската влада исправа пропуст што датира од демократската транзиција во 1990 година. Маѓар, во пренос во живо од подрумот на Историскиот архив на Службата за државна безбедност, рече дека по падот на комунизмот, многу земји од Централна Европа објавиле записи за регрутирање на информатори, како и имињата на оние што го одржувале режимот во живот, но дека Унгарија не го сторила тоа. Маѓар рече дека последователните влади во текот на изминатите 36 години го спречиле објавувањето на досиејата. Шефот на парламентарната група на унгарската опозициска партија Фидес, Јанош Бока, денес го критикуваше начинот на кој беа објавени досиејата на тајните служби од комунистичката ера. Во објава на Фејсбук, Бока изјави дека владејачката партија Тиса продолжува да ги лаже Унгарците бидејќи, според него, објавувањето на десетици илјади документи кои се „извадени од контекст и без никаква анализа“ не придонесува за разбирање на минатото на Унгарија „или за соочување со него“. Според него, објавувањето на овие документи служи само за предизвикување немири, поделба на унгарскиот народ и одвлекување на вниманието од вистинските проблеми на Унгарија. „Никогаш нема да знаеме со сигурност кој соработувал со комунистичкиот режим, зошто или како; многу од оние што учествувале повеќе не се живи, а некои документи исчезнале, биле уништени или останале доверливи до ден-денес“, рече Бока.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди Северна Кореја негираше дека стои зад најголемиот грабеж во историјата, откако 6,3 милијарди долари беа украдени од берзата за криптовалути Binance.Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, ги обвини САД за „сериозна политичка провокација“ со ширењето на она што таа го нарече „апсурдни тврдења“ што го поврзуваат Пјонгјанг со хакерскиот напад, објави Би-Би-Си. Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), заедно со експерти за сајбер безбедност, соопшти дека Северна Кореја стои зад нападот, додека најголемата светска берза за криптовалути се обидува да ги врати украдените пари. „Ова не е прв пат САД да се обидат да шират лажна слика за ДНРК во меѓународната заедница, слепо поврзувајќи ја нашата земја со инциденти на „кибер криминал“ секогаш кога тие се случуваат на меѓународно ниво“, рече Ким Јо Џонг, според севернокорејските државни медиуми. North Korea denies being behind record $6.3bn Binance hack https://t.co/fsXal0MVDo — BBC News (World) (@BBCWorld) November 3, 2026 Нејзините изјави следеа по хакерскиот напад, а сето тоа доаѓа помалку од две недели пред американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун да бидат во иста просторија за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Кина. Како еден од најизолираните и најстрого санкционираните режими во светот, Северна Кореја се потпира на нелегални мрежи за да добие странска валута и да ја финансира својата нуклеарна програма. Хакирањето стана еден од најпрофитабилните начини за генерирање приходи. Според податоците од Elliptic, компанија за анализа на блокчејн технологија, режимот минатата година заработил 7,6 милијарди долари приходи. Нападот од минатата недела врз Binance далеку го надмина претходниот најголем грабеж во историјата на криптовалутите, кога 1,46 милијарди долари беа украдени од берзата Bybit во 2025 година. Сепак, таа сума е сè уште мала во споредба со најголемиот грабеж на физичка валута досега, кога семејството на ирачкиот диктатор Садам Хусеин украде 1 милијарда долари од Централната банка на Ирак во 2003 година. ФБИ соопшти дека нападот врз Binance, како и грабежот врз Bybit, биле извршени од севернокорејската хакерска група TraderTraitor, позната и како Lazarus Group. Ким Јо Џонг, исто така, ги обвини САД за измислување обвинувања за вмешаност на Северна Кореја во нападот врз Bybit. Таа рече дека обете обвинувања се „злокобен обид за оцрнување на меѓународниот углед на Северна Кореја“. Првичната истрага на Binance откри дека хакерите го компромитирале лаптопот на еден од нивните инженери околу 20 часот во четврток, добивајќи пристап до системот на компанијата и можност за вршење неовластени трансакции за повлекување. Според анализата на TRM Labs, поголемиот дел од парите биле украдени во првите 20 минути од нападот. Компанијата Elliptic, која го следи протокот на украдени пари, открила дека Северна Кореја користела 12.000 крипто паричници на 11 различни блокчејни за да ги испере парите до понеделник. Компанијата проценува дека само „занемарлив дел“ од средствата веројатно биле претворени во готовина. Покрај големата мрежа на хакери, Северна Кореја се потпира и на околу 100.000 ИТ специјалисти кои се претставуваат како легитимни професионалци за да се инфилтрираат во западните компании. Во текот на викендот, британскиот весник The Telegraph објави истрага за шемата, за која се верува дека носи дури 600 милиони фунти годишно за режимот. Иако таа сума е значително помала од приходите што Пјонгјанг ги генерира од хакирањето, таа е постојан извор на пари што ѝ помогна на Северна Кореја да ги подобри своите нуклеарни капацитети. Јужна Кореја проценува дека нуклеарниот арсенал на Северна Кореја денес би можел да брои дури 120 боеви глави.Тагови: милијарди Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter