На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

14 јуни 2025.

На денешен ден

- Ден на знамето на САД

- Светски ден на крводарителството

1645.- Во граѓанската војна во Англија силите на парламентаристите, под водство на Оливер Кромвел и Томас Ферфакс, кај Нејзби ја поразиле војската на монархистите, лојални на кралот Чарлс Први, која била предводена од принцот Руперт од Палатинејт. Кралот бил заробен, а револуционерниот суд го осудил на смрт и го погубил во 1649.

1777.- Конгресот на САД го прифатил знамето „ѕвезда и пруга“ како официјално државно знаме.

1798.- Роден е чешкиот историчар и политичар Франтишек Палацки, водач на чешката преродба во 19 век. Како лидер на Федералистичката партија се залагал за австрославизам, за федеративно преуредување на Австрија. Бил организатор и претседател на Сесловенскиот конгрес во 1848 годна, еден од основачите на „Матицата на Чешка“, секретар на Научното друштво, покренувач и уредник на списанието „Чешки музеј“. Дела: „Историја на чешкиот народ“, „Почетоци на чешката поезија“.

1800.- Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победил австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освоил Италија.

1811.- Во Личфилд е родена Хариет Елизабет Бичер Стоу, американска писателка, неуморен борец за ослободување на робовите и за правата на жените. Автор е на познатиот роман „Колибата на чичко Том“, дело кое придонесло за укинувањето на ропството во САД. Умрела во 1896 година.

1904.- Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се „Пејанија“ и „Трендафилчиња“. Како новинар основал и уредувал повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело „Змај“ и списанието за деца "Невен". Роден бил во Нови Сад, на 6 декември 1833 година.

1924.- Роден е рускиот писател Владимир Алексеевич Солоухин. Дела: збирка песни „Како да се испие сонцето“, „Човекот со цвеќе во раце“, „Да се живее на земја“, „Аргумент“, „Лирика“, „Сонетен венец“, прозите „Владимирски патеки“, „Капка роса“, „Писма од Рускиот музеј“, „Време за собирање камења“, „Мед на леб“.

1928.- Роден е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, кој прераснал во симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот, особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година, а потоа отишол во Гватемала, па во Мексико, каде го запознал Фидел Кастро, со чија експедиција во 1956 година се истоварил на Куба. По победата на револуцијата во 1959 година, во 1961 година станал министер за стопанство, а Куба ја напуштил во 1965 година со намера во Боливија, каде бил убиен во 1967 година, да поведе востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашните олигарси.

1933.- Роден е американскиот писател од полско потекло Јузеф Новак, познат како Јежи Косински. Дела: „Обоена птица“, романите „Чекори“, „Присутност“, „Пилотска кабина“, „Ѓаволско дрво“.

1934.- Во пазувите на Рила Планина, во месноста Динков Дол, во атарот на селото Белица, Разлошко, Пиринска Македонија, бугарските врховисти го убиле Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на ВМРО (обединета) за Пиринска Македонија. Роден бил во Солун, на 6 ноември 1898 година.

1941.- Председателот на САД Френклин Розвелт наредил во Втората светска војна да се замрзне сиот имот на Германија и Италија во САД.

1946.- Умрел шкотскиот пронаоѓач Џон Логи Берд. Во 1923 година го извел првиот пренос на ТВ-слика како црно-бела силуета, а во 1925 година како слика со полутонови. Во 1927 година го конструирал уредот за ноќно набљудување со помош на инфрацрвени зраци, а во 1928 година го извел првиот прекуокеански ТВ-пренос меѓу Лондон и Хортсдељ во САД и прв ја конструирал и прикажал ТВ-програмата во боја.

1946.- Роден е Доналд Трамп, американски политичар, стопанственик, јавна личност и 45-ти претседател на САД. Трамп е роден и израснал во подрачјето Квинс во Њу Јорк каде што станал дипломиран економист на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп. Победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон. На полни 70 години, Трамп ќе стане најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој, исто така, е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

1948.- Почнала дотогаш најголемата офанзива на грчката владина војска против ДАГ во северен Пинд-Грамос. Во битката на Грамос, се извршени најголемите херојски подвизи на борците на ДАГ и се запишани најсветлите станици на македонскиот и на грчкиот народ за слобода и независност. Оваа офанзива зазема посебно место во ослободителните борби на македонскиот народ, затоа што таа главно се водеше на македонска почва и во неа на страната на ДАГ се бореле многу Македонци.

1962.- Во Париз била основана Европската организација за истражување на вселената.

1968.- Умрел италијанскиот писател Салваторе Квазимодо, добитник на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Дела: збирка песни „Вода и земја“, „Да дадеш и да имаш“, „Мирисот на евкалиптусот“, „А вечерта е тука“, „Животот не е сон“, „Потопена обоа“, „Вистинско и лажно зелено“, есејот „Поет и политичар“.

1986.- Во Женева умрел Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележал латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се "Универзална историја на бесчестието", "Фантазии", "Алеф", "Извештај за Броди" и "Девет есеи за Данте". Роден бил во Буенос Аирес, на 24 август 1899 година.

1990.- Во романската престолнина Букурешт околу 10.000 рудари, по наговор на власта, како што тврдела опозицијата, ја растуриле шаторската населба на студентите кои демонстрирале во центарот на градот и ги демолирале редакциите на одделни весници и седиштата на опозиционите партии.

1993.- Тансу Чилер станала прва жена премиер во историјата на Турција.

1994.- Во Лос Анџелес умрел Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден бил во Кливленд, на 16 април 1924 година.

1996.- Во Скопје бил отворен Британскиот информативен центар.

2005.- Австрискиот претседател Хајнц Фишер го потпишал документот на австрискиот парламент со кој и формално бил ратификуван Уставот на ЕУ.

2007.- Умрел Курт Валдхајм, генерален секретар на Обединетите нации од 1971 до 1981 година и претседател на Австрија од 1986 до 1992 година. Од 1968 до 1970 година бил шеф на австриската дипломатија, а од 1982 до 1984 година професор на американскиот Џорџтаун универзитет во Вашингтон.

2016.- На 77-годишна возраст починал Мичу Месарош, актерот што ја толкувал улогата на вонземјанецот Алф во истоимената популарна ТВ серија од 80-тите. Актерот висок само 84 сантиметри го носел костимот на вонземјанецот Алф, но во серијата, гласот на познатиот лик му го позајмувал актерот Пол Фуско. Серијата имала четири сезони. Актерот Михаил „Мичу“ Месарош бил роден во Унгарија. Во 1973 година се приклучил на циркуската трупа на „Ringling Bros and Barnum & Bailey“. Учествувал и во сериите „Dear John“ и „H.R. Pufnstuf“, како и со мали улоги во филмовите „Look who`s talking“ и „Big Top Pee-wee“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија

Древните списи на Нострадамус повторно привлекуваат внимание поради различните толкувања што ги поврзуваат со годината 2027.

Нострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија

Според некои анализи на мистериозните стихови, претстојната година наводно би можела да донесе финансиски превирања, разорни пожари и превирања во различни делови од светот, објавува Дејли Меил.

Толкувања на мистериозните стихови

Францускиот астролог и лекар напишал книга наречена „Les Prophéties“, првпат објавена во 1555 година, која содржи стихови со неговите „предвидувања“. Позната е и како „Centuries“ (векови), поделена на десет дела, обележани со римски броеви од I до X.

Следбениците на Нострадамус веруваат дека некои од овие предвидувања се „невообичаено точни“.

Најновите толкувања укажуваат на наводно можни закани за природната средина, но и за системите од кои зависи секојдневниот живот на луѓето.

Меѓу криптичните стихови на Нострадамус кои се поврзани со годината 2027 се описи на „оган што се шири низ хоризонтот“, предупредувања за „акумулација на долгови“ и можност за „разорно финансиско пресметување“, како и приказна за „наоѓање богатство“.

Сепак, важно е да се напомене дека Нострадамус не ја споменал експлицитно 2027 година во овие списи. Нивната поврзаност со претстојната година е резултат на современи толкувања, а не на прецизните датуми што ги оставил астрологот зад себе.

Овие толкувања се презентирани во анализа објавена од Sky History, која разгледуваше дали стиховите (четиристишја) на Нострадамус би можеле да се поврзат со настани во претстојната година.

Неговите следбеници му припишуваат „предвидувања“ за бројни историски настани, вклучувајќи го Големиот пожар во Лондон, Француската револуција и атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Сепак, таквите врски се последователни толкувања на неговиот често двосмислен јазик, а не доказ дека тој всушност точно ги предвидел овие настани.

„Небесен оган од Запад“

Зошто одредени стихови се поврзани со годината 2027? Една теорија се базира на начинот на кој се нумерирани делата на Нострадамус.

Според некои извештаи, 27-те стихови од различни збирки (Вековите) би можеле да содржат навестувања за настани во годината што завршува со истиот број - 2027. Самото нумерирање, сепак, не е доказ дека стиховите се однесуваат на одредена година.

Меѓу највознемирувачките толкувања е стихот што опишува „оган што се шири низ огромна површина“.

Еден превод на делата на Нострадамус вели: „Небесен оган од запад / И од југ, што се шири кон исток“. Стихот продолжува со слика на „црви полумртви, кои не можат ни да го најдат коренот“.

Sky History ја поврзува оваа мрачна слика со можни „разорни шумски пожари“. Од особено значење е описот на животот уништен под површината на земјата, што во современото толкување е поврзано со последиците од пожарите што одат подалеку од она што е видливо на површината.

Сепак, самиот текст не споменува ниедна модерна земја, ниту пак прецизира кога би можела да се случи таква катастрофа.

Затоа, овој стих е претставен како можен навестување за „уништување на цели пејзажи“ и „природни услови неопходни за опстанок на живите суштества“, но таквото толкување не може да се потврди.

„Зголемен број копии од злато и сребро“

Друго толкување се однесува на парите и можноста за „финансиска криза предизвикана од акумулирани долгови“.

Еден од стиховите на Нострадамус, преведен како „зголемени копии од злато и сребро“, е протолкуван како предупредување за „финансиски превирања“. Во истиот контекст се споменуваат „растечки долгови“ и „уништување на финансиски документи“.

Овие слики поттикнаа шпекулации за можен „економски колапс“, но нивното значење зависи од тоа како се преведува и толкува вековниот текст.

Интересно е што овој стих за „злато и сребро“ не припаѓа на 27-миот четворка, како некои други списи поврзани со 2027 година, туку на 28-миот четворка од осмиот „век“.

Трето толкување се однесува на „откритие“ кое, наместо голем триумф, може да заврши со „трагедија“.

Еден од стиховите опишува „богатство скриено недалеку од даб погоден од гром“, проследено со морничаво предупредување за судбината на лицето кое ќе го пронајде.

Еден превод гласи: „Под даб во Гвајана, погоден од гром, недалеку од него е скриено богатство“. Следново опишува „смртоносна повреда“, при која окото на една личност би било прободено од извор.

Овој стих е поврзан со потрагата по митско богатство на канадскиот Остров Оук. Според понатамошно толкување, стиховите на Нострадамус би можеле да алудираат на „смрт во времето на големо откритие“.

Сепак, ниту Островот Оук ниту годината 2027 не се експлицитно споменати во оригиналниот текст. Нивната поврзаност со овој стих, како и времето на наводниот настан, се базираат исклучиво на современи шпекулации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Соругот на Дуа Липа е избран за нов Џејмс Бонд, тврдат инсајдери

Експерти и унсајдери од филмската индустрија сѐ повеќе се убедени дека Калум Тарнер ја доби улогата на следниот Џејмс Бонд, за која се водеше голема борба.

Соругот на Дуа Липа е избран за нов Џејмс Бонд, тврдат инсајдери

Минатиот месец беше објавено дека долготрајниот процес на кастинг за улогата на агентот 007 е намален на три имиња: Џејкоб Елорди, ѕвезда во филмот „Slow Horses“ на Џек Лоуден и трет, неименуван актер, објави НМЕ.

Сега се известува дека Тарнер, кој неодамна глумеше во њујоршката романтична комедија „Само една ноќ“, се појави во студиото Бреј во Беркшир во петокот (30 октомври) на пробно снимање. Се претпоставува дека тест-снимките за улогата 007 се одржале во текот на викендот, со меѓу три и пет актери поканети на аудиција.

Весникот „Сан“, исто така, истакна дека Тарнер се повлече од функцијата директор на продуцентската куќа „Твентитво филмс Лтд“, која ја основа минатата година со неговата сопруга Дуа Липа. Ова може да се протолкува како знак дека тој ги расчистува своите обврски пред големиот скок во кариерата со улогата на Бонд. Агентот во заминување 007, Даниел Крег, беше Бонд со најдолг стаж во историјата на франшизата, поминувајќи цели 15 години во улогата.

Извор изјави за весникот: „Калум ги прави сите правилни потези за да стане следниот Џејмс Бонд. Улогата одзема време и посветеноста на неа е главен приоритет на продуцентите“.

Во декември минатата година, Тарнер се појави како фаворит на обложувалниците за престижната улога; букмејкерот Coral ги стави неговите шанси да го наследи Крег на 7 спрема 4, ставајќи го пред оние како Арон Тејлор-Џонсон и Хенри Кавил.

Официјалната потрага по нов агент 007 започна во мај оваа година, а оттогаш многу актери се споменуваат како наследници на Даниел Крег, кој ја напушти улогата во 2021 година со филмот „No Time To Die“.

Ејми Паскал, која е продуцент на новиот филм за Џејмс Бонд за Амазон, рече дека новиот 007 ќе биде избран до крајот на 2026 година.

"Ние сме навистина неверојатно методични. Мислам, Даниел Крег е тешко да се успее. И тоа мора да биде нешто сосема ново - нешто што го загрева срцето и возбудливо и различно", додаде таа.

Том Холанд, наводно, не може да се пријави за улогата поради неговиот договор со Марвел, додека Тарон Еџертон се откажа од играње. Тарнер претходно избегнуваше новинарски прашања на црвениот тепих за неговата вклученост во проектот, а исто така и Елорди. Во меѓувреме, Гери Олдман тврдеше дека новиот Џејмс Бонд веќе добил улога, поддржувајќи ја неговата колешка од Slow Horses, Лоуден.

Исто така, беше објавено дека челниците на франшизата размислуваат за актерот од House of the Dragon, Јуан Мичел, за улогата на негативецот во следниот филм.

Следниот филм од оваа долгогодишна шпионска франшиза ќе го режира Денис Вилнев, според сценариото на креаторот на Пики Блајндерс, Стивен Најт. Тоа ќе биде првиот филм за Џејмс Бонд откако Amazon ја купи франшизата во февруари 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе ја наследи Кристин Лагард- главни во трката се Шпанец и Холанѓанец

Земјите од еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидати за наследник на Кристин Лагард на функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ).

Кој ќе ја наследи Кристин Лагард- главни во трката се Шпанец и Холанѓанец

Земјите од еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидати за наследник на Кристин Лагард на функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), додека се очекува министрите за финансии да ги разгледаат номинациите на состанокот на 9 ноември, изјави портпаролот на Еврогрупата за „Еуроњуз“.

Откако Лагард испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, минатиот четврток, „Советот на ЕУ ја започна постапката за назначување наследник на претседателот на ЕЦБ“, рече портпаролот.

„Членовите на Извршниот одбор на ЕЦБ ги назначува Европскиот совет, кој донесува одлука врз основа на препорака од Советот на ЕУ за кандидатот“, објасни тој, осврнувајќи се на лидерите на ЕУ и министрите од земјите-членки.

Само земјите што го користат еврото гласаат за препораката, поради што овие назначувања се дискутираат однапред во рамките на Еврогрупата.

Претседателот на Еврогрупата, грчкиот министер за финансии Киријакос Пјеракакис, „ги покани земјите-членки да ги достават своите номинации до петок, 6 ноември“, додаде портпаролот, истакнувајќи дека „Еврогрупата ќе ги разгледа номинациите добиени на состанокот на 9 ноември“.

Кандидатот ќе треба да биде поддржан од најмалку 16 од 21 земја од еврозоната, кои заедно претставуваат најмалку 65 проценти од населението на блокот.

Конечната одлука потоа ја донесуваат лидерите на ЕУ, откако Европскиот парламент и Управниот совет на ЕЦБ ќе го дадат своето мислење.

Зошто Кристин Лагард ја напушта функцијата?

Кристин Лагард минатата недела објави дека ќе се повлече на 7 февруари 2027 година, скратувајќи го нејзиниот осумгодишен мандат за речиси девет месеци.

Зборувајќи со новинарите во Франкфурт подоцна истиот ден, таа објасни дека нејзиното заминување ќе ѝ даде поголема слобода да зборува за прашања надвор од монетарната политика.

„Не мислам дека можам да останам неутрална. Ме интересира вистината и гледам дека таа многу често е искривена и доведена во прашање со погрешно претставување на фактите“, рече Лагард.

Сепак, таа одби да одговори на прашањето дали би поддржала некој од кандидатите на француските претседателски избори во април 2027 година.

Како што објави „Еуроњуз“ од февруари, во текот на целата година се ширеа шпекулации дека времето на нејзиното заминување е поврзано со претстојните француски избори. Предвременото повлекување им овозможува на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Фридрих Мерц да влијаат врз изборот на нејзиниот наследник, во време кога крајната десница добива силна поддршка пред априлското гласање.

Лагард вети „целосен континуитет во работењето“, опишувајќи ја ЕЦБ како „стабилна и силна како карпа“.

Истиот ден, централната банка ја задржа својата депозитна каматна стапка на 2,5%. Лагард ќе претседава со уште два состаноци на кои ќе се одлучува за каматните стапки, во декември и февруари.

Кои се главните кандидати?

Две имиња моментално ја водат трката за највисоката позиција во ЕЦБ, а нивните кандидатури беа јавно поддржани од нивните влади во септември, неколку недели пред Лагард да го објави своето заминување.

Еден од нив е Пабло Ернандез де Кос, генерален директор на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), честопати наречена „централна банка на централните банки“. Претходно беше гувернер на Банката на Шпанија од 2018 до 2024 година.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја поддржа неговата кандидатура во интервју за Блумберг на 23 септември, што е прв пат Шпанија да номинира кандидат за претседател на ЕЦБ. Невообичаено, лидерот на шпанската опозиција Алберто Нуњез Фехо, исто така, го поддржа Де Кос во октомври, пред предвремените избори овој месец.

Другиот главен кандидат е Клас Кнот, кој ја предводеше холандската централна банка 14 години до 2025 година. Еден ден откако Санчез го поддржа Де Кос, холандскиот премиер Роб Јетен изјави за Блумберг дека Кнот би бил „идеален избор“ за многу земји.

Прогнозите на пазарите, исто така, сугерираат дека трката се сведува на двајца кандидати.

Од вторник наутро, учесниците на платформата Калши му дадоа на Де Кос 34 проценти шанси да ја добие работата, а на Кнот 31 процент. На платформата Полимаркет, разликата беше поголема - 41 процент наспроти 30 проценти во корист на шпанскиот кандидат.

На третото место на обете платформи се најде поранешниот гувернер на Банката на Франција, Франсоа Вилерој де Гало, кој ја напушти функцијата во февруари. Неговите шанси беа проценети на 5 проценти за Калши и 13 проценти за Полимаркет, иако само неколку илјади долари беа инвестирани на секој од тие пазари.

Претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, исто така беше споменат во трката, иако ниту еден Германец никогаш не ја предводел Европската централна банка.

Изборот на претседателот е само дел од поширока реконструкција на персоналот

Изборот на нов претседател на ЕЦБ е само еден дел од преговорите за идниот состав на раководството на институцијата.

Германската членка на Извршниот одбор, Изабел Шнабел, задолжена за пазарните операции на ЕЦБ, треба да се пресели во Меѓународниот монетарен фонд на 3 јануари, додека мандатот на ирскиот главен економист Филип Лејн истекува на крајот на мај следната година.

Германската членка на Извршниот одбор, Изабел Шнабел, задолжена за пазарните операции на ЕЦБ, треба да се пресели во Меѓународниот монетарен фонд на 3 јануари, додека мандатот на ирскиот главен економист Филип Лејн истекува на крајот на мај следната година.

Со оглед на тоа што половина од шестчлениот Извршен одбор ќе се промени за само пет месеци, се очекува земјите-членки да преговараат за сите три позиции како единствен пакет.

Се очекува Франција да се насочи кон позицијата главен економист, наместо повторно да се обиде да обезбеди трет претседател на ЕЦБ од своите редови. Мадрид, од друга страна, е заинтересиран да го врати своето место во Извршниот одбор откако ја загуби својата позиција на потпретседател претходно оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер