На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

17 август 2025 .

На денешен ден

986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпел пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжил со нови освојувања се до 991 година.

1593.- Турскиот султан Мурат Втори и објавил војна на Австрија која траела 14 години.

1878.- Во селото Ново Село, Штипско, е роден Славјеко Арсов, македонски револуционер и војвода во Битолскиот револуционерен округ, бил соработник на Гоце Делчев и учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како и во Илинденското востание од 1903 година. На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, во борба против турската војска загинал на 22 јуни 1904 година.

1902.- Во Прилеп е роден Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Во октомври 1990 година бил рехабилитиран.

1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојувале голема победа над турската војска и го десеткувале турскиот гарнизон. Својот бес по поразот непријателот го истурил врз Арменско. Селото било опожарено, а околу 130 жени, деца и старци биле убиени и масакрирани.

1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загинал Славчо Стојменски, народен херој. Роден бил во Штип, на 16 октомври 1921 година.1943.- Роден е американскиот филмски актер Роберт Де Ниро, една од најголемите светски филмски ѕвезди од крајот на 20 век, добитник на Оскар за улогите во филмовите „Кум II“ и „Разбеснетиот бик“. Тој играше и во филмовите „Беше еднаш во Америка“, „Ловец на елени“, „Њујорк, Њујорк“ и други.

1976.- Во земјотрес на филипинскиот остров Минданао загинале околу 8.000 луѓе.

1987.- Германскиот воен злосторник Рудолф Хес, заменик на Адолф Хитлер, бил пронајден мртов откако се обесил со помош на електричен кабел во ќелијата во затворот „Шпандау“.

1993.- Во Санта Моника, Калифорнија, умрел Стјуарт Гренџер, англиски театарски и филмски актер, јунак во десетина авантуристички и романтични филмови, како што се „Скарамуш“, „Последното Сафари“, „Рудникот на кралот Соломон“ и други. Роден бил во Лондон, на 6 мај 1913 година.

1994.- Во Охрид почнал Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури '94“.

1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излегол првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.

1999.- Во најтешката природна катастрофа во историјата на Турција, во земјотрес со епицентар кај градот Измир, на 150 километри западно од Истанбул, загинале повеќе од 30.000 луѓе.

2015.- На 78-годишна возраст во Загреб починал легендарниот хрватски пејач Арсен Дедиќ. Бил примен поради сепса на интензивна нега на Клиника во Загреб по нагласените компликации од вградувањето ендопротеза на колкот. Ќе остане запаметен по големиот број чудесни лирски шлагери со оригинална текстовна матрица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. 

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии.

,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска.

,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас

По трагичната смрт на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина по судир со голманот на Андора, беа објавени првите официјални резултати од обдукцијата. 

Обдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас

Според судските експерти, 30-годишниот фудбалер починал од фатални повреди на градите.

Потсетете се дека тој беше убиен во сударот на натпреварот во втората шпанска лига. Во борба за топката, голманот на Андора, Хесус Овоно, случајно, но силно го удрил во градите со коленото. Де Мигел останал неподвижен на тревата, добил итна медицинска помош на теренот, по што бил префрлен во болница, каде што починал еден ден подоцна.

Резултатите од обдукцијата веќе се доставени до истражниот суд во Санта Круз, Тенерифе. Во исто време, шпанската полиција ја продолжува истрагата не само за околностите на самиот судир, туку и за брзината на медицинската интервенција на теренот, како и за постапката за време на транспортот до болницата.

Како што објавија шпанските медиуми, посебно внимание се посветува на недостатоците во грижата за играчот. Според извештаите, поминале повеќе од шест минути од моментот кога медицинскиот тим пристигнал на теренот до моментот кога играчот бил ставен на носилка.

Вистинскиот транспорт на повредениот играч до амбулантното возило е исто така под лупа, бидејќи наводно тие трчале со носилката, што можело дополнително да го загрози неговото здравје. Дополнително, властите истражуваат дали несреќниот напаѓач примил кислород за време на процесот на реанимација на тревата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат ја призна грешката- го враќа Пунто и подготвува автомобил за „обични луѓе“

Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Punto се враќа на пазарот.

Фиат ја призна грешката- го враќа Пунто и подготвува автомобил за „обични луѓе“

Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Пунто се враќа на пазарот, со што италијанската фабрика ќе се обиде да исправи историска грешка и да го врати европскиот пазар за прифатливи градски автомобили.

Во интервју за француските медиуми, првиот човек на компанијата отворено призна дека прекинот на овој модел во 2018 година остави огромен празен простор за конкурентите.

Според него, напуштањето на сегментот Б доведе до тоа моделот Renault Clio апсолутно да доминира со години и да презема голем број купувачи без никаков отпор, особено по прекинот на моделот Ford Fiesta и недостатокот на сериозно освежување за Volkswagen Polo.

Колку Италијанците ги чинеше напуштањето на класичниот хечбек најдобро покажуваат резултатите од продажбата од 2025 година. Листата на десетте најпродавани автомобили во Италија вклучува дури четири модели од оваа класа, при што Dacia Sandero, Citroen C3, Toyota Yaris и претходно споменатиот Renault Clio го земаат лавовскиот дел од колачот, додека Фиат немаше ниту еден претставник во својата некогаш неоспорена категорија.

Златното доба кога Punto се продаваше во стотици илјади примероци годишно останува убав спомен за домашните возачи, кои масовно ги купуваа верзиите произведени во Крагуевац поради нивната сигурност и евтино одржување.

Белони нагласува дека наследникот нема да игра на картата на ретро носталгија, туку ќе им понуди на клиентите остар и модерен дизајн по исклучително прифатлива цена.

Новиот хечбек ќе се продава паралелно со неодамна претставениот кросовер Grande Panda, нудејќи им на возачите по традиционална, пониска и поаеродинамична алтернатива.

Иако целиот проект сè уште не добил конечно индустриско одобрение во рамките на чадор-групата „Стелантис“, јасниот план на новиот директор потврдува дека брендот од Торино конечно се враќа на производство на возила што работничката класа всушност може да си ги дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер