3Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ЖивотНа денешен ден30 април 2025311.- Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го признал христијанството во Римското царство. 1563.- Кралот Шарл Деветти ги протерал Евреите од Франција. 1789.- Џорџ Вашингтон положил заклетва како прв претседател на САД. 1803.- САД од Наполеон Бонабарта, тогаш „доживотен конзул“ на Франција, кој бил во финансиска криза, ја купиле Луизијана. Истиот ден во 1812 година, Луизијана станала 18-та сојузна држава во САД. Луизијана опфаќала територија од повеќе сегашни сојузни држави во САД. 1870.- Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“ и други. 1883.- Роден е чешкиот писател Јарослав Хашек кој светската слава ја стекна со недовршениот хумористичко-сатиричен роман „Доживувањата на добриот војник Швејк во светската војна“, во кој ги исмејува општите прилики во Австроунгарија како и бесмисленоста, бруталноста и лудилото на војната. Швејк е лик на човек од народот под чија маска се кријат бројни видови народни мудрости. 1883.- Умрел францускиот сликар Едуар Мане. Делата му се изработени во масло, а меѓу најпознатите се портретите на Емил Зора, Жорж Клеменсо, Стефан Маларме и Марсел Пруст. Останати дела: „Појадок на трева“, „Бал во Фоли-Бержер“, „Балкон“, „Олимпија“. 1893.- Роден е германскиот дипломат Јоаким фон Рибентроп, долгогодишен министер за надворешни работи на Хитлерова Германија. Меѓународниот суд во Нирнбег го осудил на смрт поради сторени злосторства во Втората светска војна. Бил обесен во 1946 година. 1900.- Хаваи станале составен дел на САД. 1903.- Во Солун се самоубил Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водел неколкучасовна борба против османлиската војска. 1945.- Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушнал веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин. 1989.- Умрел италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос“, „За грст долари“, „Се викам Нико“, „Било еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“ и други. 1991.- Циклон во Бангладеш усмртил најмалку 125.000 луѓе. 1993.- На тениските терени во Хамбург првата ѕвезда на светскиот тенис Моника Селеш, тогаш југословенска државјанка, со нож била ранета од наводно пореметен навивач на германската тенисерка Штефи Граф. Напаѓачот останал неказнет, благодарение на скандалозната пресуда на германскиот суд. 1995.- Американскиот претседател Бил Клинтон наредил прекин на трговијата со Иран и ги забранил инвестициите во таа земја, обвинувајќи го Техеран дека го поддржува меѓународниот тероризам. 2000.- Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, Скопско, била пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство. 2004.- Естонија, Летонија, Литванија, Кипар, Малта, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Чешка станале полноправни членки на ЕУ, со што тогаш бројот на земјите-членки се зголемил на 25, а ЕУ со 450 милиони жители станала најголем заеднички пазар во светот. 2006.- Умрел Џон Галбрајт, либерален економист и писател, професор по економија на универзитетот „Харвард“. Џон Галбрајт бил амбасадор на САД во Индија во времето кога претседател на САД бил Џон Кенеди. Еден од синовите на Глабрајт, Питер, бил американски амбасадор во Хрватска од 1993 до 1998 година. 2007.- Во кинескиот град Чангѕоу, во провинцијата Џинјангцу, свечено бил отворен за верниците најголемиот будистички храм во светот Тјанинг, кој е симбол на сеопштиот просперитет на Кина, како и на повторното оживување на традиционалниот будизам во таа земја. На церемонијата на отворањето на храмот присуствувале 108 поглавари на различни будистички асоцијации и храмови од целиот свет. 2013.- Холандскиот престолонаследник Виљем Александер (46) и официјално бил прогласен за крал, откако положил заклетва. Претходно неговата мајка кралицата Беатрикс (75) абдицирала во негова корист. Со свечениот чин Виљем Алексадер не станал само монарх на Холандија, туку и на Холандските Кариби. 2015.- На 76-годишна возраст умрел познатиот соул пејач Бен Е. Кинг. Пејачот, кој живеел во Њу Џерси, се прославил со песната Stand by me, која во 1961 година стана светски хит.Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“.Тој предупреди дека оние што веруваат оти можат да го видат крајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, „ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“ доколку не го сменат правецот. „Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето што ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“. Администрацијата на Трамп претходно изјави дека нејзината цел е „да ја промени комунистичката влада на Куба“. „За жал, меѓу луѓето што продолжуваат да извикуваат револуционерни пароли, премногумина сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација без притоа да направат какви било промени или да преземат некаква акција. Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин доколку не се поправат“, изјави Рубио. Претходно оваа година, САД воведоа ембарго на нафтата кон Хавана, вршејќи дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон. За време на викендот, Трамп изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и оти не смета дека ќе биде потребна воена интервенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
СветАмериканските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две деценииАмериканските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна. Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава. Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“. Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09