ЖивотНа денешен ден14 мај 2025.1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот монарх од династијата Бурбон, во Париз бил убиен од еден католички верски фанатик. На престолот го наследил деветгодишниот Луј Тринаесетти, со мајката кралица Марија Медичи, како регент. Традиционално се смета за најголемиот владетел во историјата на Франција – под името „Добриот Анри“. 1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потрошил обидувајќи се да оствари проекти во социјалните реформи. Дела: „Нов поглед на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“. 1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно вакцинирал осумгодишно дете против големи сипаници, поставувајќи ги тогаш темелите на модерната имунологија. 1811.- Република Парагвај добила независност. Била шпанска колонија од 1537 година. 1990.- Во Париз биле отворени вторите модерни Олимписки игри, на кои за првпат на жените им било дозволено да учествуваат. 1912.- Умрел шведскиот писател Јохан Аугуст Стринберг, најконтроверзната личност во шведската книжевност. Бил истовремено натуралистички психолог и фолклорист, историчар и мистик. Дела: „Мајсторот Улуф“, „Татко“, „Госпоѓицата Јулија“, „Танц на смртта“, „Ново царство“... 1912.- Американскиот судија Флоренс Алан станала првата жена која на смрт осудила маж, убиецот Френ Мото, кој бил погубен три месеци подоцна. 1940.- Германците го бомбардирале Ротердам. Притоа загинале околу илјада луѓе. 1948.- Осум часа пред завршувањето на британскиот мандат во Палестина, Израел бил прогласен за држава со претседателот Хајм Вајцман и шефот на владата Давид Бен Гурион, на што следниот ден арапските земји одговориле со инвазија на еврејската држава. 1963.- Државата Кувајт станала член на ООН. 1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов ја отвори Асуанската брана во Египет, која ја изградија советски стручњаци. 1972.- На Јапонија и бил вратен островот Окинава кој бил 27 години под окупација на САД, но значителен дел од островот останал под контрола на американската војска. 1973.- Лансирана била првата американска вселенска лабораторија „Скајлаб I“. 1998.- Во Лос Анџелес умрел Френк Синатра, легендарен американски пејач и актер. Роден бил во Хобикин, Њу Џерси, на 12 декември 1915 година. 2002.- Шефовите на дипломатиите на НАТО и на Русија потпишале договор за формирање на Советoт НАТО-Русија заради соработка во борбата против тероризмот и спречување на ширење на оружјето за масовно уништување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЈужна Кореја планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја се подготвува за голем технолошки скок, планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја денес претстави амбициозна технолошка стратегија заснована на седум клучни проекти, кои опфаќаат области од нуклеарна енергија и квантно пресметување до истражување на вселената и биотехнологија. Преку оваа иницијатива, земјата има за цел да обезбеди нови извори на економски раст што ги надминуваат полупроводниците и вештачката интелигенција, пренесува Ројтерс. Иницијативата, наречена „Seven Major SEED“, беше објавена на состанок во „Сината куќа“ (претседателската резиденција), предводен од претседателот Ли Џае-мјунг. Планот опфаќа неколку главни цели: комерцијална употреба на домашно произведени мали модуларни реактори до 2035 година, слетување на Месечината до 2030 година, развој на домашен квантен компјутер со капацитет од 100 кјубити до 2029 година и комерцијализација на технологијата за интерфејс мозок-компјутер до 2035 година. Министерот за наука Бае Кјунг-хун објасни дека седумте проекти опфаќаат мали модуларни реактори, енергија од фузија, обновливи извори на енергија од следната генерација, квантна технологија, вселенскиот и воздухопловниот сектор, напредна биотехнологија, како и синџири на снабдување со клучни минерали и материјали. Новите технологии како стратешки приоритет Стратегијата беше претставена во време кога Јужна Кореја се подготвува за побавен долгорочен економски раст и засилена глобална конкуренција во развојот на нови технологии. Владите ширум светот сè повеќе ги сметаат овие технологии за клучни, не само за економската конкурентност, туку и за националната безбедност. „Ќе помогнеме во развојот на овие проекти и во изградбата на Јужна Кореја со која никој нема да може да се натпреварува за десет или дваесет години“, изјави министерот за наука Бае Кјунг-хун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 32 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило. Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 302 прекршоци за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, осум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасиштаЈавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието. Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен. Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата. Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен. Конкретна работа. Конкретни резултати. Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасиштаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook