3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ЖивотНа денешен ден11 мај 2025.330.- Константинопол (сегашен Истанбул) станал нова престолнина на Римското царство. Градот бил наречен Константинопол според името на царот Константин Први Велики. 1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски, хрватски композитор. Во своите дела се инспирира од музичкиот фолклор на балканските народи. Најпознати дела од неговиот богат музички опус се „Песна на мојата мајка“, „Словенска соната“, „Симфонија на Ориентот“ и други. Умрел во Белград, на 30 ноември 1955 година. 1904.- Во Фигерас бил роден Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Цртежите му биле изведени до перфекција и секогаш во простор во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се вратил во Шпанија и работел комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет. Умре во Фигерас, на 22 јануари 1989 година. 1929.- Во скопското село Кожле, роден е Гане Тодоровски — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност — XIX век на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 1951 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврата (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971). Член е на МАНУ од 1997 година. Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010. Од неговото обемно поетско и научно и публицистичко дело се издвојуваат: „Спокоен чекор“, „Апотеоза на делникот“, „Претходниците на Мисирков“, “Снеубавен ден“, „Трактати за сонцељубивите“, „Скопјани“, „Подалеку од занесот, поблизу до болот“, „Со збор кон зборот“, „Неволици, неверици, несоници“, „И орач и воин“, „Книга за Венко Марковски“ и други. За своето творештво бил носител на врни македонски општествени и книжевни награди: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“ (награда), „Кирил Пејчинович“ и други. 1931.- Банкротот на „Кредит-Аншталт“, најголемата австриска банка, го означил почетокот на финансискиот колапс во централна Европа. 1946.- Во Милано со концертот на кој диригирал Артуро Тосканини, повторно била отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа можело да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапувале славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали-Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана. 1949.- Израел бил примен во Обединетите нации. 1973.- Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврдил спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа бил заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава. 1974.- Во земјотресот што го зафатил јужниот дел на НР Кина загинале околу 20.000, а биле повредени околу 30.000 луѓе. 1981.- Починал Боб Марли, јамајкански пејач-текстописец и музичар. Остана познат и почитуван изведувач на реге музиката и бил заслужен за помагање во ширењето на јамајканската музика ширум светот. Најголеми хитови на Марли се: „I Shot the Sheriff“, „No Woman, No Cry“, „Could You Be Loved“, „Stir It Up“, „Jamming“, „Redemption Song“, „One Love“ и, заедно со The Wailers, „Three Little Birds“, како и постхумно објавените „Buffalo Soldier“ и „Iron Lion Zion“. Албумот Legend (1984), објавен три години по неговата смрт, бил најдобро продаван реге албум кој достигна 10-кратен платински (дијамантски) тираж во САД и продажба над 20 милиони копии ширум светот. 1996.- Американскиот патнички авион ДЦ-9 се урнал во мочуриштето Еверглејдс на Флорида набрзо по полетувањето од аеродромот во Мајами. Несреќата не ја преживеа ниту еден од 110 патници и членови на екипажот. 2002.- Во Прилеп била промовирана Фондацијата на македонски јазик „Небрегово“. Целта на Фондацијата е да ја запознава македонската јавност со големото книжевно наследство на македонскиот писател и академик Блаже Конески. 2003.- Починал Кирил Ќортошев - македонски филмски, театарски и телевизиски актер и режисер. Ќортошев е роден во 1923 година во Ќустендил, Бугарија. Од октомври 1945 година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од артистичката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата „13 Ноември“ што ја доделува градот Скопје. Потоа следувале награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Тате во претставата Макавејските празници и Награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“,1996. Ќортошев ќе остане запаметен по низа театарски креации, подеднакво добар во широк дијапазон на улоги - од комедии до трагедии, но и како режисер на повеќе театарски претстави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Муцунски чита некој друг извештајМуцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита? Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување. Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада. Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост. Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“. Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање. Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо. Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока. Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители. Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните. Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагетиВо петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 морков 1 главица кромид 400 мл. доматно пире 400 гр. мелено месо 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло половина чаша црвено вино 100 гр. пармезан сол, бибер и босилок Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканОдреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилствоСудијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста. Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена. Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците. Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook